Политиката свесно и намерно го одржува во живот спорот за името и не го разрешува, оценува американскиот конгресмен од редовите на Демократите, Ерл Померој.
Сепак, тој се надева дека посмирените умови во двете држави ќе најдат одговор и решение на овој проблем.
Американскиот конгресмен е македонски лобист и за неговите залагања доби награда од Обединетата македонска дијаспора.
„Упорност, упорност, упорност! 120 земји во светот ја признаа Македонија под нејзиното уставно име - Македонија. Никако не е соодветно една земја да се обидува билатерално прашање за да запре друга земја за да учествува во Заедница на нации, во случајов НАТО, нашиот заеднички и безбедносен сојуз“, изјави Ерл Померој.
„Прашањата што треба да одредат дали една земја е членка на Алијансата се одбранбени прашања, а не неодносни прашања за името, билатерален спор, што ја попречува меѓународната заедница. Се надеваме дека може да се најде решение, да биде јасно - политиката на Грција, а можеби за некои дури и политиката во Македонија, сака да ја одржува жива битката, наместо да ја разреши“, вели Померој.
„Се надевам дека по смирените умови и желбата за мир меѓу сите луѓе значат дека ќе успееме да најдеме одговор на ова прашање. Не е лесно, воопшто не е лесно, но ако останеме посветени на него мислам дека ќе се случи“, додаде тој.
Во САД постои мошне моќно грчко лоби, Хеленскиот кокус. Дали денеска оваа средба можеби е почеток на неформална група во Конгресот што се залага за Македонија?
„Јас сум од малубројна сојузна држава Северна Дакота, рурална држава, но тоа воопшто не значи дека малите држави не можат да имаат голем глас. Така мошне сум задоволен што се собра дијаспората на Македонија. Можеби ќе нема толку Македонци кои ширум САД ќе организираат и финансираат лоби големо колку што е грчкото, но прашањето не е во тоа - се работи за тоа што застапувате“, изјави конгресменот Ерл Померој.
„Во случајов, според мое мислење, правдата е на страна на Македонија и на крај, прашањето мора да биде решено соодветно на тоа“, додаде Померој.
А1