Дали човекот може да живее сам?

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
може да живее....ама не долго
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Едно е дали може, друго дали треба, трето дали сака, четврто дали...... и 10000000000 дали натака.

Ако е прашањето дали може, одговорот е може.
Не станува збор каков живот и што ќе има..... тоа е веќе друго прашање
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.860
Поени од реакции
29.726
jasno deka mozhe ., materijalistichki ., ke jade korenja ., ., polzhavi kolku sakash., kapini ., divi krushki ., i ostanali raboti ihaa., no shto koga ke se svesne deka sepak e sam so sebe i nishto drugo:sneaky:
 

Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Физички ќе преживее , психички ќе отиде у ку*ац уше првата година .. Ние сме социјални суштества , без контакт , разговор , однос со друго човечко суштетсво се запага у депресија па од таму се иде накај лудост , па дури може да заврши и со смрт ..
 
Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
Да да може да живее ама извесен период.. Да кажеме година дена или две и после ќе Умре од депресија хехе :)
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Може да живее, зошто да не? сепак се зависи до карактерот на човекот, до тоа кој колку е индивидуалец и колку има потреба од други луѓе. Секако дека некој со слаб карактер нема да може да живее сам долго време, но силните и големите луѓе можеби и подобро ке живеат сами.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Да си доволен сам за себе,да си ги знаеш слабостите и добрите страни и да уживаш во слободата и во независонста тоа е успех.После сето тоа доаѓа пријатели,љубов итн.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Физички ќе преживее , психички ќе отиде у ку*ац уше првата година .. Ние сме социјални суштества , без контакт , разговор , однос со друго човечко суштетсво се запага у депресија па од таму се иде накај лудост , па дури може да заврши и со смрт ..
Да, ќе умре од досада. :ROFLMAO:
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
Еј добра тема !... хах!.. Види, нема тука двоумење дека човекот е суштество кое е „осудено“ да живее во заедница. Но тука прашањето е во каква заедница би можел човекот да живее. Ова ме потсеќа на еден филм со Ентони Хопкинс и Куба Гудин Јуниор, каде што Хопкинс е еден антрополог што ќе истражува горили во Руанда и до толку ќе се зближи што на крај тотално ќе се отцепи од човечката цивилизација т.е. заедница. Според тоа, човекот ако се роди меѓу животни (зборуваме хипотетички), тогаш постои можност и да живее со животните во заедница. Но тука, треба да го одвоиме значењето на зборот заедница, од аспект на човекова цивилизација и општество, и заедница кај животните, бидејќи и животните живеат во заедница, но не онака организирана како човековата. Шо знам, волците, тигрите, лавовите живеат во глутница, не знам, антилопите во крдо или стадо (не знам како е поправилно), мајмуните исто во некаков вид си глутница или стадо,, шо знам како антрополозиве и зоолозиве го нарекуваат тоа... Како и да е, сепак постои кај животните една заедница, во која што мислам дека човекот може да се вклопи. Прво, од причини што токму затоа што заедницата на животните е основата и за човековата заедница, Мислам дека дури и самиот Чарлс Дарвин набљудувајќи ги горилите и тоа како тие се хранат, групираат, спијат и мигрираат од едно мест до друго, извлекол заклучок дека и првобитниот човек сигурно живеел во слична заедница како и горилите. Што во суштина подоцна и е потврдено од страна ана археолозиве и антрополозиве што копаат низ Африка (и шо знам каде не). И второ, имајќи го в предвид фактот дека животните немаат свест и не еволуирале до степен да можат поорганизирано да раководат со нивната заедница, односно нивната заедница е произлезена од потребата за репродукција и прехрана, па така и во тој поглед на човекот не би му претставувало проблем да се вклопи, но тука има еден интересен факт а тоа е дека тој ќе може да ги разбере потребите на животните, но не и обратно, туку тоа би било само еден однос базиран врз егзистенционални потреби. Дури и да отиде во крајност, која сигурно и би се појавила како неминовност, а тоа е култивација и припитомување на животните околу него заради лични потреби.

И за крај, единствен проблем тука претставува репродукцијата. Ако земеме подпретпоставка дека еден човек живее во заедница со животни, од роџење (као Могли), многу е веројатно да тој човек проба, онака „егзибиционистички“ да се репродуцира со животното во кое што живее во група. Можеби најпрво од задоволство, бидејќи како човекот расте, свесно или не, тој сексуално се развива (абре хормони - фрче, фуче, шприца!!! ахаххаа), но се до моментот кога свесно ќе увиди дека нема да ја оствари целта. Е тука во суштина лежи клучното прашање - Што понатаму? Или може да се мрдне, па тотално да се одвои и као самец да живее, барајќи ја „идеалната“ т.е. спојката слична по него, или свесно да го прифати фактот таков каков што е. Но и во обата случаи, сметам дека ќе си умре сам, што во ваква претпоставена ситуација е неминовност. (бај Д веј, бидејќи е сам, тука секако потребите и перцепциите што влијаат врз него, и тоа како ќе бидат причина за постанок на други работи поврзани со неговиот живот, како на пример анимизнот, анимализмот, тотемизмот како прапочетоци на религијата - мислам не за друго сепак ќе биде сам, па во таа насока и ќе му бидат неговите измислени претстави за појавите околу него).

Толку,. ај доста беше..
 
I

Ivanovska

Гостин
Може да живее ама не цел живот. Инаку нема ништо поубаво од некое време (ова како одмор би му дошло повеќе) да живееш сам. Наутро никој не тропа одејќи на работа, никој не ти збори дека толку седење на пц е штетно, дека мора да се јаде барем 3 пати на ден и овошје и зелечнуќ за меѓу оброци, преку школска година дека поважно е учењето од скитањето, дека си веќе голема и треба да бидеш одговорна (а ти по одговорна од тоа што си веќе неможеш ни да бидеш!), да ги слушаш како тоа требало да биде овака, а не онака итн. :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас се` би дал да живеам сам. Некаде далеку од цивилизацијата, далеку од луѓето, далеку од се`. Некаде каде ќе можам да уживам во тишина и темница. Некаде...далеку од Земјата.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Зависи каква е ситуацијата.. пред некое време зборував за тоа со татко ми. Ако јас сега отидам во шума изолирана, како Могли што велиш.. можеби ќе се дружам со животни, и секако дека ќе разговарам со нив, затоа што тоа ми е секојдневние, сфаќаш? Само што незнам колку ќе издржам така.. А ај еве да речеме, знам дека шансите да те остават на 2 год. во шума, и да преживееш се многу многу мали зар не? Ама замислете си.. и кога ќе пораснеш ти ќе се однесуваш како што се однесува твојата околина..значи ти нема да знаеш да зборуваш, а нема да се однесуваш ни цивилизирано..а тогаш секако дека ќе успееш во таква околина.
Ок. малку можеби отидов оф топик ама сакав само да кажам дека се зависи од ситуација . Јас мислам дека човекот може да живее сам, зашто човекот на се се прилагодува, а и доколку нема можности да биде меѓу луѓе, бадијала и да посакува кога нема да може да биде меѓу нив.
 
С

Сатори

Гостин
Да си бевме доволни сами на себе ќе бевме Богови.
Човекот се раѓа во заедница, поминува низ процесот на примарна социјализација и станува дел од општеството, свесно или несвесно е програмиран да функционира во системот.Се понатаму до моментот на луцидност почнува да се базира на избор.
Но, на било кој од нас, може да му фали само она кое што го спознал, никогаш она за кое што не знае дека постои.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.924
Поени од реакции
1.447
Не бре!
Човештвото е организам.
За преживување на човечкиот вид е потребно размножување, не може сам еден човек - тАчка.

Коментри од типот на зависи, па ова па она, сето тоа се ташаци во ветер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom