Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Член од
29 декември 2007
Мислења
556
Поени од реакции
1.282
Па и за денешнава држава може да се каже дека ствара премногу злоба (и нешто крв). Поподелено општество во многу димензији (етничка, политичка, социјална ) на таква малечка земја тешко да се најде веќе.
Гледам сега се почесто се потворено се зборува за распадот, кантонизација, поделба на Македонија.
Не можам да верувам дека ќе го кажам, ама во споредба со тоа, сега СФРЈ ми изгледа суперфункционално општество во споредба.
Тогаш бевеме последна дупка во фрула со 6 дупки, а сега сме последна дупка во свирало со огромен број на дупки.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.056
зарем тоа не е очигледно? Од кога е формирана Социјалистичка Македонија со свои институции, до денес, т.н. независна. Во едниот систем пето и десетолетки, помош за сиромашни. Во другиот, странски проекти и препораки за реформи и повторно помош од надвор.
Постојана помош, негативни оцени за реформи, критични проекти, десетолетки нарачани од "погоре", зарем тоа е функционална држава? Ај на страна константна помош и поткрепа од други. Кој сегмент од државата функционира нормално?
И за да користиш помош треба да знаеш како.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
И за да користиш помош треба да знаеш како.
па не беше тоа поентата, као што напиша претходно, сосем друго напиша. Па ете, зарем тоа не е точно, кога сме биле функционални како држава? Во која област сме подобри од претходниот систем за да го цениме овој систем. Здравство, образование, воена сила, безбедност, инфраструктура, екологија, индустрија, агроиндустрија, куповна моќ...? Или накратко што добивме од тоа што 80-90% од населението со 2 раце гласавме за отцепување од Југославија? Наркоманија на кило, криминал на тони, образование кое лута ваму таму, здравство со бараки и објекти од комунизмот, стапка на сиромаштија рекорд во Европа, поделени до крв Македонци на комуњари и вмрофци? Што поточно?
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
3.976
Поени од реакции
11.818
Лошите времиња прават силни луѓе.

Силните луѓе прават добри времиња.

Добрите времиња прават слаби луѓе.

Слабите луѓе прават лоши времиња.

Тоа е тој круг...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.056
па не ти беше тоа тврдењето. Ти друго напиша. Па те прашувам, зарем тоа не е точно? И во која област сме подобри од претходниот систем за јас или било кој да го цениме овој систем. Здравство, образование, воена сила, безбедност, инфраструктура, екологија, индустрија, агроиндустрија, куповна моќ...?
Со оглед на тоа дека кога претходниот систем се распадна сум имал 6 години глупаво е јас да зборам за тој систем. Има некој што е подобар сведок.

https://denesen.mk/ubavata-ziveachka-vo-vremeto-na-tito-obichen-mit/

ЈУГО УШТЕ НЕ ПОСТОИ

Просечната плата во СФРЈ во 1980 година изнесувала 6109 динари, што при официјална вредност на германската марка од 15,12 динари дава плата од околу 400 тогашни германски марки. Просечните расходи на четиричлено семејство изнесувале 8284 динари. Би било неразумно тие 400 германски марки едноставно да ги трансформираме во денешните 200 евра, па ќе се обидеме да видиме што можело да се купи со тие пари, во споредба со денешната просечна плата во Македонија од околу 340 евра. Кога сме кај примањата, минималната пензија во тоа време изнесувала 1700 динари, на која следувале разни додатоци, за да достигне 3300 динари или околу 220 тогашни германски марки. Под просечната плата примале дури 80 отсто од вработените, а најниско биле платени текстилците со просек од околу 4000 динари.



Најпродаван автомобил во таа година бил ‘застава 101’, а цената на моделот ‘комфорт’ во ноември 1980-та изнесувала 155.735 динари. Поинаку кажано, биле доволни околу 26 просечни плати за да се купи еден таков автомобил. Денес, со 26 просечни македонски плати може да се купи автомобил во вредност од околу 8800 евра што би одговарало на ново ‘пунто’ или ‘тојота ајго’. ‘Лада 160’ чинела 189.215 динари или за неа биле потребни 31,5 просечни плати, односно околу 12.000 тогашни германски марки, додека денеска за 31 просечна плата може да се купи автомобил од околу 10.500 евра (на пример, ‘рено клио сторија’). Ако инсистирате на ‘лада’, тогаш добро би ви дошла ‘лада седан’ при што би ви останале меѓу 2.800 и 2000 евра во зависност од моделот што сте го одбрале. Патем, за тие на кои им недостига популарното југо, во 1980 година постои само најава за негово производство како прв самостоен југословенски автомобил кој требало да започне да се произведува во декември 1980 година.

Меѓутоа, автомобилите не се единствена вредност која може да се споредува. Многу побитно е што, на пример, во таа година, според Заводот за статистика работа барале 117.000 лица од 1,9 милиони жители на СРМ. Но, стапката на невработеност и тогаш била прилично висока, некаде околу 23 отсто, што покажува дека и во ‘златното време’ кога дури и СКМ носеше одлуки дека секое претпријатие (односно ООЗТ) мора да покаже солидарност и да вработи луѓе од кои инаку нема преголема потреба (на пример, жени задолжени за варање кафе и сл.), Македонија имала проблеми од овој вид. При тоа, како што рековме, во 1980 година Југославија само се загреваше за кризата која допрва се засилуваше, за 12 години подоцна, 1992 година, во тогаш веќе самостојната Република Македонија да бидат евидентирани 190.000 невработени.

Разликата од 73.000 нови невработени главно беше создадена во претпоследната деценија од минатиот век, но не толку со отпуштања, колку со неспособност на веќе атрофираниот систем да ги апсорбира младите кои стасуваа во Заводот за вработување. Денеска РМ има околу 200.000 невработени со стапка од 22 отсто, со тоа што не треба да се заборави дека во 2004/5 стапката достигна фантастично 38 отсто, по што беа потребни десет години за да ја стигнеме невработеноста од 1980 година.

Интересно е што во 1980-та работеле 419.621 лице, наспроти денешните над 700.000 вработени.

ЕВТИНО, АМА НЕМА ДА СЕ КУПИ!

Цената на месото во 1980 година изнесувала 138 динари за кг јунешко без коска или околу 9 германски марки, а 126 динари за кг свинско. Поради реакциите од населението за скапотијата, СИС на Југославија, односно тогашната федерална влада, кон крајот на годината донела одлука за намалување на цените па, на пример, јунешкото е спуштено на 120 динари за кг., а пилешкото на 56 динари. Меѓутоа, по само неколку дена месарниците останеле без месо, бидејЌи кланиците едноставно не сакале да доставуваат по намалени цени. Така што, граѓаните можеле да уживаат во поефтиното месо, се разбира доколку најдат да го купат, појава која често беше присутна во СФРЈ. Поради ова, македонската влада, односно Извршниот Совет на Собранието на СРМ, донел одлука со која определил компензација за свинското месо од 10 динари и 5 динари за пилешкото, но тоа одвај ја поправило работата. Месото едноставно исчезнало. Инаку, денешната цена на овие меса е околу 300 денари за кг, па наспроти 50-те кг месечно кои пред 30 години можеле да се купат за просечна плата (поточно кажано не можеле да се купат бидејЌи месо снемало), денес би добиле некаде околу 70 кг.



За разлика од останатите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 е најавена ‘стабилизација во снабдувањето’ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веЌе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие кои имаа познати меѓу продавачите кои пред отворање на продавницата им ставаа на страна уште по некој литар.

Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ, сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година донесена е одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејЌи автомобилите им биле ‘основно средство за работа’, нешто како машините за фабриките.

ДРВА ЗА ГРЕЕЊЕ – ДРУГАТА ГОДИНА

На почетокот на декември 1980 година, во Македонија завладува студ, па во Скопје
се измерени минус 11 степени целзиусови, а дури тогаш било констатирано дека ‘јаглен и дрва за греење нема ни за лек’. Макпетрол најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во останатите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.

Истата зима, ‘Планика’ во Скопје почнува да ги рекламира своите детски, женски и машки чизми обложени одвнатре со нешто што наликува на волна, а чија цена изнесувала меѓу 699 и 950 динари, односно меѓу 46 и 60 германски марки. Колку чинеа навистина квалитетните зимски планински чизми кои се продаваа во Словенија спорт, за жал, не успеавме да пронајдеме.

Тие денови, за приклучок за телефон се плаќаше по 1000 марки, а значајна вест во весниците е дека за една недела во Скопје биле поставени дури 10 телефонски говорници!
Инаку, таа година, платата на Јосип Броз пред неговата смрт изнесувала преку милиони динари или како што неодамна пресметаа некои српски медиуми, точно 297.619 германски марки. Платата била одредена од страна на Кадровската комисија на Претседателството на СФРЈ. Иако вредноста на динарот беше преценета и на црниот пазар беа потребни многу повеќе од 1512 динари за 100 германски марки (речиси е невозможно да се пронајде податок за реалниот курс во тоа време), сепак, платата на саканиот маршал била неверојатно висока.

Ова би биле некои рамки до кои дојдовме и врз основа на кои може да се добие каква-таква слика за времето пред 30 години. Податоците не се сеопфатни (на пример, недостигаат тие за медицинската опрема и техниките за лекување на лекарите, но тука му дадовме попуст на старото време бидејќи таа споредба би била поразителна за СФРЈ), но и тие што ги имаме, сепак, даваат можност за да се процени како се живеело тогаш, а како денес.

ПО ЕДНА ГОДИНА ЖИВОТ ПЛУС ВО СЕКОЈА ДЕЦЕНИЈА

По смртта на Тито, со Претседателството на СФРЈ неколку недели претседава Лазар Колишевски, а потоа едногодишниот ротирачки мандат го презема Цвијетин Мијатовиќ. Претседател на СИС е Црногорецот Веселин Ѓурановиќ, кој се обидувал што помирно да го истурка мандатот, оставајќи неопходните мерки за справување со кризата да ги донесе следната влада. Него во 1982 година го наследува Милка Планинц, во чие време, на рестрикциите за бензин се надоврзваа и рестрикциите за струја, кога во период од по неколку часа дневно беше исклучувано напојувањето. Од тоа време датира и кризата во снабдувањето со масло за јадење, како и недостатокот на традиционалното кафе, по што профитираа шверцерите на напитокот и производителите на рачни мелници за кафе, бидејќи шверцуваното од Грција или Италија не беше мелено, туку се продаваше во зрна.



Претседател на Претседателтвото на СРМ во 1980 година е Љупчо Арсов кој за 29 ноември порачува дека сме горди што живееме во Титова Југославија. Претседател на ЦК на СКМ е Ангел Чемерски. Лазар Мојсов ја има централната положба во ЦК на СКЈ.

Буџетот на Федерацијата за 1981 година во првичното гласање е одбиен поради противењето на Словенија, а Македонија немала став за тоа прашање во тој момент. При повтореното гласање, предлог буџетот е изгласан во висина од 169 милијарди динари или 11 милијарди германски марки.
Животниот век во Македонија во таа 1980 година изнесувал просечни 70 години, додека денеска е нешто над 73 години, што отприлка значи дека секоја деценија животниот век ни се продолжувал за по една година. Според овој параметар, денес ужасно лошо стоиме во однос на сите западноевропски држави, но сме подобри од речиси сите источно европски земји, па дури и од земји како Унгарија, Полска и Словачка.

ПРЕСРЕЌНИ ЗАРАДИ КАРАМАНЛИС

Во 1980 година, во Драмскиот театар во Скопје една од најпопуларните претстави е легендарната Солунски патрдии, во кино Вардар 2 се прикажува и Царство на страстите. Фудбалерите на скопски Вардар се борат за опстанок во Првата југословенска лига со само три бода повеќе од последниот на табелата, а Тетекс го освојува првото место во есенскиот дел од Втората источна сојузна лига. МТВ емитува програма на само два канали и тоа до 22:45 часот, а при секое коло од Лигата на шампионите има пренос на еден натпревар со термин во среда од 20:15 часот.

Светот се занимава со победата на Роналд Реган во САД, по заложничката драма во американската амбасада во Техеран за времето на Џими Картер и со војната меѓу Иран и Ирак при што во преден план е непоколебливиот Садам Хусеин, тогаш верен сојузник на Америкацните, кој жртвуваше илјадници Ирачани во борба против омразениот од Вашингтон ајатолах Хомеини.

На петти ноември 1980 година во посета на Југославија доаѓа грчкиот претседател Константин Карамнлис, а неговото доаѓање во Белград, во Скопје е проследено со радосен восклик:
‘Денес меѓу Југославија и Грција постои соработка од чии резултати можеме да бидеме задоволни. Во соработката свој важен придонес дава СРМ, како најблиска република до нашиот јужен сосед. Во вкупниот туристички промет што го прават Југословените во Грција, уделот на македонските туристи е најголем’, се вели во еден коментар по повод посетата на Караманлис.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Со постов само индиректно потврди дека сами сте неспособни да бидете функционална држава. Иста реторика тераш со Миленко "вмровецот".

Доста успешни и реализирани Македонци имало и пред втората светска војна, само ваљда тие не ви се уклапаат у идеолошката матрица која ви ја постави КПЈ.
Три-четворица Бугари?
Тоа е тоа?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
баш така , до деведесетите грчките трговци дуќанџии се молеа да имаат навалица од југословенски/македонски туристи да им се подигни прометот и нивниот опстанок
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Овој текст се врти откако знам за овие теми. Дел нема врска со реалноста (тенденционзо напишан, види планика нешто што личи на крзно, а сега што носиме кинеско срање кое смрди на триста хемикалии...ех), другиот дел е споредба откако ММФ тотално ја блокираше државата (според планот за распад, нели), третиот се споредуваат безвезни работи во смисол- интернет на телеком 56к од 90тите кој со сегашно сурфање би чинел околу 1000 евра со брзина од 56к и сегашен броудбенд интернет за 1000 денари со 10 пати поголема брзина.
Ами 70% не можат да си дозволат одмор, којзнае колку не смеат да земат одмор ради нашиве бизнисмени, 20-30 души пуздер ни ги направија безбедносните сили, да не беа други држави, со прачки и во колички за малтер ќе се бореше армијата...
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.056
Овој текст се врти откако знам за овие теми. Дел нема врска со реалноста (тенденционзо напишан, види планика нешто што личи на крзно, а сега што носиме кинеско срање кое смрди на триста хемикалии...ех), другиот дел е споредба откако ММФ тотално ја блокираше државата (според планот за распад, нели), третиот се споредуваат безвезни работи во смисол- интернет на телеком 56к од 90тите кој со сегашно сурфање би чинел околу 1000 евра со брзина од 56к и сегашен броудбенд интернет за 1000 денари со 10 пати поголема брзина.
Ами 70% не можат да си дозволат одмор, којзнае колку не смеат да земат одмор ради нашиве бизнисмени, 20-30 души пуздер ни ги направија безбедносните сили, да не беа други држави, со прачки и во колички за малтер ќе се бореше армијата...
https://a1on.mk/archives/1045882

За вториот болд се слагам целосно, толкав е капацитетот на овој народ што живее тука.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Едно прашање за ЈУ скептиците. Каде ќе бевме денес ако после II светска војна создадевме самостојна држава која што немаше да биде дел од тогашна Југославија, туку ќе функционираше во денешните граници. Зборам за хипотетичка ситуација, согледувајќи ги тогашните поствоени околности и прераспределбата на светот на зони на влијанија од тогашните големи сили.
Под која зона ќе потпадневме ние тогаш и дали воопшто ќе успеевме да опстоиме како самостојна држава? Дали ќе ја зачувавме територијалната целовитост во тогашните актуелни граници, земајќи го во предвид тогашните геополитички околности? Дали воопшто идеите на тогашните националисти за самостојна држава по теркот на оние од илинденскиот период биле реално остварливи или биле само утописки замисли и мечти?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
ќе земеа кредити од САД и ќе ја направеа Македонија модерна и јака барем колку Франција.............седи жити се, негирањето на социјалистичкиот систем му одговара само на некој арампаша и арамија што сака да ги има законите и полугите во свои раце
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
ќе земеа кредити од САД и ќе ја направеа Македонија модерна и јака барем колку Франција.............седи жити се, негирањето на социјалистичкиот систем му одговара само на некој арампаша и арамија што сака да ги има законите и полугите во свои раце
А тие што се приватни инвеститори и тие се арамии и арампаши?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Македонецот од секогаш се шлепал на некого.
Едно прашање за ЈУ скептиците. Каде ќе бевме денес ако после II светска војна создадевме самостојна држава која што немаше да биде дел од тогашна Југославија, туку ќе функционираше во денешните граници. Зборам за хипотетичка ситуација, согледувајќи ги тогашните поствоени околности и прераспределбата на светот на зони на влијанија од тогашните големи сили.
Под која зона ќе потпадневме ние тогаш и дали воопшто ќе успеевме да опстоиме како самостојна држава? Дали ќе ја зачувавме територијалната целовитост во тогашните актуелни граници, земајќи го во предвид тогашните геополитички околности? Дали воопшто идеите на тогашните националисти за самостојна држава по теркот на оние од илинденскиот период биле реално остварливи или биле само утописки замисли и мечти?
Прашање е и кој би ја водел таа битка во 2 св војна за самостојна Македонија, Ванчовистите? Немало единство ниту заштита од безбедносни служби на други веќе оформени држави за да се постигне нешто повеќе. Веројатно нешто слично како овие децении. Па вмро на овој, вмро на оној. А можеби сме немале и капацитет. Не е се така црно, но требаше да биде побело.
Дали ќе сме имале, дали ќе опстоела...се прашања кои верувам секого занимаат, а за кои одговор може да добиеме во некој паралелен свет :)
Од ваква хипотетичка ситуација, навираат и други прашања. Како во филмовите со алтернативна историја и нацистичка Германија.
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.275
Поени од реакции
782
Секој систем е различен ,капитализам и комунизам ,на некој му одговара едниот на некој другиот,например сега некој ако сака социјализам ,незначи дека треба да го мрази капитализмот.едноставно секој си избира модел по кој сака да живее.проблемот е што на една територија треба да се воспостави само еден ,па тука преовладува системо на мнозинството. Газда Зеко или Братство и Јединство :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Тој период иредентата ја ништеа. Сега раководи со нашите животи. Напредок
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom