Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
Во врска со заработката.. не е исто продавање на нет и сл. и киснење на сајтови кои ветуваат многу, а уствари ништо од сето тоа. И секако, ако мислиш дека си во право. Во ред, нема да го оспорувам тоа.
Алелуја! А јас што зборам цело време? Секогаш кога ќе слушнеш/прочиташ дека некој заработува на нет, немој веднаш да го поистоветуваш со дечурлана што кликаат на реклами и заработуваат по 94 денари месечно.

Anyway кога ти би имал постојана работа, би знаел дека секој работен ден мора да работиш од пр. 7-15 часот и знаеш дека на крајот на месецот имаш плата која што ке ја добиеш. Секако сумата ке варира во зависност од тоа како ке се покажеш. Додека со ова твое заработување на нет, платата ако може така да се нарече нема да ти биде редовна и незнаеш колку и дали воопшто ке ја добиеш.
Тоа е таа заостанатост за која ти зборам.
Anyway, кога ти би бил јас и би го работел тоа што јас го работам, дневно би заработувал по 100-150 евра во просек. Би знаел дека секој ден можеш да работиш онолку колку што сакаш, без работно време од-до. Би имал одмор кога сакаш и колку сакаш. Платата/заработката не само што ќе биде редовна, туку прогресивно ќе расте секој месец. И ред други работи, да не набројувам.
Ова можеби ти звучи како научна фантастика, но тоа е таа заостанатост за која ти зборам.

Тебе уште од мал ти е всадено дека мора да работиш за некој друг за да заработиш. Дека мора да го правиш она што сите други го прават: да се зачлениш во УМС, да завршиш факултет, да бараш работа (наместо сам да креираш), да лижеш газ, да се вработиш, да се ожениш/омажиш и тн.

Случајно па, не дај боже, ако не најдеш работа... ооо па то 100% државата е крива. Си завршил факултет, не те вработиле во државна администрација да земаш 500 евра плата - државата е крива! Не си способен да заработиш на било каков начин - државата е крива. Ти се дупнала гума на точакот - државата е крива. Те ебал Милан на тикет - државата е крива! За секој свој неуспех во животот - државата е крива, никако кривицата кај себе барање, гарант државата е крива.

Дали јас треба тебе да те наркувам Hipster, само поради твојот ник и твојот аватар?
Сакаш викај ме хипстер, џанкер, Голубовиќ, Бранковиќ Небојша... значи како сакаш викај ме, воопшто не ми пречи, ниту па ќе му придадам на тоа некое посебно значење. На форумов сум да утепам некоја минута пр. додека чекам да се симне некој филм, да прочитам некоја новост, чат-пат и некоја дискусија ако се отвори... така да...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Абе да немаше 1000 факултети во Мк, на никој немаше да му текне ова прашање да го поставува. Главниот проблем во државава - факултет за секој матурант - во секое село во провалијава. Дисперзираните на кои се запишува кој стигне, тоа е крлежот во глобала земено. Се запишуваат полуписмени, а да можат тие полуписмени да завршат, секои 2 години - нови (олеснети!) програми. Се за иднината, се за знаењето, или кое и да беше тоа мизерното мото.

Секако, во државава, а и надвор, повеќе ти се исплати да имаш факултет, отколку да немаш.
A zosto npr da ne se zatvorat site fakulteti vo skopje i da se otvorat po drugite gradovi i so toa da se zapre nepovratnata migracija na mladite kon skopje? So ova bi se resile znaci dva problemi, ke se prestane so migracijata kon sklopje i ke zivne ekonomijata vo pomalite gradovi,skopski wanabee studenti ke plakjaat kirii vo provincija,namesto drugive 5x pogolemi kirii vo skopje. Zosto nekoj fakultet od pomal grad ili selo bi bil poslab od onoj vo skopje, kade sto 99% od obrazovniot kadar se lopovi?
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
Алелуја! А јас што зборам цело време? Секогаш кога ќе слушнеш/прочиташ дека некој заработува на нет, немој веднаш да го поистоветуваш со дечурлана што кликаат на реклами и заработуваат по 94 денари месечно.

Тоа е таа заостанатост за која ти зборам.
Anyway, кога ти би бил јас и би го работел тоа што јас го работам, дневно би заработувал по 100-150 евра во просек. Би знаел дека секој ден можеш да работиш онолку колку што сакаш, без работно време од-до. Би имал одмор кога сакаш и колку сакаш. Платата/заработката не само што ќе биде редовна, туку прогресивно ќе расте секој месец. И ред други работи, да не набројувам.
Ова можеби ти звучи како научна фантастика, но тоа е таа заостанатост за која ти зборам.

Тебе уште од мал ти е всадено дека мора да работиш за некој друг за да заработиш. Дека мора да го правиш она што сите други го прават: да се зачлениш во УМС, да завршиш факултет, да бараш работа (наместо сам да креираш), да лижеш газ, да се вработиш, да се ожениш/омажиш и тн.

Случајно па, не дај боже, ако не најдеш работа... ооо па то 100% државата е крива. Си завршил факултет, не те вработиле во државна администрација да земаш 500 евра плата - државата е крива! Не си способен да заработиш на било каков начин - државата е крива. Ти се дупнала гума на точакот - државата е крива. Те ебал Милан на тикет - државата е крива! За секој свој неуспех во животот - државата е крива, никако кривицата кај себе барање, гарант државата е крива.

Сакаш викај ме хипстер, џанкер, Голубовиќ, Бранковиќ Небојша... значи како сакаш викај ме, воопшто не ми пречи, ниту па ќе му придадам на тоа некое посебно значење. На форумов сум да утепам некоја минута пр. додека чекам да се симне некој филм, да прочитам некоја новост, чат-пат и некоја дискусија ако се отвори... така да...

Доколку е навистина така како ти што велиш, зошто не земеме сите да лежиме дома и да работиме на нет? И да користиме колку сакаме одмор, и кога сакаме?

Исто велиш сам да креирам работа.. ма која работа во оваа мизерија?? ке отвориш фирма, ајде ке тргне некако работата. Ама што правиме понатаму, кога за два дена УЈП ке те соголи со даноци? И сеа за ова даноците пак е вината во народот нели? Државата е супер..

И не, на никому не му е всадено тоа дека треба да работи за друг, туку едноставно на многу места тоа е реалноста. Ама изгледа ти си живееш во некој си твој филм..
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
A zosto npr da ne se zatvorat site fakulteti vo skopje i da se otvorat po drugite gradovi i so toa da se zapre nepovratnata migracija na mladite kon skopje? So ova bi se resile znaci dva problemi, ke se prestane so migracijata kon sklopje i ke zivne ekonomijata vo pomalite gradovi,skopski wanabee studenti ke plakjaat kirii vo provincija,namesto drugive 5x pogolemi kirii vo skopje. Zosto nekoj fakultet od pomal grad ili selo bi bil poslab od onoj vo skopje, kade sto 99% od obrazovniot kadar se lopovi?
Ајде бе, и мене тоа би одговара, не дека не.
Али ова е апсолутно огромен сајнс фикшн.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
Доколку е навистина така како ти што велиш, зошто не земеме сите да лежиме дома и да работиме на нет? И да користиме колку сакаме одмор, и кога сакаме?

Исто велиш сам да креирам работа.. ма која работа во оваа мизерија?? ке отвориш фирма, ајде ке тргне некако работата. Ама што правиме понатаму, кога за два дена УЈП ке те соголи со даноци? И сеа за ова даноците пак е вината во народот нели? Државата е супер..

И не, на никому не му е всадено тоа дека треба да работи за друг, туку едноставно на многу места тоа е реалноста. Ама изгледа ти си живееш во некој си твој филм..
Никогаш нема да успееш во животот ако уште од старт се осудуваш на пропаст, дека нема да ти тргне, дека ќе пропадне одма бизнисот, дека ќе те соголат од даноци... Со таа негатива нема далеку да стигнеш.

Според тебе, јас не требаше воопшто да почнам, пошто нели УЈП ќе ме соголи од даноци.

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Читам и се чудам.
Ако завршувате факултет само за да имате диплома, тогаш веројатно не се исплати.
И ако увек гледате дали работите за некој со или без факултет, нигде нема да стигнете. Може тој некој е попаметен од вас и без факултет, иако кај нас најверојатно само значи дека има врски. Ама нешто што некои луѓе не сфаќаат е дека и со врски не ти е загарантирана работата. Евентуално, шефот ќе сака фирмата да му напредува, а тој со врски и без знаење нема да е способен за такво нешто. Да не збориме ако не дај боже нешто му се случи на тој што ја направил "врската". Или ако си преку партија, партијата ќе се смени.
Најубаво да си работиш тоа што сакаш и да си гледаш за себе, ако те бива, еден ден ќе стигнеш кај што треба.
Точно, не ти треба факултет да си успешен, ама треба да си далеку попаметен од повеќето, и да знаеш да го покажеш и докажеш и да си упорен. Зашто со самото тоа што си попаметен, не значи дека животот ќе ти биде розев. И тоа се најчесто исклучоци, а не правило. Исто како и тоа што ако имаш диплома не значи дека ќе те вработат одма.
Факултет треба да завршиш за себе, не за други, не за диплома. Само така се исплати. Ама стварно не мислам дека на некој му нашкодило да заврши факултет. Можеби сега викаат дека изгубиле 4/5 години за ништо, ама не верувам дека ќе биде така цел нивни живот. Нормално дека ќе има такви на кои ништо нема да им придонесе тоа што завршиле факултет, ама не верувам дека тоа е кривица на факултетот. Секогаш ќе има примери од сите страни, не значи дека тоа е правило за секој нареден.
Незнам од кога унапредувањето на себеси не вреди. Знам дека факултетите се срање, ама ти даваат некоја основа, колку и да е застарена, па ако стварно те интересира тоа, ќе најдеш начин да го дознаеш/научиш. Неможе некој да ми каже дека сакал да биде доктор или инженер или било што, ама заради нашето срање школо и професори не научил доволно. Секогаш има бар еден добар професор кој ќе ти помогне ако ти сакаш, а и интернетот постои и има еден тон информации.
Башка, може сега врските и партиите се појаки од дипломите и знаењето, ама замисли за 20 години е тотално друга приказна и ќе мораш да имаш завршено факултет. И? Ќе завршуваш факултет на 50? Или ќе седиш без работа? Сите викаат прашај го оние што завршиле а работат негде у некоја дупка. А да ги прашаш оние што не завршиле кога требало и заради тоа сега се или најстарите на факултет (не дека имам нешто против, баш мислам дека е супер што се решиле, ама замисли кај би биле да го имаа веќе завршено) или уште живеат со нивните и неможат да најдат работа (остај партии и врски).
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Да да, ево гледаш сите трчаме да испозавршиме па да се вработиме по струката која сме ја тинтрале со годиње (или од Годивје, ја не зна), кој продавач во продавница, кој во нискоградба, кој во сендвичара, кој на шанк...
Убо е да завршиш иначе како ќе се пофалиш и како ќе почастиш.
:D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Да. Дефинитивно.
Како прво факултет се учи лично за себе. За надградба на сопствената личност. После на ред доаѓа тоа, заради подобра работа, поплатена итн... Тие неколку години поминати на факултет се школо кое ти останува за цел живот и со ништо друго не може да биде заменето.
Ако на факултетот се гледа само како цел за полесно достигнување на иден финансиски профит, тогаш не се запишувајте, пошто уште од старт сте во загуба. Финансиски. Ретко денес кој се запишува на факултет заради лична интелектуална надоградба. И навистина е штета што ваквите студенти се губат во масите од паразити кои дошле само да земат било каква оценка и да добијат диплома после 4-5 години. Факултетот треба да го гледате како интелектуален предизвик, а не како нешто кое полесно ќе ви донесе вработување и да паразитирате цел живот. Со самото запишување станувате академски граѓанин кој треба да има веќе некакви изградени ставови за многу работи, да аргументирате на спротивните и да ги образложите вашите.
Муабетов со факултетиве кај нас е, сите скокаат од мостот, па ај и јас ќе скокнам. Не е секој за на факултет. Размислете убаво пред да се запишете, не се запишувајте само поради тоа што сите се запишуваат.
 
G

Gricko_

Гостин

Kажав погоре, се тоа звучи убаво, романтичарски, дури се согласувам дека е школо за цел живот, ама не се исплати во Македонија. Кажав, секој чест за програмерите, ама let's face it, не може сите да бидеме програмери.

Еве докторантката во колумната подолу (не дека му ги читам колумните на Андоновски), се запишала за интелектуално да се надогради, го гледала факултетот како интелектуален предизвик, изгубила години од животот, се жртвувала, станала академски граѓанин. Зошто? Кој мотив да го има да продолжи да губи време и нерви тука? Што добила од тоа? Кочење од системот и исмејување на својот труд. Мислиш дека има кај да се пожали? Најверојатно ќе ја изгуби шансата сега, за догодина ќе проба во Германија и ќе избега од тука, а тука ќе не лечат партиските подлизурковци.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=623141013175&id=13&setIzdanie=23206
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ем е емигрант, ем дипломите му се стап од видра. Што да го вработат во Лондон?
Да додадам, сигурно толку и го бива. Во град како Лондон да не успееш да најдеш работа треба да си талент. Четврто, dailymail :icon_lol:
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.128
Поени од реакции
8.074
Да. Дефинитивно.
Како прво факултет се учи лично за себе. За надградба на сопствената личност. После на ред доаѓа тоа, заради подобра работа, поплатена итн... Тие неколку години поминати на факултет се школо кое ти останува за цел живот и со ништо друго не може да биде заменето.
Ако на факултетот се гледа само како цел за полесно достигнување на иден финансиски профит, тогаш не се запишувајте, пошто уште од старт сте во загуба. Финансиски. Ретко денес кој се запишува на факултет заради лична интелектуална надоградба. И навистина е штета што ваквите студенти се губат во масите од паразити кои дошле само да земат било каква оценка и да добијат диплома после 4-5 години. Факултетот треба да го гледате како интелектуален предизвик, а не како нешто кое полесно ќе ви донесе вработување и да паразитирате цел живот. Со самото запишување станувате академски граѓанин кој треба да има веќе некакви изградени ставови за многу работи, да аргументирате на спротивните и да ги образложите вашите.
Муабетов со факултетиве кај нас е, сите скокаат од мостот, па ај и јас ќе скокнам. Не е секој за на факултет. Размислете убаво пред да се запишете, не се запишувајте само поради тоа што сите се запишуваат.
Ова лесно се решава со селекција и со смалувањето на бројот на факултети, конкретно за кај нас.
Меѓутоа факултетите се политички механизам во нашата ни напатена државичка.
Имам разговарано со професори кои достигнале да не речам врвот во науката и ги спуштиле киртериумите и денес неписмена клошарана со нив си игра курташак. Самите велат јас сам не можам ништо да променам, оние неколку што не се прилагодени на овој систем ги сметаат за соросоиди или пак в лице му кажуваат ти нас ни бркаш студенти да не се запишуваат заради што не можат да положат кај тебе.
Секогаш имало и ќе има најразлични типови на студенти, прочитав и дека добри студенти со голем просек немаат лидерски карактеристики, разбирам тоа е карактерер и не може да се промени, таквите студенти не влијаат лошо на останатите добри.
Да, јас сум за факултет меѓутоа не по наши стандарди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom