Дали љубомората е болест? Може ли да се искорени?

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ja imav edna zenska na vremeto bese ljubomorna i stalno se filmase nesto kao kaj si sea kaj ti e kurvata izmisluvase sve i svasta a ja i vikam mori tikvo ne ti lici zgodna si ona vika demek deka me saka ama stvarno preteruvase i pretese ke vidis ti a si izmislja nema veze i vikam ja znam sto praev ili ti znaes? Ko ja sto ne znam sto si praela denes nego ti veruem na zbor taka i ti sto god da kazam samo jas znam sto sum prael denes i taka ostanue samo da si iame doverba i epten me zamarase ama ete cudna rabota sekakvi ima...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Љубомората е болест, имам доста другари што се тешки љубоморџии. Јас така ја гледам љубомората-како болест.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
35
Секој човек е љубоморен се додека не ја најде личноста на која ќе и верува. Тука сигурно нема да има љубомора туку разбирање. Љубомората е чувство предизвикано од стравот да не се изгуби саканото а чувството на страв од недовербата во својата способност да се задржи истото.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Љубомората можеби не е болест ама те прави болен .
Има многу завидливи луге на денешницата, кој никако кога се околку тебе не може да уживаат во твојата сила убавина.....не свакајки дека ако ти си појајк автоматски се и они појаки .
ке го заавршам постот со една мудра мисла .
Ако сите си го метат сопствениот двор ,светот ке биде најчисто место за живеење .
п.с за жал некој не гледаат во споственито двор туку секогаш во тугиот .
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Љубомората е болест само ако надмине одредени граници.
Значи во мали дози е дури препорачлива, така партнерот/ката ќе увиди дека се грижите за него и дека не ви е сеедно. Тоа може да ја разгори страста меѓу двајцата.
Ама ако прерасне во болна љубомора...следење, кавги, недоверба, па дури и физичка пресметка...подалеку од таква личност..зошто такви ситуации знаат да завршат и фатално.
На такви лица навистина им е потребна стручна помош.
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Љубомората е болест само ако надмине одредени граници.
Значи во мали дози е дури препорачлива
Супер кажано :) И не само во љубовните врски , туку љубомората во мала доза додава на самоподобрувањето кај
луѓето. Сакаме да сме како тој/таа , да имаме што тој/таа има , и ако за да го постигнеме тоа решиме да се подобриме себеси , место да им наштетиме нив , тогаш сме го направиле вистинскиот избор и накрај љубомората била таа која ни дала дополнителна мотивација да се подобриме. А , инаку , не би ја сметал за болест. Повеќе ме влече на природен начин на размислување , чувството за превласт и за самоугодување кое неможе да биде постигнато без да се седне на тронот каде некој друг моментално седи. Ако прерасне во опсесија и фиксација која нема да ни дозволи да мислиме на ништо друго , и да не спречи да бараме алтернатива за да го постигнеме истиот успех , туку не влече на размислување на саботирање на личноста која е предметот на љубомората - тогаш веќе имаме проблем.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Супер кажано :) И не само во љубовните врски , туку љубомората во мала доза додава на самоподобрувањето кај
луѓето. Сакаме да сме како тој/таа , да имаме што тој/таа има , и ако за да го постигнеме тоа решиме да се подобриме себеси , место да им наштетиме нив , тогаш сме го направиле вистинскиот избор и накрај љубомората била таа која ни дала дополнителна мотивација да се подобриме. А , инаку , не би ја сметал за болест. Повеќе ме влече на природен начин на размислување , чувството за превласт и за самоугодување кое неможе да биде постигнато без да се седне на тронот каде некој друг моментално седи. Ако прерасне во опсесија и фиксација која нема да ни дозволи да мислиме на ништо друго , и да не спречи да бараме алтернатива за да го постигнеме истиот успех , туку не влече на размислување на саботирање на личноста која е предметот на љубомората - тогаш веќе имаме проблем.
Не се согласувам комплетно. Љубомората нималку не треба да биде мотивација за самоподобрување. Мотивацијата за самоподобрување треба да биде желба што ја имаш ти, за да бидеш добар во нешто што го сакаш. Ако ти се водиш да бидеш подобар од таа/тој, ти уствари ќе копираш само за да станеш подобар од таа персона на која и љубомориш, тоа не си ти. Таквата љубомора секогаш прераснува во онаа лошата, патолошка. Јас сум среќен, што незнам да бидам љубоморен на некому за нешто или на било кој начин. Тоа ми дозволува да јас лично бидам причината за тоа каков сум, што сум, што ќе бидам. Лично мои одлуки, кои не се споредени со некого или со нечиј туѓ успех. Го немам оној момент кога некој ќе постигне повеќе од мене во одредена цел, и да го погледнам со презир, туку ќе отидам и ќе му пружам рака, со почит. Тој успеал подобро/побрзо од мене, зошто да не? Немора јас да бидам сезнајко и најдобар. Доволно ми е за моите потреби да го имам тоа што ми треба. Ништо повеќе.

Знам сега ќе рече некој, а што кога девојка ти искочи со некого а не ти каже. Или пак има другар со кој е доста блиска? Одговорот е многу едноставен, пак не би имал причина за љубомора. Можам да ја ставам во група од 500 машки, нема никого од нив да го погледне на начинот што ме гледа мене, затоа и ми е девојка. Можам да и верувам. Крај на приказна.

Over & Out.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Љубомората е една врста на страв, а лекот е довербата




Коренот на љубомората е грешната вера (недоразбирањето) или неверата (недовербата). Личноста којашто е љубоморна не ја познава сопствената вредност од аспект на вечноста (во очите на Совршениот БОГ) и затоа се чувствува помалу вредна од другите и постојано се плаши дека посакуваната личност - наместо неа - ќе избере една друга личност.

Лекот за оваа деформација е потполната вера во Совршениот БОГ, потполната доверба во Неговата Мудрост и избор на партнер/ка кој/а ќе има ист или сличен светоглед.


Само врските и браковите кои се вистински градени врз Темелот на Совршената Љубов, остануваат несрушени од бурите и тајфуните на овој свет!






 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Само врските и браковите кои се вистински градени врз Темелот на Совршената Љубов, остануваат несрушени од бурите и тајфуните на овој свет!
Само врските и браковите кои се вистински градени врз Темелот на Совршената Љубов, остануваат несрушени од бурите и тајфуните на овој свет koj што е.........

Продолжи ја мислата, кажи каков е и кој го создаде.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.409
Поени од реакции
4.781
Се прашувам,зошто мора нашето мило мозоче секојпат да става рамка и дефиниција на душата и нејзините потреби?

...изгледа оти како орган без неа нема никаква вредност:)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
По дефиниција , болест е абнормална телесна состојба. Љубомората е емоционална состојба , значи е производ на биохемиски процеси во мозокот и нивна интеракција со околината.
Доколку љубомората е фактор кој негативно влијае врз функционалноста на организмот (овде се разбира станува збор за видливи ментални и физички пореметувања) , тогаш љубомората е дијагноза која треба да се следи и лекува.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Љубомората е предизвикана од себичноста.
Ќе постои се додека постои индивидуата.
Кога ќе прекине да постои(односно ке се "стопи") во "Целото"
ќе престане и себичноста а со тоа и љубомората да постои.
Во било кој случај љубомората ќе биде потискана кај "попаметните" или игнорирана од идиотите.
Немој некој да ми е љубоморен за постов!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom