Да се биде дел од „МАШИНАТА“?

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Volkswagen, што би правел кога би бил "надвор од машината"?
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
753
Ако си дел од истата машина само со тродупло поголеми примања (читај-плата) тогаш не ќе да имаш иста перцепција за секојдневието.
Лупам: место 200 евра имај 600 евра плата и се случуваат следниве работи:
- сабајле ти се станува за на работа
- работата наеднаш изгледа 3 пати полесна и поподнослива ( колку и да е реално затупувачка и некреативна )
- ШеКерезад може полека но сигурно да стане интересна ( како тема )
- Доаѓаш дома и и се радуваш на женати и децата, многу повеќе, да дури и се запрашаш како е можно да нив, најдрагите луѓе, секојдневието ти ги затрупало таму некаде во другите грижи
- Ти се иде на пиво/кафе со другари пошо немораш да калкулираш дали се тоа паметно потрошени 200 денари
- Доаѓаш дома и заспиваш на кожната фотеља пред 42 инчен ЛЦД место пред ЕИ Ниш

Некако секојдневиево стана поподносливо или мене така ми се чини?

И нешо друго, едно време и ја мислев дека сум дел од машината, а уствари мене пари да ми фалеле! Види чудо! И после тоа сфатив дека мораш да се бориш и да си создаваш подобро секојдневие.

Денови ли се денови... али јебига!
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Ќе одам обратно во одговарањето

1) Дека со 600 евра ќе си го дозволиш она што го напиша горе, мало морген. Со 1000 да, ама со 600 потешко малку.

2) Што би правел ако не сум во машината? Па, многу работи. Ептен многу работи. Што и да напишам ќе звучи само обично набројување, но сепак тоа би било ТОА. Во основа исполнување прво на самиот себе, второ помош во издигнувањето на општеството на едно повисоко ниво (преку наука, иновација, уметност, филозофија)

3) Зошто мислите дека капитализмот го прави ова? Мислите дека во социјализмот не беше исто? Тогаш беше одење на работа, повеќето нишај врата земај плата, нешто сега е во државните служби. Медиокритети ти се шефови. И така цело време,трц-врц. Единствено што работата ти беше загарантирана, децата бесплатно (и квалитетно) школувани ако не Скопје, тогаш Белград, Загреб, Љубљана. Одмор дали Грција дали Јадранско. Кола нова, ретко кој на старо купуваше. 101,128,Југо,Голф,Рено,Опел и Ситроен. И покрај повеќето ве чуди зошто секогаш ова оди заедно, поради тоа што тогаш овие произведувачи се сметаа за домашни т.е.

Застава - Крагуевац
Рено - Ново Место
Citroen - Cimos - Копер
Opel - IDA - Кикинда
Volkswagen - Сараево

За овие не се плаќаше данок на луксуз. Затоа и толку се купуваа ;)

Малку забегавме со темата, ама во основа сакав да доловам дека општеството не ни беше криво за таквото чувство. Можеби луѓето не гледаа толку страшно на машината. Имаа за што да се сеќираат. Слатки маки. Но никогаш не живееле во страв и несигурност.

Тоа е тоа што најмногу се провлекува овие 20 години низ Македонија. Сеуште се бара тој социјален мир кој треба државата да го гарантира.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Постов премногу ми се допадна, и морам да те пофалам дека ти е убаво напишан и срочен. Што се однесува на темата, се согласувам дека сите кои стануваме од сабајле, било да е тоа за на школо, факултет, работа...го имаме истиот терк, ги правиме истие "ритуали" од сабајле, дремеме на нет после 16:30 (од кога ќе си дојдеме дома), искачаме со драгите личности, девоја/дечко, другари, колеги, по малце збориме со родителите ако ни требаат пари за цигари, кафе или пијанчење и тоа е тоа.

Да, лош е здивот од сабајле, помешан со напнатоста да не се закасни или да не се заспие до покасно, бидејќи обврската за тој ден чека.
Но, сепак, кога човек има утврден распоред на активности мора да се придржува до него, бидејќи или ќе батали со школото/факултетот, или ќе биде избркан од работа...трето нема. Пардон, има- ќе седи дома, ќе денгуби цело време, и буквално ќе нема што да прави.

Трагично е што оваа машинерија била ваква од секогаш, бидејќи има само две опции-

1.или ќе работиш и ќе бидеш корисен за себе (пари, задоволства)

2. ќе седиш дома со мрсна глава, забраден, со укочена десна рака од маусот (и од нешто друго) и ќе чекаш да дојде староста и парите да изникнат од земја

Мене лично ми смета оваа "шема" од 8 работни часа дневно, бидејќи не се ефективно распоредени. Што сакам да кажам? --->(за канцелариска работа)... Доаѓате во 8, до 9 не правите ништо...од 9, 9 и пол ќе прошарате нешто по нет, ворд (жими мајка), и после истото. Ќе доручкувате, пиете кафе, од 11, почнувате пак со прегледување документи, писма, мејлови, идете до банка да направите уплата, и се враќате пак назад. Од сите тие 8 часа, вие трошите (преку сила) 4-5 во "работа". Пишување на тастатура, праќање меил, идење до банка и сл. Другото е ветер и магла.
Како и да е, тоа е реалноста и вистината. Предложете план за излез од машината, па да праиме муабет. Еве јас предлагам генерален штрајк. Вие? :)
 
Х

Ханзо

Гостин
Ајде сите помолете се на сликава и оставете по 10 денари.

Самите влегуваме во машината, самите ги прифаќаме нејзините услови. Ете, дечкото од вториот пост ја опцул машината и си отишол да живее во приколка, ама тој и така е луд. Нели? Да беше спомнат во друга „немашинска“ тема, ќе се согласевме дека е луд. Фолкс, ги имаш тие моменти кога машината паузира за да се олади, искористи ги за наука, уметност, филозофија, наместо да преташ за тоа колку е лоша, па кога повторно ќе ги придвижи запчаниците, тивко како примерен ученик да се вратиш во ред.
Исто така, смешно е тврдењето дека шефот медиокритет ја убива креативноста и слободниот дух на работникот медиокритет. Поимот „медиокритет“ постои со причина.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Јас предлагам да се скрати работното време. Повеќе вработени, ама помало работно време. Така човек нема да има чувство ко да му избегал целиот ден кога ќе се врати од работа.
Морам да ви кажам, покрај некои добри поенти гледам и разгален муабет на темава. Сакаш повеќе пари, има да работиш повеќе, има да се трудиш. Сакаш сестран живот, па не гледај телевизија, не седи на фејсбук, не конзумирај нешто што ти се сервира. Сакаш уметност, напрај нешто во врска со тоа. Не е дека немаш време и после 5 да направиш нешто што го сакаш само ти, да изгледаш филм што ти сакаш да го изгледаш, да прочиташ нешто уметничко. И така секој ден може да биде колку-толку различен. Ко некој да те тера да пушташ утринска програма на МТВ пред работа, или да гледаш Бандини после работа. Биди среќен со тоа што го имаш. Без работа нема пари. А работата/професијата си ја бираш. Од тебе зависи дали ќе бидеш робот или не. :)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Тоа секојдевно сивило и таа секојдневна монотонија и секојдневната безизленост и досадност секојдневно ме тераат сериозен дел од денот да посветем на размислување:

Како да ја направам промената?

Да ја напуштам Македонија знам дека ќе ми здосади таму каде што ќе отидам. (а спремен сум да го направам тоа без око да ми трепне)

Да имам можност да бирам работа и малку да ја репрограмирам машината ќе го направам, ама ете и затоа нема можност. (а спремен сум и да работам за помала плата, само да променам нешто)

Да можам да ја тргнам таа тетка што секојдневно насабјле на А1 недоспиена ти го расипува утрото и тоа би го направил, ама и тоа не можам. (а решен сум да идам кај Велија и да му кажам :) зошто стварно не се трпи).

И кај сме ние тука во целата приказна?

Немоќни!

Ќе си ќутиме, ќе си ги бркаме рабобите, ќе си вергламе со машината...и така секој ден!
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Јас предлагам да се скрати работното време. Повеќе вработени, ама помало работно време. Така човек нема да има чувство ко да му избегал целиот ден кога ќе се врати од работа.
Морам да ви кажам, покрај некои добри поенти гледам и разгален муабет на темава. Сакаш повеќе пари, има да работиш повеќе, има да се трудиш. Сакаш сестран живот, па не гледај телевизија, не седи на фејсбук, не конзумирај нешто што ти се сервира. Сакаш уметност, напрај нешто во врска со тоа. Не е дека немаш време и после 5 да направиш нешто што го сакаш само ти, да изгледаш филм што ти сакаш да го изгледаш, да прочиташ нешто уметничко. И така секој ден може да биде колку-толку различен. Ко некој да те тера да пушташ утринска програма на МТВ пред работа, или да гледаш Бандини после работа. Биди среќен со тоа што го имаш. Без работа нема пари. А работата/професијата си ја бираш. Од тебе зависи дали ќе бидеш робот или не. :)
1) Повеќе вработени помало работно време.

Нешто слично беше и замислата на социјализмот. Иначе социјализмот т.е. синдикатите ја родија идејата за намалување на работното време на 5 дена и 40 саати неделно. Претходно немаше правило (како што е сега) и се работеа и саботи и недели (во католичките земји неделите не се работеа).
Е сега,светот некако се привикна на оваа идеа, мада во трговијата никогаш не било така односно сакаш да купиш леб ќе мора и сабота да одиш. Само што тие што работат во сабота, слободен им е понеделник (во нормалните земји).

2) Никој не спомна за како да дојдеш до повеќе пари. Можам веднаш да те побијам. Не секогаш парите се мерило за тоа колку си сработил. Многу често идејата и храброста се мерило за пари нели? Мултимилијардери (убаво читај милијардери) сигурно не заработиле пари работејќи прекувремено нели? Идејата, снаодливоста и среќата им се потрефила да ги заработат тие пари. Колку за илустрација. Бил Гејтс АМА СО ПРСТ не мрдна во целата кариера. Ги украде сите идеи со лукавост и снаодливост, а мајка му ја водеше компанијата. Тој беше „креативен“ и е креативен директор на Microsoft. Гледајте го филмот „The pirates of the silicon valley" ќе ви стане јасно. Истото и за Steve Jobs (Apple) и за други богати луѓе. Претприемништвото е останата гранка што направи одредени луѓе богати. Сигурно не копањето нива.

3) После 5 ако немаш обврски ОК, можеби ќе најдиш време за своето хоби. Јас не зборувам за 20-25 годишни лица, јас зборувам за целата возрасна група во едно општество 18+ години и работоспособно население до 65 години. Кога ќе имаш ти 2 деца, жена, сметки, кредити и што ти уште не, последно нешто што ќе мислиш е твоето хоби.

4) Професијата, кај нас барем, не ја бираме ние. Јас имам талент за уметност. И што, ќе завршев академија и? Каде? Ќе правев изложби и правев пари? Придонеси, плата, фамилија, деца, стан? Каде? Кој ќе ги купува сликите? Затоа морав да се одредам за информатика и пост дипломски студии. Од тоа се живее. Од друго кај нас или да бидеш економист да работиш во некоја банка или правник во некоја адвокатска канцеларија.
 
T

Tetro

Гостин
Машината е напредната деновиве.
Не можеме да избегнеме од секојдневието. Колку и да се обидуваме да ја заобиколиме, секогаш ќе има некоја сила која не влече накај неа (магнетизам).
Акција=Реакција, гравитација (не таа од гравот) g_м=9,81 (какви 9,81 +/-0,02 (
кој незнае нека научи зошто
)). Ако толерираш, не значи и дека димензионираш.

Песничкава е излезена одамна, од неодамна. Сидарта и после Лајбах, на словенски и англиски. Англиската верзија иде вака:

Only one day is left
Only one day
We are leaving the others
We're going away
Today we all steal
Animals we are
Possession is lost
Our souls are from the wild
And wings to reach the sky
Let the sun fall into the ocean,
Let the earth erupt in flame
It is enough to have the strength
And knowledge
To raise our dream machines
Into the sky
Let them sleep who do not know
The final day is here
The very last
And we leave at dawn
Millions of machines on nitroglycerin
Thunder in us
There is no force no money and no power
To stop us now and change our fate
Before we rise
Now every problem is destroyed
We raise our hands and bodies to the peak
Into the Universe - towards the stars we go
Sending machines up to the sky

[Chorus]
Machines we are sending to the skies
Above us all
And leave behind those who don't know
Of the final day
We leave in sleep those who don't know
(and) we leave at dawn
We are driven by the B-machine
(Wild B-machine - that never stops)

 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
753
1) Дека со 600 евра ќе си го дозволиш она што го напиша горе, мало морген. Со 1000 да, ама со 600 потешко малку.
Шо нема да си дозволам со 600 евра плата? Нормален живот? Без грижи? ЛЦД телевизор? Кожна фотељ?
Патем, поентата на темата, ако јас убаво ја сфатив, е како ИНДИВИДУАТА е заглавена во "машината".
Во едно семејство, најчесто, имаш двајца родители кои зимаат плата. 2x600 = 1200 европски банкности.
Него извини сакав да те прашам нешто, работиш нешто? Вработен си?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Јас, да работам. Нели и од постот заклучи. Кога веќе зборувам за мене, јас воопшто не се жалам од тоа што го работам. И не ми е целта тоа на темава.

Ако тројца работат во семејството со 600 еура, да...ете и 2...ама сам и да плаќаш сметки,стан и да се грижиш за себе си, хм...не знам баш како ќе стигниш со 600 еур да живееш таков живот. Дека ќе живееш убаво, ќе живееш.

Како и да е, не е целта на темата тоа.

Целта е КАКО да успееш и покрај се, да го смениш погледот кон животот. Како да успееш да го смениш општеството со својата работа, а не само да бидеш само еден запчаник од машината. Како да бидеш задоволен од самиот себе, а не само механички да ги обавуваш обврските. Да се исполнуваш со самиот себе, а не децата, фамилијата и сл. Не ме сфаќајте за ова погрешно. Не зборувам дека тие се занемаруваат или не треба да ве исполнуваат.

Ете проста илустрација. Секој од нас сигурно има нешто за кое навистина сака да го работи. Дали како хоби, дали како занимација или професија. Секој знае какво е чувството на исполнетост кога го работи тоа и колку многу можи да постигне. Најчесто овие афинитети и не се толку актуелни или барани и од нив сме приморани да се лишиме како пусти желби во името на материјалното добро да бидеме дел од машината. Дел од рутината. Дел од она што нас не ништи како луѓе и како духови (spirits). Не го знам решението па да ви солам памет, едноставно сакам да го поставам правилното прашање.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@Toecutter : Не може да ја поврзеш рутината со капитализмот, сите сега фрламе со дрвја и камења по него ама не е тоа точно. Зар на баба ми и дедо ми кои живееле во социјализмот не им бил ист денот, таа е работата, тоа е времето, е сега имаш ваква рутина и онаква ама рутина е мајке му. Стани иди на работа, јади , дојди дома, легни си....
Капитализмот сами го имаме произведено, да не ни одговарал немало да го прифатиме и ќе сме создаделе поинаков систем , има додуша време може ќе еволуира ама со оглед на тоа што сум убедена дека ни одговара материјалозмот тоа во догледно време нема шанси да се случи.
Е сега што се однесува до она со хобито..Не може да немаш барем пола саат време во денот да се релаксираш, тоа е веќе драматизација. Кога имаме време да дремеме на форум и на нет ондак нема потреба да се плаче по времето, и онака го губиме на овој или оној начин, е сега познавам луѓе со семејства кои работат па пак гледам некако се одмораат, кој со филм, кој прави макети ...негов ќеф. Ама треба да сакате да го правите тоа, да не звучам ко Зен Мастер ама ако немате воља , немате воља и точка. И цел ден да ви го остават пак ќе најдете маана и ќе речете дека сте под притисок. Јас мислам дека имаме проблем со потребите, реално многу работи од кои сме станале зависни не ни се потребни, па имате сметки за телефон до небо, два мобилни па не знаете кој ви ѕвони, сакате ова или она и оп материјализмот направил проблем.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
1) Повеќе вработени помало работно време.

Нешто слично беше и замислата на социјализмот. Иначе социјализмот т.е. синдикатите ја родија идејата за намалување на работното време на 5 дена и 40 саати неделно. Претходно немаше правило (како што е сега) и се работеа и саботи и недели (во католичките земји неделите не се работеа).
Проблем со намалување на работното време е дека најчесто луѓето, ако се оставени сами на себе, преферираат ништо да не работат.
Личната одговорност е одраз на солиден карактер, а поголемиот дел луѓе не можат да се пофалат со поседување на истиот.
Затоа и е невозможно да се има доверба кон сите која би резултирала со флексибилно работно време.
Тргнувајќи од себе си, фиксен 8 часовниот ден никогаш не ми бил преференција, јас работам и по 12 часа дневно, но таа работа ми е и хоби, бидејќи е креативна и ме исполнува, па и кога сум формално слободен, пак работам.
Мислам дека тоа е најважното нешто за да може човек да е задоволен од себе си и да не ја чувствува работата како обврска.
Се разбира, ретко која работа има можност да поседува вакви примамливи квалитети, а и ретко кој човек може да се снајде во неа.
Убаво го спомена погоре зборот медиокритет. Поголемиот дел од луѓето работат некоја административна или канало/нива копачка работа која ретко кога може да понуди разноликост.
Ако добро разбрав,ти сметаш дека си дел од истиот механизам, но земајќи предвид дека имаш убава и креативна работа која нуди најразлични можности, дали како аутсорсинг, дали како дел од домашни проекти, имаш огромен потенцијал да се оттргнеш од секојдневниот шаблон и да го правиш она кое тебе ти се бендисува.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Јас, да работам. Нели и од постот заклучи. Кога веќе зборувам за мене, јас воопшто не се жалам од тоа што го работам. И не ми е целта тоа на темава.

Ако тројца работат во семејството со 600 еура, да...ете и 2...ама сам и да плаќаш сметки,стан и да се грижиш за себе си, хм...не знам баш како ќе стигниш со 600 еур да живееш таков живот. Дека ќе живееш убаво, ќе живееш.

Како и да е, не е целта на темата тоа.

Целта е КАКО да успееш и покрај се, да го смениш погледот кон животот. Како да успееш да го смениш општеството со својата работа, а не само да бидеш само еден запчаник од машината. Како да бидеш задоволен од самиот себе, а не само механички да ги обавуваш обврските. Да се исполнуваш со самиот себе, а не децата, фамилијата и сл. Не ме сфаќајте за ова погрешно. Не зборувам дека тие се занемаруваат или не треба да ве исполнуваат.

Ете проста илустрација. Секој од нас сигурно има нешто за кое навистина сака да го работи. Дали како хоби, дали како занимација или професија. Секој знае какво е чувството на исполнетост кога го работи тоа и колку многу можи да постигне. Најчесто овие афинитети и не се толку актуелни или барани и од нив сме приморани да се лишиме како пусти желби во името на материјалното добро да бидеме дел од машината. Дел од рутината. Дел од она што нас не ништи како луѓе и како духови (spirits). Не го знам решението па да ви солам памет, едноставно сакам да го поставам правилното прашање.

Човек = јаде + спие + работи + ужива
Магаре = јаде + спие
Значи: ...Човек = магаре + работи + ужива
Односно: Човек – ужива = магаре + работи
Или, со други зборови: Човек кој не знае како да ужива = магаре кое работи.

Има голема вистина во вицот.
За мене е привилегија да бидеш дел од машината. Денот има 24 часа, 8 се доволни за спиење, 8 за работа и 8 за шетање, дружење, хоби бла бла бла. За менувањето на погледот кон животот и нашето лично задоволство одговорни сме ние. За да имаш некое хоби како занимација (и да е едноставно играње карти) ти требаат пари. А искрено јас незнам како би можел поинаку да заработам ако не сум дел од таа машина како што милуваш да ја кажеш. Навистина незнам зошто си го потел гзот да завршиш факултет, да најдеш работа кога мислиш дека тоа ти го уништува духот. Само бараме и бараме, од ништо никогаш не сме задоволни.
Имаш работа те школувале твоите помогнале да станеш чевек, да имаш твои пари, кај сакаш да идеш да прошеташ да живееш скромно и сеа тебе ти текнало дека тоа го уништува твојот дух, одеднаш ти мислиш за колективно добро и како со твојата работа да го промениш општеството.
Да прашам само кои афинитети не се толку актуелни и сме приморани да се лишиме во името на метеријалното добро? Уметници, актери, пејачи? Ако си талентиран постојат високо образовни институции во кои можеш да се надградуваш, а тоа те прави конкурентен на пазарот. Ова е дел од работна машина, ако не работиш и немаш обврски ке бидеш дел од џаболебарската машина, пошто и тоа е машина секој ден да гледаш Тв и да седиш пред компјутер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom