А
Антоние
Гостин
Секако, штотуку наброја детали и ситници кои докажуваат дека човекот врши одредени декларативни услуги на природата, и ова помага да сфатиме дека правиме мали напори да ја заштитиме природата, но ако погледнеме на целината - ова не докажува ништо. Затоа што вистинските гадости што ги врши човекот на штета на природата се толку големи и венални, што бараат да бидат истребени и заборавени на дното на колективната меморија на човештвото. И да, сеуште сметам дека сме како вирус.Ти си генијалецот дома а? Браво, мама сигурно многу те сака.
Чекај да пробам, Човекот е Бог. Размислувајте за ова. :wink:
Вториот болд. Важи, ајде сега ќе се собереме, ја, ти, твојот комшија со голем стомак кој навива за Интер пошто стаил 150 денари сингл, теткицата од први со виклерите у 3 сабајле шо прати кој коа си дошол дома и копиљаците шо врзуваат конзерви за опашките на маалските мачки и ќе дискутираме за нашата еволуција. Кажи само време и место.
Човекот, како битие не е вирус. Човекот е како секое друго животно но во неговата древна, архаична форма. И човекот многу добро знае да ја одржува природа и да се грижи за неа. Дури и во државните закони и програми има задолжителен дел за обновување на шумскиот фонд, строги правила за фабричките филтри и колектори (така ли се викаа?) како и безброј други ситници кои не ги ни приметуваме а би требало да придонесуваат за доброто на земјата врз која газиме. Проблем е алчноста која се покажа како убиствена последнив стотина години а особено последниве педестина се форсира како добра работа и стил на живеење кој е сосема оправдан. Искрено не знам каде ќе не одведе тоа, но, претпоставувам дека многу брзо нуклеарна војна ќе ни објасни каде ни е местото и колку многу сме се претвориле во Содома и Гомора, па Господ кој очигледно ќе бидеме самите, ќе не уништи.
ПС: Моите размислувања не се објективни, ниту пак неопходно мои сопствени уверувања. Тие се само храна за мозокот. Ако не се сложуваш со нив не мора да идеш ad hominem. Не си на средношколска дебата, ебаго :wink: