Да се биде дел од „МАШИНАТА“?

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
And what?

Не гледам дека на некого му се врзани рацете, дека ограничен е во мислите, во креативноста. Не се забранува да се твори, да се фантазира.

Творете, фантазирајте, релаксирајте се, правете она што ви е убаво. Излезете од машината, така? Ама како сакате да излезете, колективно сите? Не бре, некој му е многу убаво во машината, кој како си ја наредил нели? Ако не ви требаат пари, џаболебарете си, седете си дома, не работете ништо и ќе останете да бидете ништо. Работата го создала човекот, а не парите. Е сега ако не ви се свиѓа она што го работите, слободно барајте друга работа, што ќе ве исполни. Кога се запишувате на факултет вие бирате каде ќе се запишите или вашите родители, комшии? Е ако не ве исполнува после работата, тоа е ваша грешка, затоа што вие ја бирате истата а не таа вас.

Никој не е приморан да прави нешто со сила. Ама, колку повеќе амбициозни сме, толку повеќе труд треба да се вложи, да се работи. Колку повеќе сакаме да имаме, толку повеќе треба да работиме. Ако сакаме месечни приходи од над 1000евра, треба газот да се испоти, а не да се плачи дека секојдневието ни е исто. Секојдневието е онакво како ние го имаме направено и такво какво што сакаме да ни е.

Ако ви е лошо земете си ја целата заштеда што ја имате и преселете се во друго место, почнете од почеток, надвор од машинеријата и креирајте си ваше ново секојдневие.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Колку што не ја сакаме машината толку се плашиме и од промени. Сите сме свесни дека нешто не е во ред, но удобно ни е кога знаеме како ланчано ни се поврзани „активностите“ и не преземаме ризици. Страв ни е од непознатото.
Отсекогаш ја мразев оваа рутина и размислував како да променам нешто и секогаш кога некоја идеја ќе ми паднеше на памет си велев: „не, јас не можам да го сторам тоа“ и пак се враќав на старите навики.

А ужасно ме нервира и ме плаши тоа да се чувствувам контролирано, испрограмирано заради нечии потреби. Кога размислувам дека таму некаде има „големи луѓе“ кои успеале вака или онака да изградат авторитет и да бидат „над“ нас навистина се прашувам како успеале да го постигнат тоа. Но, од друг аспект пак гледам дека сите сме еднакви и дека само навидум постојат некои што се повлијателни. Всушност перфектно ја доловија поентата.

И не знам дали прашањето е што да смениме или како да се натераме нешто да смениме?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не гледај телевизија рано наутро и во текот на денот посебно тоа емисиите интерактивни и вестите што се. Кој вика дека мораш да стануваш секое утре, не мораш...
 
С

Сатори

Гостин

Полицијата е фашистички инструмент, капитализмот е производ на класната доминација, општествениот систем има за цел да те сомеле ако во кој било момент покажеш иницијатива за различно дејствување од она стандардното и вообичаеното.Најлесно е да се најдат причините за тоа зошто човекот не го менува своето ниво на свесност, зошто го сведува својот живот на комфорна сигурност и да се идеологизира за сечење на корените на „ултимативното зло“.
Но за да може да се смени она кое што ја уништува креативноста, хеј, нека биде и духот на еден индивидуалец е фактот дека тој тоа го дозволува.Фкултетот има за цел да те доктринира во име на политичката партија, родителите да те постројат за сигурна иднина, пријателите да те прилагодат за убав социјален живот и на спротивната страна има луѓе кои се менуваат само затоа што растат со некој кој сака книги, гледа филмови на Кјубрик, пие кафе и зборува за алтернативните движења во поствоена Англија.

Рутината го убива човекот само затоа што е доволно допадлива, но некој предходно мора да ја направи таква, човекот самиот свесно се претвара во збир од општествени доблести кои што се продаваат на сите пазари, не само на тој на трудот.Генералната идеја е дека за да дојде до промена на големите сегменти до сложувалката, мора првенствено да дојде до локална луцидност за истите тие.Машината ќе меле се додека се става свежо месо во неа.

