Најчесто не. Зависи од ситуацијата ...
За незгодни ситуации се срамам и тоа само пред блиски луѓе. Ми се случиле многу незгоди работи пред непознати лица (пр. кога ми ги џапнаа на Олимписки алиштата и си идев со пешкир во автобус, воопшто не ми беше срам иако сите ме зјапаа ко ненормални:bilokbor: , па срамот воопшто не ми проработел, ама пак кај тие што ги познавам може да ми се вцрвенат образите. Можеби од самото тоа дека ги познавам цел живот.
Некогаш знам да се усрамам пред спротивниот пол, ама само кога ќе претераат со комплименти. :bilor:
Од ништо друго не ми е срам. :bior:
А посебно не од нови познанства, неможам ни сама да верувам колку само немам срам од такви работи.