Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.142
Поени од реакции
16.056
Абе да немаше 1000 факултети во Мк, на никој немаше да му текне ова прашање да го поставува. Главниот проблем во државава - факултет за секој матурант - во секое село во провалијава. Дисперзираните на кои се запишува кој стигне, тоа е крлежот во глобала земено. Се запишуваат полуписмени, а да можат тие полуписмени да завршат, секои 2 години - нови (олеснети!) програми. Се за иднината, се за знаењето, или кое и да беше тоа мизерното мото.

Секако, во државава, а и надвор, повеќе ти се исплати да имаш факултет, отколку да немаш.
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Да секако дека се исплаќа,образованието е најдобрата инвестиција шо можеш да ја инвестираш во себе.Шо повеќе титули тоа подобро,исто утре ако имаш среќа да се вработиш ќе земаш дупло повеќе пари за разлика од некој со пониско образование од твоето,пример тој со средно ќе зема дупло помала плата од тебе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јас студирав со љубов кон науката и буквално жртвував 4 години од мојот живот, навлегував во секоја област во детали и не знаев која гранка повеќе ме занима, се ме интересираше...

Еве како завршив:
-Ме одбија на 4 конкурси во најсилните фирми во Македонија, примија луѓе со врски.
-На факултет никој не се замараше да ме остави, затоа што профињава си гледаат за себе и си го тераат бизнисот. Од време на време ќе те потапшаат по рамо. (има и исклучоци, во мојот случај 2)
-Кога ми каснеше плата, праќав мејлови да прашам кога ќе ми го исплатат хонорарот, не добивав одговор.
-Мерило за твојот успех на факултет ќе ти биде просекот, ќе имаш луѓе со 10.00 кои не знаат фундаментални работи.

Откако ќе те препорача некој професор, кој реално ги согледува работиве во државата завршуваш во некоја од „познатите“ фирми каде што ќе црнчиш ко приправник 1 година и ќе земаш 40% од платава, затоа што фирмата има звучно име. Ти нормално ќе свршаваш на тоа демек тоа е тоа, тука сакав од секогаш да работам. Запамти, да чинело местото нема да си завршил таму.

Поукава што ја извадив од моето досегашно искуство е: Дур правев тоа што го сакав тука подразбирам студирав тоа што го сакав, иако беше тешко, макотрпно и со многу жртви научив дека во државата е таква ситуацијата што никогаш нема да ти го ценат трудот, ретко некој ќе те ислуша и ќе те разбере, газдиве сакаат пари и само пари, а тебе ќе те платат со некоја бедна платичка со која само ќе успееш да го преживееш месецот. Заборави на излегувања, нова облека и одмори.

Заклучокот: Дур работиш нешто со љубов кон струката, дур се убиваш од работа и се трудиш да бидеш подобар, некој друг го собира азното, а ти несвесно добиваш забрзување со троцифрен број фаќаш нормала со ѕидот и си ја лупаш главата.

Во капитализам си бе младичу...
Било каде да одиш и со било каков просек да завршиш, никој веднаш не те става шеф. Искуството е многу битна работа, а искуството доаѓа од големите грешки, што ги правиш во фирмите за кои работиш. Да може за почекот ќе црнчиш, ќе те заебаваат и слично, но утре ако смогниш сили да отвориш твое нешто треба да го искористиш тоа искуство. Она што јас го имам забележано е многу луѓе работат како фирмата да е нивна и се во голема заблуда, крај краева работиш за плата.
Самиот факултет не ти дава искуство да ги разрешиш одредени ситуации на работа, искуствотот ти дава. Затоа не треба да се разочаруваш од фактот дека некој те заебава, ако не ти одговара, може да најдеш некоја нова фирма или крај краева може да заминеш на запад.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.548
Поени од реакции
3.845
Се исплати да завршиш факултет само ако твојата струка налага такво образование. Ако планираш да отвараш бизнис или да бидеш механичар се проаѓа и без факс. Али ако планираш да бидеш архитекта или доктор нема теорија без факс. Најбитната работа е само да бидеш успешен во тоа што го правиш дека ако имаш диплома, а не те бива џабе имаш факс.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Факултет се учи првенствено за да те научи да мислиш, и да се пронајдеш во нешто што со љубов ке го работиш цел живот. Парите се само материјалниот резултат на љубовта и трудот кој си го вложил во работата и тој е единствениот начин да заработиш најмногу, во споредба со другите начини на заработка кои нормално дека постојат.
На пример можеш да работиш ради реда како келнер и да заработуваш 15 000 ден. и да имаш пари за до овде до онде, или можеш да бидеш инжинер да ја сакаш својата професија да даваш максимум од себе и да заработуваш 50 000 со можност за многу поголем напредок во кариерата, него кога би останал да работиш како келнер. На почетокот,овде во нашава земја во развој, првите 2-3 години ке заработуваш можеби исто колку и келнерот, но потоа неизбежно е примањата да се зголемуваат, едноставно менталниот склоп, знаењето и стекнатото искуство ке те водат во таа насока. Јебига мора да фрлиш рипче за да фатиш крапче.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.262
Поени од реакции
21.181
Другар ова твоево не е ништо, киснеш на некои сајтвои кликаш реклами и правиш многу пари. Тоа одамна е отидено у пм. Пари не се заработуваат на нет, туку со вистинска работа.

За факултетите во Македонија не вреди да се зборува, ама то е. Во секој случај вреди да се заврши факс. Не за дипломата, него за пријателствата што ке ги стекнеш а воедно и искуството.Во Македонија сакаш заврши и со сите 10-ки немаш иднина без членска книшка, затоа правец Европа. Не дека ке те чекна некој таму, ама ако колку толку имаш нешто знаење ке најдеш работа.
Ти Штемац си заостанат едно 20 години минимум, ти се гледа по аватарот! Пари СЕ' заработуваат на нет и тоа мнооогу повеќе отколку што мислиш. И да, пари на нет се заработуваат и со лежење.
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
Ти Штемац си заостанат едно 20 години минимум, ти се гледа по аватарот! Пари СЕ' заработуваат на нет и тоа мнооогу повеќе отколку што мислиш. И да, пари на нет се заработуваат и со лежење.
Како процени по аватарот дека сум заостанат 20 години? боже сачувај... те молам објасни ми кој заработи многу пари киснејки на нет и кликајки на реклами ? ако беше така како ти што велиш, ке немаше потреба од работа, едноставно сите ке лежиме по дома и ке кликаме реклами.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.262
Поени од реакции
21.181
Како процени по аватарот дека сум заостанат 20 години? боже сачувај... те молам објасни ми кој заработи многу пари киснејки на нет и кликајки на реклами ? ако беше така како ти што велиш, ке немаше потреба од работа, едноставно сите ке лежиме по дома и ке кликаме реклами.
По постот што го напиша знаев дека си заостанат, а аватарот ми потврди дека си заостанат едно 20-25 години минимум.

Заработување на нет и заработување од кликање на реклами, не е исто. Јас правев муабет за ова првово.
И така е како што јас велам, јас заработувам така.
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
По постот што го напиша знаев дека си заостанат, а аватарот ми потврди дека си заостанат едно 20-25 години минимум.

Заработување на нет и заработување од кликање на реклами, не е исто. Јас правев муабет за ова првово.
И така е како што јас велам, јас заработувам така.
Дали јас треба тебе да те наркувам Hipster, само поради твојот ник и твојот аватар? ако имаш нешто паметно да кажеш, кажи па ке дискутираме, а не да фрчиш со предрасуди.

Во врска со заработката.. не е исто продавање на нет и сл. и киснење на сајтови кои ветуваат многу, а уствари ништо од сето тоа. И секако, ако мислиш дека си во право. Во ред, нема да го оспорувам тоа. Anyway кога ти би имал постојана работа, би знаел дека секој работен ден мора да работиш од пр. 7-15 часот и знаеш дека на крајот на месецот имаш плата која што ке ја добиеш. Секако сумата ке варира во зависност од тоа како ке се покажеш. Додека со ова твое заработување на нет, платата ако може така да се нарече нема да ти биде редовна и незнаеш колку и дали воопшто ке ја добиеш.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Џабе се распрааме. Факултетските дипломи се само формалност секаде у свет, па и кај нас. Ја на пример бев кај еден неформален лекар интернист кога имав проблеми со слепо црево. Он немаше никакво формално школо нит специјализација, али си ја заврши работата убер професионално. Се вика Благоја и има огромно медицинско искуство од читање книги, интернет сајтови и глеање Дискавери. Башка и трипута поевтин беше од Ремедика. Некња у дуќан ми дојдоа двајца врло фини неформални научници: еден генетичар (иначе колега голубар) од Псача и еден квантен физичар од Сарамзалино. Немаат ни стредно завршено, али и двајцата се врвни интелектуалци, имаат топ прифатни лабаратории и си го знаат занатот у присти. Шо ми беше поентата -- баталете дремење по формални школи, збирајте знаење као овие дечки -- кај и да се пријават у свет со докажано искуство и си-ви, секој ќе ги вработи.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80

Шала на страна мислам дека треба да ги разбереме дечкиве пошо до некаде се во право. Пошо муабетот е Македонија, а не за поцивилизираниот свет. Во Македонија не можеш да си квантен физичар. Работните места се такви какви што се.
Ако човек добро размисли одењето на факултет може да се земе и како порок. Пошо некој ако се коцкал или ако се дрогирал 5 години од животот и на крај се излечил е на исто рамниште како тој што завршил факултет дури и од потешките. И коцкаров и факултетлијава се шворц, изгубиле 5 години во животот и се што можат да работат без врски е да жуљат со мистрија или да копаат канали евентуелно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
Џабе се распрааме. Факултетските дипломи се само формалност секаде у свет, па и кај нас. Ја на пример бев кај еден неформален лекар интернист кога имав проблеми со слепо црево. Он немаше никакво формално школо нит специјализација, али си ја заврши работата убер професионално. Се вика Благоја и има огромно медицинско искуство од читање книги, интернет сајтови и глеање Дискавери. Башка и трипута поевтин беше од Ремедика. Некња у дуќан ми дојдоа двајца врло фини неформални научници: еден генетичар (иначе колега голубар) од Псача и еден квантен физичар од Сарамзалино. Немаат ни стредно завршено, али и двајцата се врвни интелектуалци, имаат топ прифатни лабаратории и си го знаат занатот у присти. Шо ми беше поентата -- баталете дремење по формални школи, збирајте знаење као овие дечки -- кај и да се пријават у свет со докажано искуство и си-ви, секој ќе ги вработи.
Пак џабе си арчел пари. Поефтин од Ремедика, ама не е беспари. Иван е беспари. Исто без формално образование и скроз самоук. Не му треба ни Дискавери. Нема во книгата баш за слепо црево, ама сигурно и тоа лечи. Неспорна величина, и по сиви, и по искуство.

Само еден чуден дел има во книгана. Ем самиот е пример дека не ти треба формално образование, ем ставил ваков пасус.
Untitled.jpg
Сигурно има дигнато раце и се има откажано. Сега си вика, тоа е, ако има идиоти што запнале да завршат непотребно формално, да видам да им помогнам некако. Иако не им треба.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Добро друже секој има различно мислење ама вакво мислење како твоето се добива само од такви како тебе што се без факултет.
Измачи се 4 години и живеј го остатокот од животот како ЦАР. Луѓето ќе пазат како разговараат со тебе. И оние којшто не ти се толку блиски нема да ти се обраќаат со ТИ туку со ВИЕ.
Не сум го искусил тоа затоа што сум уште средношколец али си знам по себе како разговарам јас со луѓе кој што имаат факултет.
Не знам за тебе како ги делиш луѓето,но јас се однесувам со луѓето по тоа какви се-добри или лоши,а не по тоа што имаат и како имаат завршено..дали основно,средно,факултет,2 факултета,5 факултета,или знаат 1 јазик,или знаат 5 јазици,воопшто не ме занима тоа.Можеш да имаш и 3 факултета а да си гомно човек и да те плукаат у фаца,а можеш да си и со основно па да те сакаат огромен број на луѓе и да те почитуваат и да ти бидат увек при рука кога ќе ти треба нешто.

Во државава можеш да живееш како цар само доколку си блиску до власта,без разлика која е.Тетка ми има завршено со сите 9ки и 10ки факултет за економиста,па работи во пекара.Татко ми е со средно,а работи како сметководител и фала му на Бога,добро ни иде.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Пак џабе си арчел пари. Поефтин од Ремедика, ама не е беспари. Иван е беспари. Исто без формално образование и скроз самоук. Не му треба ни Дискавери. Нема во книгата баш за слепо црево, ама сигурно и тоа лечи. Неспорна величина, и по сиви, и по искуство.

Само еден чуден дел има во книгана. Ем самиот е пример дека не ти треба формално образование, ем ставил ваков пасус.
Прегледај го приврзокот 99874
Сигурно има дигнато раце и се има откажано. Сега си вика, тоа е, ако има идиоти што запнале да завршат непотребно формално, да видам да им помогнам некако. Иако не им треба.
Не си го разбрал ти Иван. Он редовно ја чита кајгана оти за разлика од државното здравство се грижи за
впечатокот кој го остава кај чедата кои ги лекува и ми пренесе да ти кажам, вика дека лекот вреди пет пари.
Ама сега пари per se е многу општа и лабилна дефиниција и затоа он беше првиот кој установи ценовник оти не сакаше да ги условува луѓето
со вина на совест.
Самиот ценовник беше изготвен, лекториран и одобрен од АПА(Америчка Парапсихолошка Асоцијација) согласно со последните измени во законот за божји дејности на Тексас.
 
Извини му се најдлабоко и кажи му дека сум подготвен ако треба и да му дадам 5-6 бланко извинувања на писмено, заверени на нотар. Воопшто не беше злонамерно, јас со мојот скромен капацитет не верувам дека воопшто некогаш ќе можам целосно да го разберам Исцелителот. Сем ако тој со помош на божјиот дух не се смилува и ми избави од темнината.

Убаво што направил ценовник и сигурен сум дека е по сите свецки стандарди. Вака лекот е петпари е преопшто и некои како мене, може ништо да не му дадат. И да немаат проблем со совест. Тоа ич не е ок, ми кажале, ама Иванчо нема пишано иљач во книгата. Овие формалниве начини не помагаат исто. Бетер станува ако одиш кај овие со дипломи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom