- Член од
- 31 јули 2006
- Мислења
- 2.537
- Поени од реакции
- 700
Нема полнење, ти само ја канализираш таа енергија. Збориме за Ки, Чи - за животната енергија што не опкружува сите и што тече низ сите нас. Има техника како да се “уклучиш“ и “исклучиш“, иако технички тоа не е навистина можно - енергијата си тече без разлика. Битна е намерата во овој случај.Незнам апсолутно за реики ништо, каков е начинот на полнење со оваа енергија и како ја чуствуваш енергијата физички?
Дали чуството е силно и пријатно односно дали се чуствува многу забележително за време на полнењето?
Дали концентрацијата е само со чуства или заедно и со мисли?
И дали влијае врз потребата на телото за вода?
Колку време трае таа енергија после полнењето и како се резултира на нашето расположението?
И дали ако човекот излезе од "такт" таа енергија ќе се разбранува односно излезе?
Знам дека кај секого се чуствува различно, но дали можеш да опишеш
како ти го чуствуваш и доживуваш тоа?
Не, енергијата не влијае врз потребата за вода.
Дали влијае на расположение? Па, после иницијацијата (attunement) телото треба да се навикне на енергијата. Доста пати негативни особини и потиснати емоции ќе излезат - ова е како прочистување.
Па, не може да излезе од такт со енергијата. Ако не се практикува едино што може да се деси е да прекинеш да ја осеќаш, што не значи дека не е присутна. Осетот ќе се врати кога ќе се почне со редовно канализирање пак.
Јас највише ја осеќам на дланките, како скокоткање - особено ако почнам да размислувам за енергии од било кој вид. Додека ја канализирам, дланките ги осеќам жешки - мада не се топли на допир. Кога праќам на некого, зависно од потребата на таа особа - ја осеќам како тегнење некакво би рекла.