Дали човекот може да живее сам?

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Нормален човек неможе никако да функционира сам. Ама баш никако.
Дури и кога иде у затвор се моли да не го стават у самица, њтф? Јеботе со идијоти и убици сум! Зарем не би било најбоље ствар на свет да ме изолираат од нив!?!
Не, коа ќе те стават у соба без скотови и убици се чуствуваш тажно, јеботе..осамено...

Мојот став?

-Не.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Кога човек од мал би живеел тотално сам и не би се сеќавал дека имал мајка, неговите сеќавања би допирале до неговата петта или шеста година на возраст. Не би знаел дека е роден, од никого не би можел да дознае ни дека старее и дека ќе умре. Само би си го следел инстинктот. Би живеел со душа...? Без его...? Не знам, многу интересно, дали егото е нешто што се формира како последица на живот во друштво каде се јавува она од што патиме век и векови - ова е мое! Ако е така, за срамови сме сите какви душмани сме си едни на други. Знаеме дека старееме и умираме и цел живот робуваме на справите за мерење на движењата што го нарекуваме време.

А човек кој се родил и живеел меѓу луѓе подоцна би можел да живее сам без нив, секако не секој, зависно од субјектот. Многу полошо е кога човек живее осамен меѓу луѓето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Еве да замислиме една хипотетичка ситуација каде што една индивидуа се раѓа и е оставена во дом.
При тоа не може да стекне пријатели(од било која причина).
Како мислите дека ќе функционира таа личност?

Или личност која е оставена во шума (како случајот на Могли), кое преживува но не стапило во контакт со луѓе.

Дали човекот е суштество кое мора да функционира во заедница или ќе функционира нормално и како единка?

Ваши ставови...
За овој случај сигурна сум дека ако наеднаш смени средина, значи се пресели во човечка средина, почне да се однесува како човечко суштество, да се облекува, да јаде обработена храна, да пие чиста вода, ќе умре од шокови поради неприсебноста кон живата средина. Не само Могли, има повеќе вистински случаи за кои учевме на школо што пробале да ги приспособат кон човечка средина но не успеале.

Значи, како ќе се научи детето/единката од мало, така ќе продолжи целиот живот. Ако е научен сам, ќе може да продолжи сам целиот живот без проблеми.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
213
Поени од реакции
18
Ke stane osamen , ke stane antisocijalen , ke se pobrka i na kraj ke se samoubie.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Пред извесно време гледав документарец во кој беше изнесена приказната за девојче кое 13 години , односно од најрана возраст, било затворено и заврзано во подрум (да не навлегувам зошто и како). Значи, блиску до нешто што би го нарекле живеење сам и одделен.
Кога ја ослободија, наликуваше на некое диво животно. Светот и луѓето кои ја опкружуваа и беа непознати и ја плашеа.

После месеци работа со психолози и останати стручњаци успеа да препознава букви, предмети и да сврзува некои прости реченици.

Но, и покрај се, не беше способна да говори флуентно, односно не беше во состојба да изговара некои сложени реченици, да поставува прашања...се на се, нејзините когнитивни способности беа непроватно уништени.
Стручното објаснување за тоа беше нешто во стил дека, затоа што немала допир со луѓе и неможела да учи говор и сл. на соодветната возраст, мозокот ги раскинал неуронските врски кои учествувале во тој процес (затоа што не биле користени), па било невозможно истото да го научи било кога во животот.

Се на се, дури и физиолошки сме создадени за да бидеме помеѓу луѓе за да можеме да ја развиваме нашата свесност. Без други, го немаме огледалото преку кое ќе го пресликаме она што не прави луѓе.

Сепак, сосема е друга приказната кога се работи за духовни луѓе и сл. кои сами одбрале изолација.

Но, кога изолацијата е присилно наметната, тогаш последиците се страшни, во најмала рака.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Иако на одредени моменти човекот посака да е сам на планетата после некое време слатко ќе се насмее на тоа што го помислил. Во секој случај кога тогаш ќе се појави осаменост во неговата душа, ќе почне да се чувствува празно и со надеж ќе копнее да здогледа некого. Евентуално можеби ќе опстане мир во неговата душа ако покрај него има куче, коњ...но без други луѓе многу многу тешко.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Процесот на социјализација како и самиот психички развој зависат најтесно од првите неколку години од животот. Во случај каков што посочи, мислам дека е нормално дека би можело да опстане и како сама единка, исклучена од целиот свет.
Сепак, човекот е создаден за да живее во заедници. Не за џабе во минатото се формирале орди, родови и племиња, за денес да се стигне до она што е.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Човекот од најмала возраст е одгледуван и воспитуван од родителите, добива образование, добива љубов, пронаоѓа другари, светот за него е место со различни нации, култури, раси и религии.
Додека лицата кои се израснати далеку од цивилизацијата (дали дивина, пуст остров, во подрум ...) се израснати без воспитување, без образование, без пријатели, без љубов и за нив светот претставува само тоа место што тие го гледаат (дали тие 10 метра помеѓу четири ѕида, дали малата шума, дали малиот остров и сл).

Тоа се диви луѓе.
Можат да живеат, но не како што се очекува од нормален човек. Тие не се научени на цивилизација, нив тоа па им е ненормално. Тие повеќе наликуваат на диви животни, него на луѓе.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Човек може да живее сам. Но тоа каков ќе се изгради ко личност не знам. Тоа што знам дека порано постоеле монаси кои живееле тотално сами. Во некои цркви-пештери. И целиот живот го поминувале во тие пештери. Само се снаоѓале за јадење со лов и скоро целиот живот им проаѓал во молитви. Тие не отиднале таму како деца туку како постари што значи се изградиле доволно ко личности и виделе други људи. Но какви би биле кога би се вратиле после мн години во цивилизацијата не знам.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
[zEUs];2539913 напиша:
Човек може да живее сам. Но тоа каков ќе се изгради ко личност не знам. Тоа што знам дека порано постоеле монаси кои живееле тотално сами. Во некои цркви-пештери. И целиот живот го поминувале во тие пештери. Само се снаоѓале за јадење со лов и скоро целиот живот им проаѓал во молитви. Тие не отиднале таму како деца туку како постари што значи се изградиле доволно ко личности и виделе други људи. Но какви би биле кога би се вратиле после мн години во цивилизацијата не знам.
Еј, дај да праиме муабет за луѓе?..вака безполезна е темава..
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Еј, дај да праиме муабет за луѓе?..вака безполезна е темава..
А по кој основ се тие луѓе ненормални, односно останатите се понормални од нив?
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Само ѕверот може да живее сам...
На сите други им е потребна дружба и шмек
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
А по кој основ се тие луѓе ненормални, односно останатите се понормални од нив?
Луѓе со здрав разум кој донесуваат рационални одлуки.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
човекот е социјално суштество и да живее сам=не живее
 

Kajgana Shop

На врв Bottom