Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?
Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.
Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?
Ваши ставови...
Еј добра тема !... хах!.. Види, нема тука двоумење дека човекот е суштество кое е „осудено“ да живее во заедница. Но тука прашањето е во каква заедница би можел човекот да живее. Ова ме потсеќа на еден филм со Ентони Хопкинс и Куба Гудин Јуниор, каде што Хопкинс е еден антрополог што ќе истражува горили во Руанда и до толку ќе се зближи што на крај тотално ќе се отцепи од човечката цивилизација т.е. заедница. Според тоа, човекот ако се роди меѓу животни (зборуваме хипотетички), тогаш постои можност и да живее со животните во заедница. Но тука, треба да го одвоиме значењето на зборот заедница, од аспект на човекова цивилизација и општество, и заедница кај животните, бидејќи и животните живеат во заедница, но не онака организирана како човековата. Шо знам, волците, тигрите, лавовите живеат во глутница, не знам, антилопите во крдо или стадо (не знам како е поправилно), мајмуните исто во некаков вид си глутница или стадо,, шо знам како антрополозиве и зоолозиве го нарекуваат тоа... Како и да е, сепак постои кај животните една заедница, во која што мислам дека човекот може да се вклопи. Прво, од причини што токму затоа што заедницата на животните е основата и за човековата заедница, Мислам дека дури и самиот Чарлс Дарвин набљудувајќи ги горилите и тоа како тие се хранат, групираат, спијат и мигрираат од едно мест до друго, извлекол заклучок дека и првобитниот човек сигурно живеел во слична заедница како и горилите. Што во суштина подоцна и е потврдено од страна ана археолозиве и антрополозиве што копаат низ Африка (и шо знам каде не). И второ, имајќи го в предвид фактот дека животните немаат свест и не еволуирале до степен да можат поорганизирано да раководат со нивната заедница, односно нивната заедница е произлезена од потребата за репродукција и прехрана, па така и во тој поглед на човекот не би му претставувало проблем да се вклопи, но тука има еден интересен факт а тоа е дека тој ќе може да ги разбере потребите на животните, но не и обратно, туку тоа би било само еден однос базиран врз егзистенционални потреби. Дури и да отиде во крајност, која сигурно и би се појавила како неминовност, а тоа е култивација и припитомување на животните околу него заради лични потреби.
И за крај, единствен проблем тука претставува репродукцијата. Ако земеме подпретпоставка дека еден човек живее во заедница со животни, од роџење (као Могли), многу е веројатно да тој човек проба, онака „егзибиционистички“ да се репродуцира со животното во кое што живее во група. Можеби најпрво од задоволство, бидејќи како човекот расте, свесно или не, тој сексуално се развива (абре хормони - фрче, фуче, шприца!!! ахаххаа), но се до моментот кога свесно ќе увиди дека нема да ја оствари целта. Е тука во суштина лежи клучното прашање - Што понатаму? Или може да се мрдне, па тотално да се одвои и као самец да живее, барајќи ја „идеалната“ т.е. спојката слична по него, или свесно да го прифати фактот таков каков што е. Но и во обата случаи, сметам дека ќе си умре сам, што во ваква претпоставена ситуација е неминовност. (бај Д веј, бидејќи е сам, тука секако потребите и перцепциите што влијаат врз него, и тоа како ќе бидат причина за постанок на други работи поврзани со неговиот живот, како на пример анимизнот, анимализмот, тотемизмот како прапочетоци на религијата - мислам не за друго сепак ќе биде сам, па во таа насока и ќе му бидат неговите измислени претстави за појавите околу него).
Толку,. ај доста беше..