ВМРО оние нашите не врховистите (ревитализирани од едно сосема трето ВМРО) на кои дркате, се социјалисти, подоцна (што преживеало) се приклучило кон НОБ.
Ако не твојата зграда, повеќе пола држава ти е од време социјализам. Пост-социјализмот донесе големи загадувачи, невработеност, криминал и корупција и згради во дворот на твојата зграда.
Не сум Југоносталгичар туку објективно гледам на работите и разбирам зошто луѓето се Југоносталгичари, посебно оние родени пред и за време на втората светска војна. Носталгијата ќе постои бидејќи се случил цивилизациски квантен скок, ама тоа тешко да го разберат полуписмени (кога станува збор за историја, секако).
Премисата дека Југославија создаде премногу крв и злоба не е точна, тоа беа одредени ликови кои беа десно ориентирани, националисти и шовинисти кои немаат допирна точка со комунистичката идеологија. Кога се ловеле ваквите изроди ви пречи, кога не се ловени и после прават секакви злодела - Југославија е крива. Нешто не штима.
И доста за ВМРО и Македонија, ова како прво не е Македонија се погоре од јужната линија сте шопи.
едит; Ќе заборавев; исто ќе има мноштво носталгичари (посебно генерациите кои ги спомнав) бидејќи прв пат сме создале држава, прв пат македонски јазик, театар, културни друштва, образование, ансамбли, институти итн. Доста патриоти биле стариве, поминале низ две светски војни, јаделе сливи и дудинки еднаш неделно оти и толку имало пред за време на и некој период после војната и успеале да се изборат за Македонија и Македонците. Тоа е хардкор, не овие влегоа во собрание и киднаа со бугарските пасоши.