Си одиш дома, си одиш од партнерот. Љубомора во јавност, можеби грешам но, не е нормална работа. Или партнерот ја предизвикува и со него нема што понатаму во животот, или ние сме станале преопсесивни со таа личност, што исто така не е нормално, бидејќи таму љубов нема, туку некаква его игра со себе... :nesum:
Што знам...Единствениот партнер за кој можам да речам дека вистински го сакав, трпеше итекако од моите јавни испади.
Не дека намерно го правев тоа, ама кога ќе го осетев љубомора, никако не можев да се воздржам и уште истиот момент почнував да го испрашувам, да беснеам и, понекогаш, пред сите да ја покажам мојата посесивност. И тоа не еднаш или двапати, него стана као редовна рутина у повеќе годишната врска.
Значи да, имаше опсесивност од моја страна, али убедена сум дека имаше и љубов, па баш поради неа се ствараше и паника дека ќе го изгубам.
Плус, и сум приметила дека, кога не осеќам љубомора, јас не осеќам ни љубов, туку нешто као рамнодушност. Оттаму, мислам дека не може да се оттргне љубовта од љубомората целосно.