Никој и никогаш,ја нема(л) таа сила за да може да промени име и идентитет на еден цел народ.
Нема ни да ја има.
Се останато е техничко прашање и е дел од напорите да му се одземе правото на државност токму на македонецот.
:bravo:
Ако македонската елита и мнозинството од Македонците не сакаат сличен компромис - вероjатно Албанците ќе побараат друг, одделен пат кон евроинтеграциjата. Во тоа е и наjголемиот ризик со неменувањето на името Република Македониjа.
Како тоа Албанците ќе посакаат друг пат? Кој е тој друг пат? Само они ќе влезат во НАТО и ЕУ? Ќе направат војна? Кој ќе застане на нивна страна ако се случи тоа? Албанците, како што ние имаме трпение за се од нивна страна, треба да имаат трпение за нас (етничките Македонци). Куќа од темел се прави....
Европа убаво ни кажа уште 1992 година
“The European Council reiterates the position taken by the Community and its member States in Guimaraes on the request of the former Yugoslav Republic of Macedonia to be recognized as an independent state.
It expresses its readiness to recognize that republic within its existing borders according to their Declaration on 16 December 1991 under a name which does not include the term Macedonia.”
- Лисабонска декларација од 1992 анекс 1
Како што тогаш не го прифативме тоа, така и сега не треба да прифатиме да ни се диктира од надвор. Но, наместо тоа ние немаме единствен став (влада-опозиција). Опозицијата бара Грујо политички да се самоубие и да го смени името, но со што ќе владеат они после? А, ако СДСМ се врати на власт, не верувам дека и тие ќе се залетаат да го сменат името (ако му се верува на Бране и тоа што го кажа пред Собранието на ООН). Се надевам дека Груевски не е толку наивен да мисли дека промена на името ќе му помине така лесно, а од друга страна не верувам дека ниту Црвенковски би се вратил на власт да го направи тоа. Со други зборови, колку и да звучи неверојатно, верувам во патриотската определба на нашите политичари (со некои исклучоци - Тито Петковски, Љубчо Георгиевски, Стојан Андов).
Името единствено можеме да си го смениме сами, за што веќе година и кусур се работи интензивно, што преку НВО сектор, што преку ширење дефетизам (како насловот на темата). А, ако го дозволиме тоа ние обичните луѓе без да се бунтуваме, тогаш можеби и сме заслужиле таква судбина.