Tear down the wall, but they'll take your marbles away.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Една од поинтересните теми на цел форум :D Од мал некако сум се учел себеси да не бидам дел од „просечните горенаведени луѓе“, да не бидам дел од секој дневната машинерија.... Сон ми било од кога знам за себе да отидам сред Солун, и да викнам Солун е наш... Со оваа тема е покренато и едно од прашањето кои ќе ги мкнам цел живот во глава... Да се изнаживеам 40 години најако што можам, и да оставам зад себе и итроштини и будалштини што ќе ги паметат сите, или пак да живеам 70 години како дел од „машинеријата“ и само моите блиски да me паметат :D
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
...Кој вика дека мораш да стануваш секое утре, не мораш...
Мораш ако си на работа од 8 сабајле :)

--- надополнето ---

Да можам да ја тргнам таа тетка што секојдневно насабјле на А1 недоспиена ти го расипува утрото и тоа би го направил, ама и тоа не можам. (а решен сум да идам кај Велија и да му кажам :) зошто стварно не се трпи).
Ама работата е што и таа е дел од "машината", и таа станува секој ден во 4-5ч. за да дојде на работа во 6 и да почне емисија. Работата е како да се промени тоа. Ниту водителките, ниту диспечерите од хидрометеоролошки завод и АМСМ, кои имаат 5 ливчиња (во зависност од годишното време кои ги читаат 30 години) не ја прават таа машинерија која врти и меле векови и векови наназад. Едноставно таа машинерија е плод на економијата и на тие социјално-економски односи кои настануваат во општеството. Логика- за да преживееш ти треба храна, за неа ти требаат пари, а за нив ти треба работа...најпрост ланец на исхрана е тоа. Ти ја јадеш храната заработена со парите кои си ги земал за сметка на твоето будење во 6:30 и трошење на твојот организам. Се се врти, од која страна и да гледаш.

"There ain't no such thing as a free lunch"
Milton Friedman
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Зарем не сфаќате дека животот ни е контролиран од други?

Зарем не ја гледате шаховската шара на секојдневието?

Не знам зошто некои од вас (bounty_hunter) ја сфаќа темава како тема на мрзливци кои сакаат да живеат од социјално?!

Пак ќе кажам. Целта на темава ми е да ги разбудам оние тмруни неразбудени побуди на секоја единка. Нашите т.н. фетиши за одредени работи во животот. Тоа што не „пали“, движи, не прави да креираме и да го направиме најдобро, нешто што не исполнува и ни дава смисла и волја за живот и понатамошно усовршување.

1) Ние сме креирани без наше прашање
2) Втурнати сме во свет без наше прашање
3) Вметнувани ни се вредности (морални пред се) без наше прашање
4) Други решаваат за она што сме ние. За она што ние мораме да го работиме, размислуваме, делуваме.

Зарем не го сфаќате малку и психолошкиот момент на цела ова работа?

Кои луѓе го живеат светот кој барам јас сите да го доживуваат? - Уметниците. Во основа и затоа и им се восхиутваме на нивните дела. Едно е талент друго е она нас потсвесно како процес ни се случува. „Еј блазе си му си работи на своите идеи“ е пораката која ние покрај восихутувањето на талентот ја примаме и ја процесираме.

Зошто многу од вас сум сигурен кога сте на некој концерт сте се замислувале на бина како пеете, свирите?
Зошто многу од вас зркаат во телевизорите гледајќи Бандини или филмови на Кјубрик?
Зошто многу од вас носат маски од LOTR додека го гледаат филмот?
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Машината она нешто кое ги голта оние кој немаат м..а да се протистават на правилата кој ги налага машината а воопшто не им се допадаат тие правила но мора да ги прифатат за да не бидат озборувани и одбивани од мнозинството на испрани мозоци од машината кои ги има во изобилие. Оние кои не смеат, да го кажат тоа што го мислат, да ги работат работите што сакаат да ги прават, едноставно ги проголтува машината, но не, и да ме проголта и да ме стави да бидам делче од машината, тај дел на моменти има да делуе како да е од друга машина, или пак можеби ќе делуе како да е расипан во споредба со другите, можеби нема во целост да биде независен дел но сепак главно ќе работи по сопствените желби и волји без да им штети на другите.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Зарем не сфаќате дека животот ни е контролиран од други?

Зарем не ја гледате шаховската шара на секојдневието?

Не знам зошто некои од вас (bounty_hunter) ја сфаќа темава како тема на мрзливци кои сакаат да живеат од социјално?!

Пак ќе кажам. Целта на темава ми е да ги разбудам оние тмруни неразбудени побуди на секоја единка. Нашите т.н. фетиши за одредени работи во животот. Тоа што не „пали“, движи, не прави да креираме и да го направиме најдобро, нешто што не исполнува и ни дава смисла и волја за живот и понатамошно усовршување.

1) Ние сме креирани без наше прашање
2) Втурнати сме во свет без наше прашање
3) Вметнувани ни се вредности (морални пред се) без наше прашање
4) Други решаваат за она што сме ние. За она што ние мораме да го работиме, размислуваме, делуваме.

Зарем не го сфаќате малку и психолошкиот момент на цела ова работа?

Кои луѓе го живеат светот кој барам јас сите да го доживуваат? - Уметниците. Во основа и затоа и им се восхиутваме на нивните дела. Едно е талент друго е она нас потсвесно како процес ни се случува. „Еј блазе си му си работи на своите идеи“ е пораката која ние покрај восихутувањето на талентот ја примаме и ја процесираме.

Зошто многу од вас сум сигурен кога сте на некој концерт сте се замислувале на бина како пеете, свирите?
Зошто многу од вас зркаат во телевизорите гледајќи Бандини или филмови на Кјубрик?
Зошто многу од вас носат маски од LOTR додека го гледаат филмот?
Си го гледал матрикс ?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

За да воопшто можеме да излеземе од машината потребно е време а воедно и да не се зависи од оние кои решаваат за нас...да не бидеме уценувани со биолошки опстанок како прво...

Под моменталниот социјално економски систем тоа е невозможно.
И тоа е извор на многу фрустрации,несреќа и мизерија кои системот ги врти во своја полза, профитирајќи на нашата болка поради тоа што не сме го реализирале она кое не “пали“,она кое сакаме да го работиме,она во што ќе бидеме добри,што ќе ја разгори заспаната креативност која секој ја има...
It`s the dissatisfaction dollar...
Се прејадуваме,посегнуваме кон лекови,се затупуваме со ТВ...интернет...постојат цели армии психолози,цели универзитети,цели фармацевтски компании...еден цел суб-систем кој паразитира на нашата несреќа и фрустрации...

Не мора да е уметноста, може да е било која област...

Единствени опции се да се жртвуваат неколку години заработувајќи и штедејќи за да после тоа може да го оствариме она што сакаме...
Или да се излезе од системот и да се живее и егзистира Off-the-grid нешто како примерот со англичанецот (иако не со толку ригидни параметри секако)...
Или пак комбинација од двете...

Друга можност сега за сега - нема...
Системот одамна си оди по инерција и има правила на кои не можеме да влијаеме...
Предвидена ни е улога на запци во машината над која немаме никаква контрола, или што би рекол Морфеус од Матрикс...батерии...

Колку нови Ајнштајни,Тесли,Ван Гоговци,Дурутиевци или Кјубрици тивко и тажно си заминале од овој свет немајќи можност да искажат се она кое постои во нив,без да го дадат придонесот кон себе и кон другите луѓе само затоа што биле родени сиромашни или во земја во која немало можност да го сторат сето тоа...
Не мора ни да се оди до таму,колку квалитетни и креативни столари,фризери,кројачи било што...не го работат она за кое се најспособни и каде би се реализирале бидејќи ете системот ги поебал...

Како што имаше пример со Бил Гејтс и Стив Џобс, така е и со многу други “свети крави“ милијардери “инвеститори“ и “работливи и способни“ кои со превара,корупција,државни пари и тешка експлоатација станале симболи на она што према денешната лоботомија треба секој да се стреми и да се угледува...

Оние кои што сметаат дека не е до капитализмот туку ете - до човекот било...ќе им текне за неколку години, нека не се секираат...:)
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ubavi postovi i mislenja ima na temava.
"Masina"?
Da, postoi.
Poentata e deka vsusnost mora da postoi. Se dur ima organizirano opstestvo, od koj i da bilo vid, "masinata" ke postoi. Opstestvoto se osnova na sistem na vrednosti "usvoen" so konsenzus, toj sistem, samiot toj sistem ja pretstavuva "masinata".

Skaranite genijalci pred nekolku decenii go kazuvaa toa:

"What did you dream?
It's alright we told you what to dream."
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Колку нови Ајнштајни,Тесли,Ван Гоговци,Дурутиевци или Кјубрици тивко и тажно си заминале од овој свет немајќи можност да искажат се она кое постои во нив,без да го дадат придонесот кон себе и кон другите луѓе само затоа што биле родени сиромашни или во земја во која немало можност да го сторат сето тоа...
Не мора ни да се оди до таму,колку квалитетни и креативни столари,фризери,кројачи било што...не го работат она за кое се најспособни и каде би се реализирале бидејќи ете системот ги поебал...

Како што имаше пример со Бил Гејтс и Стив Џобс, така е и со многу други “свети крави“ милијардери “инвеститори“ и “работливи и способни“ кои со превара,корупција,државни пари и тешка експлоатација станале симболи на она што према денешната лоботомија треба секој да се стреми и да се угледува...

Оние кои што сметаат дека не е до капитализмот туку ете - до човекот било...ќе им текне за неколку години, нека не се секираат...:)
Еден човек ќе посака да биде нешто значајно бидејќи луѓето ги величат значајните,ќе види дека тоа не е лесно и веднаш се откажува обвинувајќи го системот.

Навистина ли е важно дали те има во учебникот по физика или не? Дури и да е,секој човек може да го постигне и најголемото и најславното ако се бори доволно и се бори чесно.Но повеќето сакаат да живеат со скрстени раце и да плукаат по телевизорот дека некој друг се изборил и успеал да создаде систем.Зависи од самиот човек и од ништо друго.

Потешко е тој што е роден богат да го задржи наследството него тој што го заработил.Секој што своето богатство го заработил на нечесен начин потфрлил во својата мисија и тој го знае тоа,едниствено тоа не го знаат слепците кои го величаат неговото дело.

Секој систем е толку добар колку човекот кој живее според него.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Проблемот е во тоа што 90% од светските милијардери го стекнале своето богатство на нечесен начин. Измама, превара, крадење и сл. Затоа чесните неможат да ја најдат таа формула.

Бабите и дедовците кои својот работен век го поминаа во социјализмот веруваат дека „работата ослободува“ и ќе можеш да го проживееш животот убаво ако работиш макотрпно и да ги „собираш плодовите подоцна“.

Колку од нив реално ги собрале плодовите?! М? Нека каже некој.

Било кој на форумов, надвор од форумов или што да е, нека ми кажи дека со макотрпна работа го стекнал своето богаство, станал богат и успешен.
На богатите луѓе им се потрефило да бидат in the right moment at the right place да го направат и да го добијат тоа што го имаат.

Кај нас, богаството не е мерило за индивидуален успех. Кај нас богатството е мерило за лукавост, измама и снаодливост.

На Запад ако си го спотниш газето да учиш за доктор ќе праиш 300 000 еур годишно. Ако си одличен адвокат 500 000 годишно+. Ќе возиш ферари, порше, ламбо...ќе имаш куќа од неколку милиони.

Кај нас ЕДИНСТВЕН начин за тоа е преку измама.

Никој неможе да ме побие во ова.

Плус тоа, парите ве ослободуваат од времето кое вие го трошите да ги заработите.
Но, колку од вас, ете како студенти или што и да сте, го поминувате времето во работите кои сакате да ги правите?
Хобито бара пари, многу пари. Затоа неможете тоа да го правите. За да имате пари, треба да работите. А да работите треба да бидете дел од МАШИНАТА.

И да сте уметник, еден штафелај е 3000 денари. Една рамка е 1000 денари. Каде се боите? Каде е времето? Инспирацијата?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ех...крајниот стадиум на ослободувањето кое го носи работата.
Работата за туѓи интереси,цели моќ и влијание...

Проблемот е во тоа што 90% од светските милијардери го стекнале своето богатство на нечесен начин. Измама, превара, крадење и сл. Затоа чесните неможат да ја најдат таа формула.
Еве еден пример...
Малку е во корелација со сликата која ја стави Сатори...
Некроекономија...

http://exiledonline.com/death-bonds-wall-streets-shocking-new-plan-to-reap-billions-off-dying-americans/

Колку од нив реално ги собрале плодовите?! М? Нека каже некој.
Никој...некои се silent majority :) по локалните гробишта, некои кои се сеуште живи не престануваат да ги кажуваат истите срања и на внуците или правнуците хахах...
“Синкооо џабе работи, џабе не седи“ или некоја слична народна “мудрост“...

Плус тоа, парите ве ослободуваат од времето кое вие го трошите да ги заработите.
Но, колку од вас, ете како студенти или што и да сте, го поминувате времето во работите кои сакате да ги правите?
Хобито бара пари, многу пари. Затоа неможете тоа да го правите. За да имате пари, треба да работите. А да работите треба да бидете дел од МАШИНАТА.

И да сте уметник, еден штафелај е 3000 денари. Една рамка е 1000 денари. Каде се боите? Каде е времето? Инспирацијата?
Точно, затоа има определени шеми од системот кои треба да значат “уживање“...
Главната шема на елитата е да не се остави време на робовите да мислат дека се робови и во никој,ама во никој случај да не размислуваат дека денот има 24 часа и колку од тие 24 ги трошат онака како што самите сметаат дека треба...
Затоа и социјалниот притисок освен профит има и улога на контрола...

Kajgana Shop

На врв Bottom