Дали човекот е нешто повеќе од животно?

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Кога на една тема напишав дека според мене „Луѓето се Ѕверови“ бев остро нападнат од повеќе членови и ми беше предложено да отворам и тема за да ме разубедат.
Па еве отварам тема (прва ми е :) ) да продискутираме за тоа.

Што не дефинира како луѓе?
На кое ниво од еволуцијата сме?
Дали во модерново општество напредуваме со еволуцијата или се повеќе се враќаме кон она животинското во нас?
До која мера денес важи латинскана поговорка „Homo homini lupus est“ ?
На колкав ПРОЦЕНТ од луѓето императив им е ЦЕЛТА, без да мислат на последиците односно водечко мото им е „Целта ги опраавдува срдствата“.

Да не должам многу со воведов мислам дека е јасна темава.
Па повелете кажете си ги вашите ставови за степенот на анимализам кај луѓето.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Човекот е првото свесно суштество кое е способно да емитира и да интерпретира свои сопствени идеи, за разлика од останатите суштества. Ако се одземе тоа, исти сме како и секое друго животно.
Едноставно, инстинктот нè прави да бидеме такви.
Не знам каде читав, ама на форумов беше. Доказ дека еволвуираме е проблемот кој сè почесто го имаат многу луѓе. Мала вилица, а голем број на заби. Па се шетаме наоколу со протези. Еволвуираме со тоа што вилицата се намалува затоа што организмот нема потреба од ,да речеме, седмиците и осмиците.
Мислам дека и еволутивен процес не може да се одвива во спротивна насока. Затоа и се вика еволуција. Но тоа е и не така важно за темава.
А за ’Целта ги оправдува средствата’ можам само да кажам дека е најсовремениот начин на оправдување на она што е ’животинското’ во нас, односно не-човечното.
Како и да е, човекот константно ќе се менува. Тоа е начинот на кој функционира природата.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Авторот вели, цитирам:

Јас темата ја поставив како „Дали човекот е ЅВЕР“
Мислев на ЅВЕР како: предатор на врвот на ланецот на исхрана, аждер што гази и уништува се пред него не мислеќи за последиците и за иднината... кое ни е следното ниво на развој...

Да ми беше муабетот за споредби на луѓето со животните немаше тука да ја отворам темава. (камо среќа да имав впечаток дека луѓето се кротки како јагниња :) )
Па, затоа ја реинакарниравме темата.

Поинаку, од сега па натаму, ќе дискутираме тука земајќу во предвид дека животното , во случајов, претставува единствено едно несвесно битие, кое го водат само инстинктите и кои не знае за ништо друго освен за задоволување на истите.
И ова не го проблематизирајте, туку во име на суштината на темата, земете го здраво за готово!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Homo homini lupus est!

Човекот се смета за аждер, за ѕвер, за врв на развојот, бидејќи е засега, според неговот убедување, најсовршеното живо битие на планетава.

Не знам дали би дефокусирал со селдново, но, јас лично сметам дека тоа не е така.

Точно, ние имаме совитливи палци на рацете, мозок, развиена моќ за перцепција, расудување, поимање и инвентивни и иновативни сме.

Но дали сме ние најсовршените? Дали сме ние на врвот?

Не!
Јас лично мислам дека некои вируси кои опстојуваат на планетава се најсовршените организми кои се на врвот на ланецот на исрханата и развојот.
Само затоа што не можеме да ги разбереме, не значи дека тие нас не не разбираат, поради што се видоизменуваат со цел да не потоморат.

Нејсе, засега, според нашето убедување ние сме на врвот, но ние сме исто така и рак-рана на оваа преубава планета, бидејќи со нашите несовршени постапки, мислејќи дека сме крајот на еволуцијата, ја уништуваме постојано.

Ние сме најинвентивни коа е во прашање разурнувањето на постојното и постоечкото.

Следниот чекор, на еволуцијата, не знам, се сомневам дека ќе биде позитивен од денешна гледна точка, но се надевам дека ќе биде врз база на нашите карактеристики, бидејќи ако продолжиме вака, планетата, природата, сама ќе се погрижи за себе и ќе изнајде нов вид кој ќе продолжи со повеќе ум и разум да живее во хармонија и склад со неа.

Ако сум waaay оф топик, слободно, забришете ме.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Oти мислам дека имаше ваква слична тема некаде? Или беше дали се разликува човекот од животните....
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Oти мислам дека имаше ваква слична тема некаде? Или беше дали се разликува човекот од животните....
На оваа тема, до пред да ги избришам мислењата, се дискутираше околу тоа дали и колку човекот се разликува од животните, но на начин поинаков од првичната концепција на авторот.

После бришењето, се надевам дека ќе се придржуваме до првичната насока, односно ќе се чита и воведниот пост, а не само насловот, пред да се реплицира.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Незнам дали имало или немало ваква тема ама мислам дека човекот и животното дојдоа до ист степен по се што се случува денес!!:helou:
 
С

Сатори

Гостин
Колку би било се едноставно и лесно кога би застанале зад тврдењето на Ками и би ги оправдале сите наши насилни и вулгарни дејствија и би ги отфрлиле моралот, религијата и свесноста.
Аххх, силата на метафората или нејзината буквалност, би ги оправдале и канибалите затоа што јадат човечко месо ... како животни де.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Ма дај... Смешно ама интересно прашање...Па вака.... АЈ да одговорам.. Човекот не е Животно..Животните не размислуваат. Немаат чувства.Човекот чувствува,плаче,осеќа...љуби..сака...и размилува во многу пошироки граници за разлика од животните...Она што човекот може да си го замисли е поголемо од самиот простор и време.....
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Човекот е првото свесно суштество кое е способно да емитира и да интерпретира свои сопствени идеи, за разлика од останатите суштества. Ако се одземе тоа, исти сме како и секое друго животно.
Едноставно, инстинктот нè прави да бидеме такви.
Не знам каде читав, ама на форумов беше. Доказ дека еволвуираме е проблемот кој сè почесто го имаат многу луѓе. Мала вилица, а голем број на заби. Па се шетаме наоколу со протези. Еволвуираме со тоа што вилицата се намалува затоа што организмот нема потреба од ,да речеме, седмиците и осмиците.
Мислам дека и еволутивен процес не може да се одвива во спротивна насока. Затоа и се вика еволуција. Но тоа е и не така важно за темава.
А за ’Целта ги оправдува средствата’ можам само да кажам дека е најсовремениот начин на оправдување на она што е ’животинското’ во нас, односно не-човечното.
Како и да е, човекот константно ќе се менува. Тоа е начинот на кој функционира природата.
Се си кажа човеков , работата која не дели од животни е СВЕСТА , а тоа дека сеуште еволуираме тоа мислам дека не е така.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Да се вратиме на темата.

Пред некој ден го гледав „The Day the Earth Stood Still“, филмов не е нешто посебно добар но обработува тема интересна за муабетов.
Имено вонземјанинот Кијану Ривс доаѓа на планетава да ја спаси од “напаста“ (ЅВЕРОВИТЕ) ЛУЃЕТО. :smir:

Во филмов се дава и одговор на прашањето „Што не дефинира?“
Односно кога се притеснети луѓето до ѕид (го гледаат својот крај) што им е најважно?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да се вратиме на темата.

Пред некој ден го гледав „The Day the Earth Stood Still“, филмов не е нешто посебно добар но обработува тема интересна за муабетов.
Имено вонземјанинот Кијану Ривс доаѓа на планетава да ја спаси од “напаста“ (ЅВЕРОВИТЕ) ЛУЃЕТО. :smir:

Во филмов се дава и одговор на прашањето „Што не дефинира?“
Односно кога се притеснети луѓето до ѕид (го гледаат својот крај) што им е најважно?
Повеќе сме од животни само затоа што сме свесни. Но длабоко во нас преовладува потребата за преживување.
Секој гледа да се спаси себеси. Секогаш. Едноставно така функционира природата. Посилниопт преживува.
А бидејќи тоа е природен процес, човекот подлегнува на него и покрај свеста. Сепак, ние сме дело на природата чија последица е развивањето на свеста, а не обратно.
Сума сумарум: Суштинското во нас е животинското. Секоја останата последица и реакција е прозивод на еволуцијата. Но таа еволуција се врши врз некоја основа.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
човекот е останат диво животно во поглед на тоа што сака да го покори светот со "прегладнување" или да убие со болка. А тоа што еволуцијата продолжува не не оддалечува од тој факт, нити не прави совршени, најсовршените организми во светов токму оние што не еволуирале, оние наједноставните кои и воедно се најотпорни на смрт.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Со оглед на неговото однесување, за мене нема поголемо животно од човекот. Џабе му е разумот и мозокот, кога прави деструктивни работи (уништување на природата, војни, убивања и слично), работи кои животните кои немаат разум никогаш не би ги направиле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom