Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Со самото тоа што ја спомнувате дипломата, јасно е све. Се повеќе студенти идат на факултет колку да го завршат, многу ретки се тие кои стварно идат за да стекнат знаење. Што ако имаш диплома, кога немаш у тиквата? Кој ќе те земе таков? Незнаењето ако не ти излезе на површина кога ќе се вработуваш (т.е. влезеш преку врски), ќе излезе у текот на твојата кариера и пак ќе си треснеш на земја евентуално (иако и тогаш трет ќе ти биде крив најверојатно). А на тие што не ви се свиѓа факултетот, жал ми е пошто тоа може само да значи дека сте го одбрале погрешниот. Дури и да имаш лоши професори, ќе го сакаш тоа што ќе го учиш и нема да ти биде лошо. Фокусот стајте го на знаењето, не на дипломата.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Прашајте ги тие со 9.8 просек што работат во Телекабел дали им се исплати дипломата. Земаат иста плата со некој што едвај завршил средно. :D
Кои се ТИЕ со 9.8 просек?
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Образованието е инвестиција. Инвестиција во себеси. И како и секоја инвестиција, ризикот варира. Инвестиција е и купување акции. Инвестиција е и пишењето ливче в кладилница. Отворање сопствен бизнис. Сите овие инвестиции си имаат одредени предности и одредени ризици. Според мене, глупаво е прашањето „Дали се исплати да завршиш факултет“. Дали се исплати отварање на сопствен бизнис? Дали се исплати да пишеш кец на реал? Кој може да ти даде релевантен одговор на овие прашања? Треба сам да си размислиш што добиваш и што губиш па да си процениш дали вреди да ризикуваш време и средства.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
To шо се исплаќа е знаењето. Потребно им е знаењето, кое насочено во правилни цели ќе вроди позитиви резултати за работодавецот. Спремен човек па макар и да нема факултет, а да располага со потребото знаење, треба секогаш да има можност да дава придонес, а со тоа и лично да заработува. НО вака треба да биди, а некако поинаку стои поставеноста на нештата.

Излегува оглас во кој се наведува да се пријави секој Петко, кој има диплома, искуство, курци палци (и партиска книшка во позадина секако, освен кај некои приватници кои си гледаат бизнисот да им цути)

И што кур кога некој дома можеби прочитал и 50 пати повеќе, знае повеќе од Петко, а не учел на факултет, кога нема можност истото да го покажи на дело и да заработува по некој денар, зато шо од старт наведено во огласот диплома. Не на секој ќе му се потрефи да биди Стив Џобс или некое рандом успешно бате кое без диплома го здрмало светот.

Уште сме во стегите на формалното. Впрочем и образованието е така некако организирано. Денес се живо и диво се запишува на факултет, од тоа се живо и диво голем дел се откажува, но и голем дел завршува. Во една генерација оние кои вистински се труделе да научат ги собира на прстите од рацете, но оние со шетсчињата кои послабо вложувале во чколиото, ито како можат утре друг ден да им земат местото.

Дипломата треба да носи знаење, но и не мора.
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Да. Затоа што на 24 години ќе си ем без пари ем без образование.
Прочитај го ова. Чисто за да ти се разјаснат некои работи.

http://forum.kajgana.com/threads/Елитистички-балон-или-Општествена-движечка-сила-–-Образование-2012.64909/
И да и не. Реално многу е веројатно на зијан да си со факултет. Од една страна во 5 години ќе ти одат 15 000 евра. Ако некој во тие 5 години работи и тоа за минимална плата тоа се додатни 8000е. Значи се на се ако одиш на факултет на денот на дипломирање си 23 000 евра во минус споредено со некој што цело тоа време работел. Ем без пари, ем без работно искуство, ем со образование што нема вредност на пазарот. Тој што работел може веќе и станче да купи, има работно искуство, веќе и за поголема плата, може да се жени да си го среди живото. А образованиов прашање е што може, многу често ништо.
Стојам на мислењето дека не се исплаќа во Македонија да се заврши факултет. Исплатливоста на факултетите веројатно почнува некаде од Австрија па северозападно на картата. Или јако маваш или ништо.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.452
Поени од реакции
17.892
Se isplati, ali ne do tolku. Fakultet e precenet kaj nas, verojatno kako ostatok od staroto socijalisticko ureduvanje.
Mnogu povise ke ti se isplati da vlozis vo maskirno odelo, po moznost zelenkasto-kafeno, AK-47, zolja i dve racni za sekoj slucaj. Samo pazi da ne gi pomesas so mobilniot telefon i da se zaebes kako eden od tuka.

So ova za 10 godini ke doturkas do direktor, ova ti e garantirano i mnogu luge ke ti potvrdat. A ako imas malce povise sreka, mozes i minister da stanes.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
Некако, многу работи на темава се испомешани.

Ако некој иден бруцош планира во иднина да работи како медицинар, нормално дека треба да заврши соодветен факултет, бидејќи кога би имал прилика за вработување, ќе му побараат да има завршено таков факултет. А медицина на YouTube не се учи.
Поединец кој завршил медицина, а притоа долго време не е вработен, нормално ќе вели дека не се исплаќа да завршиш. Но кога ќе дојде прилика да се вработи, ќе сфати дека сепак се исплатело, дека мора да има таков факултет.

Информатиката е сосема друга приказна, и можеби единствена област каде факултетот и дипломата не играат голема улога при вработување/заработување.
Ако некој иден бруцош планира во иднина да работи како информатичар во државна администрација/фирма, ќе мора да заврши соодветен факултет (плус задолжително да има сертификат од ВеМеРо).
Ако планира да работи во приватни фирми, факулетот и' не е толку задолжителен. Таму ти бараат знаење. Имај ти и' 10 факултети завршено, ако си дрво, ако не си ја знаеш својата работа - џабе!

Јас имам магистрирано на информатика. Но пред да се запишам имав јасна цел и амбиции дека во иднина ќе се занимавам со информатика, но нема да зависам од партија, нема да работам за никој, нема никој да ми стои над глава, да ме команда и да ми ја ограничува креативноста. Свесен бев дека дипломите ќе ми бидат безвредни, но ете, завршив од причина што сакав родителите да ми бидат горди, а не дека ми беше потребен факултетот и дипломата. На факултет се учеше многу непотребен, застарен материјал.
Како што планирав, така и испадна. Завршив, не работам за никој, но заработувам далеку повеќе од сите што работат од 9 до 5 (плус викенди ако треба).

Заклучок: никој не може да ти каже дали се исплати факултет или не. Треба сам да ја донесеш таа одлука спрема твоите планови во иднина. Ако си информатичар/програмер, наместо факултет, покорисно ти е да завршиш некои курсеви и да се стекнеш со знаење што ќе ти користи.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Не знам зошто барате знаење на факултетиве кај нас?
Кај нас се знае зошто се оди на факс, за диплома само
Знаење не можеш да бараш на место каде што се учат работи пред 10-20,(пример: на економски, предмет сметководтство учиме методи на пресметување кој не се користи од 2000 година во Мк ) све се менува секојдневно освен образованието кај нас. Искачаат дипломирани многу луге кои не знаат ништо од својата струка затоа што не научиле од самите професори а на пракса вареле кафе и купувале бурек. А се додека во државни институции и во некои фирми се бодуваат работиници според степенот на образование а не способноста и знањето ке биде така. Во сите огласи што ги има за работа се бара одреден степен на образование (ваков таков факс) а многу ретко се сретнува во оглас да се побара одреден сертификат од посетуван курс или нешто надвор од тој факултет. Верувам еден циско сертификат вреди многу повеке него не знам ти кој смер на Гоце делчев. Во секој случај е најдобро и најважно инвестирање во знаење затоа што тоа еден ден ке врати многу. И малце е глупо образованието да се става на кантар со парите што можеле да се заработат за тоа време , опортунитетен трошок е сето тоа.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дека голем дел од студентите за запишуваат само заради диплома - да.
Ама дека голем дел од професорите воопшто не нудат знаење, ниту се трудат да те научат нешто, да ти го пробудат критичкото мислење, да мислиш со своја глава, туку само ко папагал да го повторуваш тоа што е напишано во книгата е исто така голема и тажна вистина.
На 18 години сосема е нормално да си збунет, да не знаеш како функционира системот, но професорите треба да бидат тука да те поттикнат и да те мотивираат. Најчесто успеваат во тоа само да си го замразиш факултетот и одвај да чекаш да ја земеш таа диплома и никогаш да не го видиш факултетот. Јас кога се запишав на факултет со радост одев на факултет, со радост учев и полагав. До крај на магистерските, само сакав што поскоро да завршам и да се ослободам од таа мрачнина.

Има прекрасни професори, но голем дел се ужасни и воопшто не ни требале да станат професори, ако не им било намерата да ги учат студентите.

Во секој случај, стојам на тоа дека ужасен ни е образовниот систем, заедно со високото образование. Учиме се, но на крај не знаеме ништо.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Факултет се исплати од неколку причини
1. Ќе запознаеш луѓе, кои утре може да ти помогнат во препорака или да работиш за нив.
2. Ќе добиеш посеопфатно познавање на работите и ќе можеш да ги гледаш во целина. Да ова може да го стекнеш и со работно искуство, но ќе ти треба многу повеќе време, пред се да ги прочиташ вистинските книги, што веќе ти се селектирани на факултетот.
Факултетот се исплати, ако си го завршиш со учење и секогаш гледаш да работиш по струка, ако неможеш во Македонија, сигурно некаде надвор ќе најдеш нешто да работиш.
Во македонија да просперираш, прво треба да знаеш луѓе, лизни мазни и слични работи, што немаат врска со образованието, а реално ако не завршиш некој технички факултет, многу ти се помали шансите за да најдеш лесна работа и во странство, така да врти сучи, колку полесен факултет избираш, толку не се исплати.
Проблемот со избирањето на полесен факултет е во тоа што нема лесен факултет и еден испит да имаш треба да седниш да научиш, или да платиш. Од факултет во Македонија повеќе се исплати да си фолк пејач, мада треба добро е да завршиш факултет за пеење, од причина што голем број од проблемите што може одреден пејач да се сретне ќе му бидат решени и нема многу да лута низ литературата.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.366
ако немаш врски НЕ СЕ ИСПЛАТИ, пак на крајот ке рмбаш нешто сосема трето за минималец ама нели битно дипломата ке ја имаш и ке чекаш да те огрее сонце
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Се исплаќа.
Сега е све признаено на запад
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
Прегледај го приврзокот 99834
На 17 години вие сте барале пари уште од родителите а како што велите дека учиме за да заработуваме повеќе а работа нема затоа што секој 2 сега има завршено факултет. Спомна еден член дека завршуваш факс и да работиш за некој што нема завршено. ХА.
Па тогаш ако сакаш да бидиш сам свој газда работи на нет без факс. Нет маркетинг,ппц,ппд и сл.
А ако сакаш да живееш па како милионер заврши Е-Бизнис таму ќе научиш работи кој што нема да ги научиш на нет. Еве ви слика на 17 години заработувам повеќе од повеќето од вас.
Заработени се за 5 месециПрегледај го приврзокот 99834

ЗАСРАМЕТЕ СЕ ?
Другар ова твоево не е ништо, киснеш на некои сајтвои кликаш реклами и правиш многу пари. Тоа одамна е отидено у пм. Пари не се заработуваат на нет, туку со вистинска работа.

За факултетите во Македонија не вреди да се зборува, ама то е. Во секој случај вреди да се заврши факс. Не за дипломата, него за пријателствата што ке ги стекнеш а воедно и искуството.Во Македонија сакаш заврши и со сите 10-ки немаш иднина без членска книшка, затоа правец Европа. Не дека ке те чекна некој таму, ама ако колку толку имаш нешто знаење ке најдеш работа.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Јас студирав со љубов кон науката и буквално жртвував 4 години од мојот живот, навлегував во секоја област во детали и не знаев која гранка повеќе ме занима, се ме интересираше...

Еве како завршив:
-Ме одбија на 4 конкурси во најсилните фирми во Македонија, примија луѓе со врски.
-На факултет никој не се замараше да ме остави, затоа што профињава си гледаат за себе и си го тераат бизнисот. Од време на време ќе те потапшаат по рамо. (има и исклучоци, во мојот случај 2)
-Кога ми каснеше плата, праќав мејлови да прашам кога ќе ми го исплатат хонорарот, не добивав одговор.
-Мерило за твојот успех на факултет ќе ти биде просекот, ќе имаш луѓе со 10.00 кои не знаат фундаментални работи.

Откако ќе те препорача некој професор, кој реално ги согледува работиве во државата завршуваш во некоја од „познатите“ фирми каде што ќе црнчиш ко приправник 1 година и ќе земаш 40% од платава, затоа што фирмата има звучно име. Ти нормално ќе свршаваш на тоа демек тоа е тоа, тука сакав од секогаш да работам. Запамти, да чинело местото нема да си завршил таму.

Поукава што ја извадив од моето досегашно искуство е: Дур правев тоа што го сакав тука подразбирам студирав тоа што го сакав, иако беше тешко, макотрпно и со многу жртви научив дека во државата е таква ситуацијата што никогаш нема да ти го ценат трудот, ретко некој ќе те ислуша и ќе те разбере, газдиве сакаат пари и само пари, а тебе ќе те платат со некоја бедна платичка со која само ќе успееш да го преживееш месецот. Заборави на излегувања, нова облека и одмори.

Заклучокот: Дур работиш нешто со љубов кон струката, дур се убиваш од работа и се трудиш да бидеш подобар, некој друг го собира азното, а ти несвесно добиваш забрзување со троцифрен број фаќаш нормала со ѕидот и си ја лупаш главата.

Во капитализам си бе младичу...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom