Дали човекот е нешто повеќе од животно?

C

Cool Hand Luke

Гостин
Човекот има потенцијал да биде повеќе од животно во смисол на мудрост, духовност, свесност, сочувство, но има и друг его потенцијал кој е во правец на задоволување на инстинктивните нагони во суперлатив. Ми се чини дека низ целата човечка историја тој првиот квалитет се пробива речиси незабележано од страна на поединци, а нивното учење ни служи само формално, нивниот пат ретко кој го следи. Но постои и ќе постои тој квалитет, се додека постои квантитетот. :wink:
И ако може да биде утеха, кога веќе не може се да биде дијамантско, дијамантот не свети толку убаво ако е опкружен со други дијаманти. :wink:
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
па да човекот има некоја колку толку самоконтрола
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Човекот е нешто помалку од животно, навреда за животните е да кажеме дека не сме ништо повеќе од животните, ние сме нешто помалку од нив, од смирениот поглед на животните говори мудроста на природата (Шопенхауер) само да потсетам дека уште Антистен сметаше дека животното е над човекот оти има само нужни и неопходни потреби а целата човечка историја не е ништо повеќе од безконечно зголемување на потребите чиј апетит води кон уништување на целиот живот на планетава, животните не војуваат, тие не пушат не пијат алкохол (угледајте се на нив) Животот на животното треба да ни биде идеал во одредени сегменти...
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Мала вилица, а голем број на заби. Па се шетаме наоколу со протези. Еволвуираме со тоа што вилицата се намалува затоа што организмот нема потреба од ,да речеме, седмиците и осмиците.
Мислам дека и еволутивен процес не може да се одвива во спротивна насока. Затоа и се вика еволуција.
Еволуцијата нема насока. Ако се вратиме в шума, повторно ќе се врати потребата да ги грицкаме коските од животните што ќе ги ловиме за јадење, и тогаш пак ќе ни еволуирет седмиците и осмиците. И тоа е еволуција.
Ако еден африканец се пресели во скандинавија, со тек на време ќе почни да бели, и обратно. И тоа е еволуција.
Со други зборови, природна селекција и адаптација.... Чарлс Дарвин.

Како и да е, човекот константно ќе се менува. Тоа е начинот на кој функционира природата.
Токму така. Човекот е продукт на природата и сите нејзини одлики.
Безразлика како би го дефинирале поимот "животно", ние спаѓаме во истиот круг и ги имаме истите "животински" карактеристики.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Пффф.. Па даааа, најверојатно, штом имаш доволно мозок да поставиш прашање или да одоговориш....поготово да го напишеш... плус замисли на компјутер....плус на кајганааа ејјјј.... аууу коа ќе видиш, човекот е далеку од животните
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Човекот има потенцијал да биде повеќе од животно во смисол на мудрост, духовност, свесност, сочувство, но има и друг его потенцијал кој е во правец на задоволување на инстинктивните нагони во суперлатив. Ми се чини дека низ целата човечка историја тој првиот квалитет се пробива речиси незабележано од страна на поединци, а нивното учење ни служи само формално, нивниот пат ретко кој го следи. Но постои и ќе постои тој квалитет, се додека постои квантитетот. :wink:
И ако може да биде утеха, кога веќе не може се да биде дијамантско, дијамантот не свети толку убаво ако е опкружен со други дијаманти. :wink:
Ispushti eden del. Alchen, sebichen, nevnimatelen. Toa go pravi chovekot najgolem shtetnik megju zhivite sushtestva. Svesno ja unishtuva planetata na koja zhivee za samo edna cel-luksuz. Namesto da go neguva mestoto kade shto zhivee, za da ima prostor za idni generacii od sekoja forma na zhivot, toj za licno zadovolstvo unishtuva. Vikaat 5000 godini i sonceto ke ne progolta, do togash ke bide 4500 godini mrtva planeta.
 
A

ateist

Гостин
Човекот е нешто помалку од животно, навреда за животните е да кажеме дека не сме ништо повеќе од животните, ние сме нешто помалку од нив, од смирениот поглед на животните говори мудроста на природата (Шопенхауер) само да потсетам дека уште Антистен сметаше дека животното е над човекот оти има само нужни и неопходни потреби а целата човечка историја не е ништо повеќе од безконечно зголемување на потребите чиј апетит води кон уништување на целиот живот на планетава, животните не војуваат, тие не пушат не пијат алкохол (угледајте се на нив) Животот на животното треба да ни биде идеал во одредени сегменти...
ЗОРАН АНДОНОВСКИ


Зошто животинското царство е поважно од човечкото

Самохраната мајка на три деца Василка Ристова од Кочани има 28 години и е болна од рак. Од креветот, покриена со јорган, директно во ТВ-камерата кажува дека метастазите не се сопираат. Наместо да е во болница, за мајката се грижат нејзините три деца. Нема пари за лекови, за храна, за греење.

„Јас помалку јадам во училиште, на мама да и донесам“, детски потресно вели ќерка и Бојана. За Василка сега е најважно каде ќе се вдомат децата кога неа ќе ја нема. Таа тоа го кажува со невидена смиреност и моли само за животот на нејзините деца. „Според правилникот“, таа го загубила правото на постојана парична помош, бидејќи во декември нејзиното дете наполнило три години... бил создаден „вакуум“... Сме немале прецизна законска регулатива за ваквите случаи.

Во Прилеп Каролина и Мирослав Ѓедовиќ цела зима оган не запалиле. Електричниот шпорет им го вклучуваат на децата за да си ги стоплат рацете за да можат да ги држат лајците да сркаат грав. Дома седат со капи и со палта или сите петмина се туткаат в кревет покриени со ќебиња. Каролина позајмува дрва од соседите да згрее вода да ги искапе децата, оти, како што вели, Марина оди во прво одделение и треба да е искапена. Имаат помош од точно 3.500 денари месечно.

Животинското царство е многу поважно од човечкото.

1 Затоа што за орелот или јастребот што слетал или паднал во дворот на резиденцијата на претседателот сите се заинтересираа и заинтригираа, многу повеќе отколку за трагедиите на двете споменати семејства. Ете зошто сите се стрчаа на Водно, а никому не му падна на памет да појде кај Ѓедовиќи или кај Василка.

2 Затоа што никој, ниту министерот за здравство Владо Димов, ниту министерот за труд и социјала Стевчо Јакимовски, не се јави по телефон во ТВ-вестите да се понуди да помогне, да ги среди „вакуумот“ и непрецизниот правилник и да даде два кубика дрва.

3 Затоа што ги нема градоначалниците на Прилеп и на Кочани (гледаат ли телевизија, читаат ли весници). Има ли подобар начин за да ја кренат популарноста од тоа да ги посетат, да им помогнат и да се сликаат со нив.

4 Затоа што и ние сме ја загубиле секоја мерка за хуманост, па поголема дебата предизвикува тешката положба на животните во зоолошките градини отколку онаа на сиромашните или на семејствата што ги снашла несреќа. Поголеми „херои“ се лавот, ламата, орелот што бил јастреб, лебедот и сообраќајката со кученцата, отколку детето што вели „помалку јадам во училиште, на мама да и донесам“.

5 Затоа што сите знаеме во детали дали лавот во Битола умрел од студ или од секс и дали ги оставил скотни двете млади лавици и кое крило на орелот му било повредено и чии кученца прегазила Ребека, но нема да направиме продолжение на тажните приказни за трите деца на Василка или за трите деца на Каролина.

Ним ниту имињата не им ги научивме.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=657&ArticleID=41198
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
па да човекот има некоја колку толку самоконтрола

Која самоконтрола ?

Што не прави различни од животните ? Убиваме , преживуваме , ги имаме истите каректеристики , инстикти.
-Сепак ние зависиме од нив , не они од нас.
 
S

smart ass

Гостин
Разбира се дека сме нешто повеќе од животињата...таква е еволуцијата и ни ја даде таа привилегија ние да бидеме ТИЕ.

Но важно е да се напомене дака истата не гарантира преживување на видот при евентуална катастрофа од Енормни размени...поголеми шанси за преживување има амебата отколку ние:)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Едно видео во врска со темава

 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Човекот има потенцијал да биде повеке од животните , ама за жал ретко кој го користи.
 

Bluebird

The Daydreamer
Член од
10 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
4
Ма дај... Смешно ама интересно прашање...Па вака.... АЈ да одговорам.. Човекот не е Животно..Животните не размислуваат. Немаат чувства.Човекот чувствува,плаче,осеќа...љуби..сака...и размилува во многу пошироки граници за разлика од животните...Она што човекот може да си го замисли е поголемо од самиот простор и време.....
Никако не се согласувам.

Како знаеш дали и колку животните не размислуваат и немаат чувства? Тргнуваш ли од себе, човекот, животното?

Човекот ја има способноста да размислува во пошироки граници, ама истовремено е и крајно ограничен.

Заборава од каде доаѓа, и не знае зошто е тука. Животните го немаат тој проблем.

И за крај,мислам дека човекот не може до крај да го сфати концептот на просторот и времето, а за замислување за нешта покомплексни и од нив, не станува ни збор.

Тоа е моето скромно мислење.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Факт е дека не можеме да се постоветиме со животните,смешно да е се споредуваат нивните и нашите способности.Интелигнетното размислување и емоционалната интелигнеција се главни делбеници од животните.Но тоа е само додека функционираме под нормални околности,кога инстинктот за преживување ќе надвладее човечкото се губи.Токму емоционалната интелигенција е главен виновник за делба меѓи совесно и несовесно однесување.Животните немаат совест,но се склони кон лојалност.
Човекот под влијание на најчесто психички притисок и при борба за преживување се претвора во животно кое функционира само на база на инстинкт,но животното не можете да го обвините свесно за постапките кога тоа само согласно својата природа така функционира,нема калкулација кај него.Додека пак човекот со помош на манипулација и мисловна активност може да нападне свесно(на пример војна),затоа можете да му судите за делата.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Човекот сепак според мене е животно. Поразвиено од останатите животни, и затоа доминантно. Ама физичката разлика меѓу човекот и животните не е премногу голема за да се стави во друга класа. Како на пример што се разликуваат инсекти од животни. Точно е дека животните не размислуваат на начин како нас, туку размислуваат за преживување. Ама имаат емоции, лојалност, и почитуваат правила, доколку некој им ги постави. Ако го научиш животното дека треба да моча надвор, тоа ќе го прави тоа надвор, и нема да се буни. И ние функционираме на истиот принцип, нас не учат од малецки, се моча во шоља, не во гаќи. Да беа малку поспособни животните, односно комуникацијата на луѓето со животните да беше 50% од што е меѓу луѓе и луѓе, животните би биле доста порационални, и би размислувале многу слично како нас. Ние тоа го правиме пошто ние надредено, пренесено во гените, вметнато од родителите. Ако некој човек се роди во заедница со животни, и никој не му нанесува човечки правила, тој ќе биде како животно, и ќе размислува како животно и инстинктите ќе му се адаптираат на животинските. Пошто во суштина и ние сме животни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom