Христијанството не учи дека ако си добар во текот на животот кога ќе појдиш кај св.Петар ќе превага "добрата" страна и ќе одиш во рајот(нешо како во приказните), ако не, ќе одиш во пеколот, па уште и ако си бил предавник, тогаш тешко тебе, ќе одиш во последниот круг и ќе те стават под вечен мраз (ова според Данте). Мислам дека горе долу кај муслиманите горе долу е исто само што нема рај и пекол туку џелем и џенем. Значи верниците нама што многу да се плашат од смртта, крајниот исход се знае.
Проблемот се јавува кај агностиците и атеистите. Со самото тоа што не веруваат (или се двоумат, дали да веруваат или не)а според тоа и не прифаќаат дека после смртта следи рај или пекол, логично е да се плашат исто како што се плашат од темнината, од работи кои не можат да ги видат, или конечно од работи за кои што не знаат што има од другата страна. Што ако после нема ништо и телото едноставно скапува и толку, нема ништо после тоа, или што ако животот не е еден процес кој има почеток и крај туку што ако е онака како што тоа го разбираат маите дека животот е круг и дека секој крај е почеток на нов живот. Или теоријата на Дарен Аронофски во Фонтаната или еден куп други размислувања, теории, цели филозофии. Тоа им го оставам на атеистите, јас знам кај ќе одам и затоа и не се плашам.