Да се биде дел од „МАШИНАТА“?

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892

Понеделник рано наутро. Колку за целите на овој пост, ќе речеме дека е едно убаво септемвриско утро. Вие, ...распостелени по креветот со полуотворена уста, потечени очи и засирени лигавици. Бајат воздух, оти не отворивте прозор да не ви студи, додека спиете. Ве пробудува рингтонот на мобилниот телефон. Време? 7am. Првата мисла што како куршум ви проструи низ глава е „у пичку матер треба да станам“, потоа „гледај да не заспиеш да не се успиеш“ и мрзливо се тркалате до WC. Миете лице, притисокот в петици.

Зоврива ѓезвето, а вие мрзливо бдеете во кафеавата вода со црни дамки и го анализирате сонот од синоќа. Барате некое мистично значење на паднатите заби во сонот (скраја да е), стаорци (пу-пу) и се прашувате кој шит ќе ви се деси денес.

Седнувате, на ТВ утрински програми и дописници кои 20 години го читаат истиот текст од ливчето на црвениот телефон со жица. „Денеска во Македонија владее сончево и топло време. Сообраќајот се одвива нормално на сите магистрални и регионални пратни правци. Нема поголеми задржувања на граничните премини. Ги советуваме возачите да ги почитуваат правилата и прописите и да внимаваат на одрони на патиштата“. Другото ливче е за дожд, трето за магла, четврто за снег.

Киселата насмевка на водителите на утринската програма ви го ремети доручекот со кафето и се прашувате „од колку саатот се станати овие и како не им е мака да се кезат ко зелени?“.

Туш,... барате нешто што не е истуткано и правец на работа.

На работа the usual stuff...работа. Успат кафе пауза, хахара-кикири..па пак работа и така до попладне. Вечерта дома. ТВ ништо. Фановите на Бандини, 1001 Ноќ ги спремија грицките цигарите и третото кафе да коментираат што се дешава. Ако има политичка емисија,... кој фетиш е тоа! Гвујо, Бане, Хорхе и една тајфа политички новинари. Зркнати пред ТВ слушаат бљувотини од ...бљувотини :)

Останатите или на ФБ, форум, можда со дечкото/девојката да прошетаат низ населба и да си ги кажат фрустрациите и дец ит.

12 саатот в кревет...можда 1.

И така 24х345. Забележете. 345! 20 дена одмор што подразбира печење ко ракови на плажа во Охрид, пардон Грција и/или потење ко свиња на планина успат те фаќа грб од ладниот водух (оти ни е смачено да се капиме во езерска/морска вода или скришно се срамиме од салото), да не зборуваме за нешто полошо, пример...дијареа...

...И муабетот ми беше...

Преку курац!

Не знам за вас, но ова ептен ебава в мозок! Буквално се чувствувам како некоја пружинка во некоја голема машина. Таа позиција фала Богу (што сум паметен и скромен) ја добив што си го пореметив газот од учење и лечење комплекси на професори и однедадеш добив тапкање по рамо „Браво...готово...си се среди ти“. ЏИСЗ! Is that IT? Завршив факултет и сеа со гордост можам да кажам дека сум дел од Машината?!

Чаре?

Неам...

Ум...уште помалку.

Помош...очајно многу! Не ментална ами советодавна.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Да не ти го укакам преубавиот пост што премногу ми се допадна,би рекол дека да така е.Се се врти околу парите и ние сме нивни робови сун ор лејтр.Еве една статија не знам дали ја имало до сега на формов
30-годишниот Британец Mарк Бојл се одрекол од користење на пари во ноември 2008 година и од тогаш живее во...
... приколка, која е паркирана на органска фарма во близината на Бристол.
Бојл на фармата одгледува храна за сопствени потреби, користи печка на дрва и произведува струја со помош на соларни плочи.
Зa комуникација со светот користи мобилен, исклучиво за да прими повици и лап топ кој работи на соларна енергија.
Британецот пред шест години станал вегетаријанец, а во 2007 година ја основал социјалната мрежа "Freeconomy", која денес има 17.000 членови.
Бојл од својот "шворц живот" собрал искуство кое му помогнало да ја напише и првата книга "The Moneyless Man: A Year of Freeconomic Living".
Идејата за ваквиот начин на живот вели дека ја добил разговарајќи со некој пријател за актуелните проблеми во светот, по што дошол до заклучок дека сите се поврзани со парите.
"Одлучив да се откажам од парите. Го продадов бродот во кој живеев и дадов отказ во фабриката за органска храна.
Направив листа на се што купував и се обидов да најдам начин како да дојдам до нив без пари", изјавил Марк.
Тој вели дека да се живее без пари е возможно, но за се е потребно повеќе време.
За перење облека со ладна вода и импровизиран прашок потребни му се два часа.
"Проектот трае една година, но јас толку уживам во ова па решив да продолжам да живеам вака.
Никогаш не сум бил посреќен и во подобра физичка форма", додава Марк.

Поентата на крај убаво си кажа се иде шематски и јас ќе финиширам не крај ќе умреме,не нема,tne end.
Поента никаква.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Секојдневието е тешко за преживување, особено земајќи предвид дека сите страшно мразиме рутина која е опасно здодевна и не ни го покачува адреналинот.Кога можете да одредите како точно ќе ви се одвива денот, а отприлика сите си знаеме што носат нашите 24 часа го губите елементот на изненадување и штимунгот за било што се губи. И немој некој да ми го поврзе начинов на живот со капитализмот, секојдневието си е секојдневие без разлика во кој систем се живее, сакам да кажам рутината е таа, ќе си ја научите без разлика во кое време живеете. Има една друга работа што мене страшно ме нервира кај сите нас кои го преживуваме секојдневието, сите го мразиме, ама штом се случи нешто што ќе ни го растресе тешко и ќе ни ја уништи удобноста на рутината молиме назад да се врати стариот комфор, вкусот на утринското кафе кое секогаш е исто, осаменоста која некоја болна љубов ја прекинала, истите муабети кои ги кршиме со пријателите, познаниците и колегите и се оди под графата ИСТО. На човек му се потребни желби и мотиви за да функционира, доволно е едно НЕ за да се здобие со мотивација, ете толку треба за мазохизам. Јас тврдам дека да се помине истата саатница во денот не е воопшто страшно колку што е тешко да се преживее бура во животот, болест , скршено срце што сака нека е .. никој не ги посакува. Ама ако имате доволно и можете да си ги спружите нозете во фотељата без да ве боли глава за било што, што би рекла јас имате комфорна просечност, тогаш што му фали на тоа што кафето има ист вкус?
 
Искрено се си мислам дека човекот со подобро обезбеден живот и капитал има многу пати избор дали да ја тера таа иста здодевна шема или не.Тој другиот едноставно нема избор.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Монотонијата во основа се созадава и да седите дома и да одите на работа. Точно беше кажано погоре. Не е битно во кој систем припаѓате.

Финтата е во тоа што како човечки сусштества не сме стимулирани да креираме, да твориме од наши побуди туку одработуваме туѓи цели и желби. Животни од зоолошка. Стануваме, јадиме, сексаме, работиме, спиеме... Рутина....шаховско поле...никаква интелектуално , духовно , уметничко whatever ...проникнување во животот. Обврски...обврски...обврски. Редослед...коцка...узди. Ако посегниш по нешто ново сигурно има дежурна рака која те плеснува и ти вика „Таму ...џиш!“.
 
Делумно се согласувам со тебе, според мене макар што многу често правиме нешто што МОРАМЕ постои нешто што МОЖЕМЕ и сакаме да го направиме. Креативноста се поттикнува на различни начини, не мора веднаш да се поврзува со професија, затоа луѓе измислиле хоби за релаксација. Тврдам дека човек може да твори и да се забавува. Монотонијата многу често е резултат на лична прецепција, не секој го доживува својот живот како здодевен зашто денот му е ист.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Ај ќе анализираме 2 општества.

1) Македонија

Доаѓаш од работа. 90% од македонските работници се под постојан притисок дека ќе ја изгубат работата ако неколку пати не ги исполнат критериумите на работодавецот ИЛИ си имаат работа со медиокритети и газолизачи што ги ставиле на раководни функции најчесто со партиска книшка и неможат да излезат на крај со нив.

Доаѓаат дома психички отепани. Фамилија, сметки...

...Мала плата. Хобито бара пари. Било кое хоби бара пари. Самите ниски плати кај нас те тепаат и те демотивираат.

2) Запад

Патуваш на работа 2 саати. Работиш ко коњ, што сепак на крајот од неделата ќе те потапкаат по рамо и ќе ти речат браво. Ако не се покажеш некој од HR ќе те предупреди и пак ако не се покажеш леташ ко партал, што треба да бидиш ептен деген тоа да си го дозволиш. Доаѓаш после 2 часовно возење дома. Вечераш. Фамилија? Деца? .....ер...Хоби?
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Фолцико , ти се смачува од животот?
Од што точно , од тоа што внатре во машината е труло , и излитено , или тоа што надвор е досадно , и осамено...
Или едноставно те нервира звукот што машината го прави ?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И немој некој да ми го поврзе начинов на живот со капитализмот, секојдневието си е секојдневие без разлика во кој систем се живее, сакам да кажам рутината е таа, ќе си ја научите без разлика во кое време живеете.
Еве јас го поврзувам начинот со живот со капитализмот.
Или мислиш дека функционирањето во дадените параметри по кои мора да се функционира се некако “магично“ одделни од економскиот модел?
“Пушти го ти сеа овој типов со крвав нож шо го фативме на 10 м од лешот, да видиме форензиката шо ќе ни каже“ хахах

Монотонијата во основа се созадава и да седите дома и да одите на работа. Точно беше кажано погоре. Не е битно во кој систем припаѓате.

Финтата е во тоа што како човечки сусштества не сме стимулирани да креираме, да твориме од наши побуди туку одработуваме туѓи цели и желби. Животни од зоолошка. Стануваме, јадиме, сексаме, работиме, спиеме... Рутина....шаховско поле...никаква интелектуално , духовно , уметничко whatever ...проникнување во животот. Обврски...обврски...обврски. Редослед...коцка...узди. Ако посегниш по нешто ново сигурно има дежурна рака која те плеснува и ти вика „Таму ...џиш!“.
За тоа да биде така, а е така треба да има економски и социјален систем во кој за да функционираш и да може да опстанеш треба да ги повторуваш истите работи цел живот и да се предадеш на рутината сметајќи дека еден ден ќе уживаш во плодовите на својот труд, а ако си религиозен во рајот...

Погодете од три пати за кој економски модел се работи...

Одговорот е во времето од кои се состои еден ден т.е 24 саати и едноставна математика...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Па што не ја напуштите машината?
Нема да бидете робови, ама нема да возите автомобил, нема компјутер, нема телевизија, нема мобилен итн...
Ќе си најдеш некое островче (читај парче земја) на кое ќе си живееш независен од погорните работи...

Ама проблемот луѓе, не е тој, проблемот секогаш и сега била елитата.... али за ова на друга тема... некогаш ко ќе сум расположен за пишување. :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.507
Поени од реакции
1.726
затоа постои годишен одмор. за побегнување од машината
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
369
Поени од реакции
700
Почетниот пост совршено го доловува секојдневието, односно навиките.
По навика кога стануваш уклучуваш телевизор и ги гледаш оние окезени фаци додека го пиеш кафето. По навика кога си со пријателите се смееш на веќе одамна слушнати шеги. По навика глумиш изненаден од настан кој ти го приредила девојката, а кој потсвесно си го очекувал. По навика кога одиш да го видиш внукот му купуваш киндер чоколадо.
Чаре? Пред да дојдеме до чарето (јеп, нема да дојдеме) погледни ја птицата која долго време живеела во кафез. Кога ќе и ја отвориш вратата од кафезот, ќе излезе, но за брзо време ќе се врати во него. Кафезот е нејзината сигурност. Нашите навики се нашата сигурност. Сè додека сме паразити заробени во нашите навики, ќе стоиме цврсто на земја... што е прилично зезнато, затоа што здосадува брзо.
|Volkswagen|, честито, сега си дел од машината. Јас лично не сум во истата машина како ти, но приближно слично срање е и кај мене.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
А кој колку е подготвен да ја напушти Машинеријата?Ние многу повеке сме зависни од неа одколку што мислиме.Тоа бара големи откажувања од претходниот у наводници живот.
Да..таа вечна рутина ..се станува ,се оди до купатило и се собира еден голем балгам наталожен :),се пие кафе,се оди на работа-се раскажува шеКерезад(кај што се е прикажано совршено-сите имаат пари и куќишта огромни ама љубовта ги мачи...)и аутоматски или полуаутоматски личноста која е изложена на таков вид нископроФилни мувис,се предава во вечната сторија за Љубовта меѓу Принцезата и Убавиот Звер,кај што секојдневно се прави паралела меѓу личната приказна и таа УБАВАТА ...и фала богу тука се јавуваат тешки фрустрации -А оти мене маж ми не ме сака вака,а оти он не е фин како онур,оти тие вака живеат а ние вака...ама ако..ај ке дојде подобро,ке биде.У меѓувреме мајката го подготвува синот како наследник на куќата и тронот да биде copy paste како некој жалосен,мизерен,патетичен-ама аристократски тип на човек од ТВ каналите врежан во подсвеста на обичниот човек.У меѓувреме таа личност што ги следи модните безопасни телевизиско прикажани трендови,упорно настојува да ти посочи и да ти каже what life really is и како да се живее правилно и во согласност со машинеријата.Зошто секое неконвенционално понашање значи вртење грб и осрамотување на фамилијата(ПР-ауу татко му беше фин човек,шо вака воа дете почна со филозофии и да се облекува така чудно).Всушност едни со други сакаме да ја Чуваме машинеријата од "расипување" а притоа се расипуваат нашите едни и единствени дадени животи,со мизерни тривијалности и замарање со туѓи животи.Замарање со нешто...(in his mind)било што,макар и глупост,само да го почуствувам својот идентитет и да се почуствувам жив во воа мртво и ретроградно општество,без притоа ставање на тест на својот ментален капацитет и неговите можности...
Абе ќути арна е и ваа работа шо ја имам...
Крај. :smir:
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
А приметуете дека она што го пребацувате од шупље у празно у секој нареден пост е недостигот на нивното височество - пари? :) Порано се викаше немаштија, сега дознав дека се викало “машина“.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Можеби и проблемот сепак не е проблем.
Може е радосна вест , оваа монотонија.
Можеби стварно иде денот кога ке прејдеме у наредно ниво.
Само се надевам дека ке биде квантен скок , а не како у изреката да си останеме модерни луѓе.:)
Modern man is the missing link between apes and human beings.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom