Не многу често. Ако се караме тоа се за глупости и недоразбирања најчесто, викаме по дома
. Порано многу повеќе имаше караници во тој пубертетски период, денес вистинска караница ретко има, ама како што кажа баш Анастазија тоа е за некои посериозни теми. Се со годините
Иако настојувам што помалку да се карам. Наспроти мене сестра ми секој ден се кара со моите, неразбрано дете.
Приметувам многу често кај некои блиски луѓе, пријатели дека ептен се караат со родителите и не бираат ни простор ни време, викаат, пцујат ... толку грдо изгледа тоа од страна, ужасно. Мислат дека се качиле на Хималаите ако ги опцујат своите и се испокараат со нив пред пријателите. Со навредување на своите си го ојачуваат егото?!? Не ги разбирам и никогаш нема да ги сватам тие луѓе. Безобразно, ама тоа е некултура и преголемо допуштање од родители и сами се виновни тие. Секогаш треба да се знае кој е родител, а кој дете. Веројатно ќе се свати тоа кога самите тие еден ден ќе се родители.
Малку пошироко ја опфатив темата ама тоа е зашто баш пред некој ден слушав караница на пријателка со родителот и се нанервирав на тој безобразлук. :uvo: