Пред некое време е откриена нова планета, која се наоѓа на 20 светлосни години од нас и сега за сега е најнадежната за наоѓање на живот од сите стотина досега приметени. Интересно е како за неколку години со помош на индиректни мерења, се забележаа доста планети, како и некои информации за нивниот состав и движење.
Инаку научникот Френк Дрејк имал една шпекулативна формула за тоа која е веројатноста за наоѓање на планета која има можност да поседува интелегентна цивилизација со степен на технологија да комуницира со нас.
N Present number of extraterrestrial races capable of interstellar communication
R* Mean rate of star formation, averaged over the lifetime of the Galaxy
fp Fraction of stars that have planets
ne Average number of planets in a planetary system suitable for life
fl Fraction of suitable planets on which life actually develops
fi Fraction of life-bearing planets on which intelligent life develops
fc Fraction of intelligence-bearing planets on which the capacity for interstellar communication develops
L Average lifetime of a technological civilization
Повеќе
Претходно откриени планети
Програмата СЕТИ имаше тешки периоди, беше и укината едно време, поради тоа што не носеше резултати, т.е. профит. Среќа група на ентузијасти, како и волја на други држави и институти ја вратија идејата за барање по небото на сигнали за вонземна интелегенција.
Проект Феникс
Инвестициите во технологиите за истражување на вселената, не се ни одблиску на ниво на кое треба да бидат. Толку пари се фрлаат на безвезни работи.
Нема реален прогрес во вселенските истражувања во изминативе 40 години.
Се се базира на технологијата од 60-тите. Дајте пак некоја студена војна, се гледа дека друго чаре за развој во ова поле нема.
Проект Орион
Се мачат со таа интернационалната вселенска станица, некои прости по 200 милиони долари роботчиња пуштаат на Марс, од скромно поскромно.
Прво да кажам дека формулата сама по себе воопшто не е шпекулативна, туку следи од едноставно статистички-физичко дефинирање на величините. Шпекулативни се проценките на факторите.
Според нивните проценки, типуваат на бројка од 50 вонземски цивилизации со кои имаме шанса да стапиме во контакт. Претерано конзервативна проценка. По мое мислење имаат направено огромен превид.
Имено, за L ставиле 500, претпоставувајќи дека просечна цивилизација би имала период од 500 години во кој би се обидувала да воспостави контакт со други цивилизации со ЕМ бранови, а после тоа преминуваат на квантно-механичка комуникација. Значи, таа бројка од 50 вонземски цивилизации не означува вкупно цивилизации во универзумот, туку цивилизации кои испраќаат ЕМ радио бранови. Останува нејасно зошто некоја цивилизација откако би го достигнала квантното ниво на комуникација, би престанала да испраќа и радио бранови, чисто поради комшиите кои можеби уште заостанале во радио-добата. Значи, многу поразумно е да се оди со L=5 милијарди години (уште толку ќе живее Сонцето), претпоставувајќи дека просечна технолошки развиена цивилизација не би регресирала и би опстојувала се додека на се изгаси домашната ѕвезда. И овде има место за дискусија: на пример Сонцето не е просечна ѕвезда; една просечна ѕвезда би живеела цели 50 милијарди години, и ако земеме пола од тоа, како периодот кога настанува интелигентниот живот (како што е случајот со Земјата), добиваме L=25 милијарди (!). Клучно во дебатава е дали повеќе ни се допаѓа Х.Џ.Велс или K.Sagan, односно дали сме оптимисти за опстанокот на цивилизацијата или не. Исто така, разумно е да се очекува дека во период од само милион години, една технолошки напредна цивилизација ќе може да колонизира и други соларни системи, така што во равенката би можеле можеби и да ги вклучиме сите оние цивилизации кои до сега се појавиле, при што добиваме огромна бројка за N (МИНИМУМ 2.5 милијарди вонземски цивилизации out there!).
Тоа значи дека една од 16 ѕвезди вдомува цивилизација способна за интерстеларна комуникација, неместо нивниот резултат од 1 во 8 милијарди. Сега има ли смилса СЕТИ проектот или не?
Сепак, нашиот статистички примерок за проценка е неверојатно мал, па затоа мораме да се потпреме на проценки. Интересно е која бројка би ја добиле доколку имаме еден строго статистички приод (без какви било претпоставки) врз база на податоците кои ги имаме до сега:
R=40
fp=1 (Бидејќи само за Сонцето сме сигурни дали има планети или не)
ne=1 (1 планета со услови за живот во Сончевиот систем)
fl=1 (1/1 однос за животот на Земјата)
fi=1 (повторно 1/1 однос за интелигенцијата)
fc=1
L за луѓето до овој момент е 50+
Излегува N=200+
Има луѓе кои се подготвени и бесплатно да работат, само да им се даде можност да учествуваат во нешто толку убаво.
Проблем е со отстапување на телескопско време, Американците се покажаа дека се заникаде на тоа поле, ако нема ќар нема што да се прави. А што ќар од телескоп може некој да има? Се е тоа насочено кон наука и за наука.Русите би сакале, али облачно им е таму па немаат шанса.
Среќа Австралија, некои европски држави и Перу, даваат малку љубов на проектот.
Никогаш радио брановите нема да бидат застарени, но и никогаш нема да можеме цел опсег да го набљудуваме, ниту пак тие, претпоставувам.
Ќе бидат актуелни, бидејќи се едни од фундаменталните работи во природата, но проблем е што нашите најверојатно немаат доволно сила да одат до бескрај, нели имаше некои претпоставки дека од кога се почнало со телевизиски преноси во 30-тите дека од тогаш сме започнале да зрачиме и едни од првите преноси е олимпијадата во берлин.
Мислам дека тука претеруваат, најмногу поради тоа, која е веројатноста некој сигнал да ја помине јоносферата?
Ај добро и да го прифатиме и тоа, до каде може да стигне и колку треба да се осетливи приемниците за да го регистрираат?
Единствени силни сигнали би биле оние кои се намерно пуштени со цел за комуникација или сигнали настанати од различни природни процеси, како супернови.
p.s ако сака некој админ да ми го спои коментаров со првиот.Мислам дека е посаглам вовед