Дали човекот е нешто повеќе од животно?

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Прочитајте го воведниот пост и постот на ада од прва страна, откако ги избриша постовите што ја насочија темата во погрешен правец.

Де јуре човекот е: животно, цицач, да речеме интелигентен примат односно хомосапиенс.
Де факто: човекот е ѕвер кој прави се буквално СЕ во спротивност со правилата на природата и со своите постапки (ако не се освести) ќе доведе до уништување на животот на земјата.
Бидејќи верувам дека животот (природата) секогаш наоѓа начин да опстане попрво ќе се уништи човекот како вид, па преку нов циклус природата повторно ќе се обнови, и се така во круг пред да згасне целосно животот на планетава со згаснувањето (по многу милиони години) на нашето сонце.

Тоа дека сме способни да се самоуништиме го докажуваме секојдневно, дилемата ми е дали ние како вид сме способни да “еволуираме“ во нешто повеќе од ова што сме денес (ѕверови). Во на пр. така да речам „битија на љубовта“. Бидејќи (мислам дека и во предходниот пост напишав) според мене љубовта е тоа што не дефинира (двои) од останатите “обичните“ животни.

Неколку нелогичности во однесувањето и размислувањето кај луѓето.
Прво за да си ги задоволиме мегаломанските апетити ја уништуваме и обезличуваме природата со градење на секакви неприродни градби (од бетон, стакло, ватевер) со кои што демек си го подобруваме и прилагодуваме просторот за живеење да ни биде поудобен и покомфорен. А од друга страна па имаме нагон да и се вратиме на природата и многу сме поопуштени и ни причинува огромно задоволство кога се шетаме во “недопрена“ природа. Сами ја градиме бетонската “џунгла“ наречена град а после бараме мир и спокојство во викендичка на село,плананина, покрај езеро и слично.
Целосно сме свесни нели за “еволуцијата“ и неопходноста, поради баланс во природата, од сите видови на жив свет кој што се развил, а сепак со нашата непромисленост и себичност спремни сме и во миг (односно мал временски период) да тотално збришеме (истребиме) од лицето на земјата и цели видови на животни. Според теоријата на еволуцијата нели ако се вратиме во минатото (милиони години) и ако убиеме макар и едно според нас небитно животно немора и животно да речеме инсект (пр. пеперутка ) ние ќе ја смениме еволуцијата и кујзнае како ќе се одвивал понатака процесот и кои се животни ќе успееле да опстанат и да се развијат.
А што се прави денес или во скоро минато.
Колку само видови на животни поради човекот се целосно или на раб од истребување. Најкаректеристични примери за уништување на животот од страна човекот во последните 150-200 години се уништувањата во северна и јужна Америка како и во Австралија. Можеме само да претпоставиме какви се последици предизвикала оваа наша, од огромни размери деструктивност, врз иднината на природниот развој на живовотот на овие континенти па и на целата планетата.
Претпоставуваме нели дека во северна Америка диносаурусите се истребени поради паѓање на некој метеор. Да не бил метеорот од пред 65 мил. год. денес кујзнае какви креации на животни ќе имаше настанати со нивниот развој (еволуција). Европјаните отидоа во Америка и покрај индијанците (па то не се луѓе :uvo:) ги истребија и Бафалата и еден куп други животни. Покатасрофални (апокалиптични) сме и од метеори и комети и се заедно. :toe:
Незнам кој имаше напишано ако се вратиме во природа (шума) повторно ќе сме глодале коски од животните и ќе ни се вратела потребата од денес непотребните осмици.
Па како сме тргнале со уништување ќе немаме потреба од многу работи, можеби ќе бидеме само со голема глава и слабуњаво тело, со долги прсти да куцаме по тастатура. Ќе ги уништиме животните ќе си ги замениме со роботи. То ради практичност, не јадатат, не какаат, не мочаат а се послушни и што и да им речеш одма прават. Не ни се потребни ни дрва, ќе си направиме машини што ќе произведуваат кислород. Ма ништо не ни треба и цела планета ќе си ја покриеме со бетон и железо и затворени во френдли евајармет по наш терк ќе си живееме. :uvo:
Кон што не води нашиот самоуништувачи инстикт? Кога ќе “еволуираме“ во зомбија, што целосно изгубиле контакт со реалноста (природата), без физички контакт со нешто ЖИВО, опкружени само вештачки материјали... дали ќе бидеме посреќни? Да живееме и по 200 год. пола од органите си ги смениме со вештаки (подолготрајни) ќе бидеме ли посреќни?
Какви ни се шансите за опстанок ако со време не се освестиме?
Кога ќе сватиме дека од љубов не се живее, ама без љубов немаме иднина и никакви шанси за опстанок???

Јас верувам во љубовта, а ако таа не победи, животот ќе продолжи и без нас како вид. :toe:
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Што не прави различни од ѕверовите ?
-Доколку Хитлер го сметате за ѕвер , а он е човек , тоа значи дека секој човек е способен на таков акт. А убивањето ? Животните не убиваат од задоволство туку да преживеат , зар ние убиваме за да преживееме (освен во самоодбрана) ?
Прашањето е колку сме полоши од нив ако може да ги наречеме лоши. Ајде бе вршиме геноцид , мачиме и уште еден куп работи. Постој само еден ѕвер-ЧОВЕКОТ !
 
Член од
23 септември 2008
Мислења
313
Поени од реакции
7
Единственото нешто што го издвојува човекот од животните е разумот, способноста за свесно размислување за разлика од животните кои ги водат инстикти. Кога човек ќе го загуби разумот тогаш станува животно всушност во одредени ситуации станува и предатор, машина за убивање нешто полошо од животно. Еве на пример, ако човек со 150 IQ побудали можете ли да си замислите за што се е способен?
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Просто и едноставно .. Тоа што не прави различни од животните е нашата СВЕСТ , способноста да сме свесни дека мислиме , дека одиме , дека зборуваме итн .. животните го немат тоа , само ние луѓето го имаме ..

Е дали се однесуваме ко ѕверови ? Да !! Тоа ни доаѓа од нагоните и инстинктот , нешто што ни е заедничко со животните .

Simple as that ..
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57

Да те корегирам само малку , свест има се у овој универѕум , ама разликата мегу човекот и животните е у САМОсвеста што ја немаат животните а ја имаат лугето(со одредени исклучоци , кои важат и за животните и за лугето).
 
РАЗУМ!!!!
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Да те корегирам само малку , свест има се у овој универѕум , ама разликата мегу човекот и животните е у САМОсвеста што ја немаат животните а ја имаат лугето(со одредени исклучоци , кои важат и за животните и за лугето).
Со ова самосвест ако мислиш дали животните се свесни за самите себе односно дали знаат кои се си голема грешка ако мислиш дека ја немаат.
Мајмун стави го прег огледало и ќе почне и да се дотерува (разубавува) ако му дадеш шминка и ќе се нашминка.
Слон, нацртај му црвена точка на чело на пример и постави го пред огледало ќе проба со сурлата да ја избрише бидејќи знае дека не треба така изгледа одноно дека му е додадена.
За многу работи се способни животните само ние сме заслепени со нашата “супериорност“ над нив па не ни сакаме да научиме нешто од и за нив.
Нејсе не е темава за способнста на животните туку за (не)способноста на луѓето, односно за тоа што се е спремен човекот да направи во име на неговата крајно вулгарна себичност.
 
Е добро де , пишав (со одредени исклучоци , кои важат и за животните и за лугето).
 
Belle Demoisell

l'impératrice
Член од
20 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
Се разликуваме ли од животните? Да. Разум...
А токму разумот и свесноста ни ја даваат онаа можност на спосбност свесно да сториме толку НЕчовечки(монструозни) актови, само колку да ја задоволиме сопствената потреба.
Мислам дека тоа не става на највисоката положба на листата на најодвратните суштества на планетава.
Човекот е животно. Поточно кажано монструм. :toe:
 
И ти се ставаш у тие монструми ?
 
А

Антоние

Гостин
Човекот е вирус.

Размислувајте за ова.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Човекот е вирус.

Размислувајте за ова.
Ме интересира , размислив но не најдов ништо заедничко меѓу нив ако не сакаш тука да ми одговориш прати по ПП .
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Па нема многу животни што сурфаат на формуов нели....технички гледано :) а, има многу луѓе што убиваат животни па и луѓе дури и за храна, се размножуваат каде сакаат и со кого сакаат, го оставаат поколението на милост на природата и.... тоа ти е еволуцијата, сите човечки карактеристики постојат кај животните, само се додадени уште неколку....тоа ти е како П3 и П4... се што може П3 може и П4 амам може и уште нешто, така ние луѓето имаме побрз процесор, повеќе рам, поголем хард диск....развојот на тој процесор довел и до нешто што го викаме свест размум интелигенција... и можноста истото да се користи :)
 
А

Антоние

Гостин
Човекот е вирус кој што го уништува својот домаќин - планетата Земја. Секој друг вид на организми на планетава инстинктивно развиваат еден вид на природен еквилибриум со животната средина. Човекот, од друга страна, не го прави ова. Човекот се населува од област на област и ги конзумира природните ресурси во таа област. И единствениот начин да преживее - е да се насели на нова област, да се мултиплицира (размножи) и да продолжи со конзумација и исцрпување на ресурсите. Ако постои друг организам кој што ја следи истава шема, тоа е вирусот.

Ние сме вирус... само што сме лоши во тоа. Можеби нашите животи би биле подобри ако научиме да живееме како вирус. Вирусот ги аплицира позитивните ефекти од информацијата на целината на вирусот, не само на индивидуалната клетка или битие. Можеби би требало да почнеме да размислуваме не само на нашата индивидуална еволуција, туку и на нашата еволуција како вид. Би требало да погледнеме во алатите (различните видови на умови/луѓе) и да ги употребиме за да еволуираме.

Како нус појава, можеби би можеле да научиме да не ја оштетуваме природата како што прогресираме со развитокот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Ти си генијалецот дома а? Браво, мама сигурно многу те сака.

Чекај да пробам, Човекот е Бог. Размислувајте за ова. :wink:

Вториот болд. Важи, ајде сега ќе се собереме, ја, ти, твојот комшија со голем стомак кој навива за Интер пошто стаил 150 денари сингл, теткицата од први со виклерите у 3 сабајле шо прати кој коа си дошол дома и копиљаците шо врзуваат конзерви за опашките на маалските мачки и ќе дискутираме за нашата еволуција. Кажи само време и место.
Човекот, како битие не е вирус. Човекот е како секое друго животно но во неговата древна, архаична форма. И човекот многу добро знае да ја одржува природа и да се грижи за неа. Дури и во државните закони и програми има задолжителен дел за обновување на шумскиот фонд, строги правила за фабричките филтри и колектори (така ли се викаа?) како и безброј други ситници кои не ги ни приметуваме а би требало да придонесуваат за доброто на земјата врз која газиме. Проблем е алчноста која се покажа како убиствена последнив стотина години а особено последниве педестина се форсира како добра работа и стил на живеење кој е сосема оправдан. Искрено не знам каде ќе не одведе тоа, но, претпоставувам дека многу брзо нуклеарна војна ќе ни објасни каде ни е местото и колку многу сме се претвориле во Содома и Гомора, па Господ кој очигледно ќе бидеме самите, ќе не уништи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom