- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Поразот на Караманлис ги одложува преговорите за името
Дали преговорите би оделе помазно со Јоргос Папандреу, кој пред неколку години индиректно го поддржа уставното име на Македонија, а сега го критикува Караманлис дека не е доволно „тврд“ за името?
Турбуленциите на грчката политичка сцена по поразот што го доживеа владејачката партија Нова демократија на изборите за Европскиот парламент ја исклучуваат можноста Македонија и Грција летово да стигнат до решение за името. Откако најголемата опозициска партија ПАСОК победи на европските избори, во Грција се најавуваат предвремени парламентарни избори што би се одржале во септември или октомври годинава.
Дотогаш не може да се очекува значаен напредок во преговорите за името.
Политичките калкулации покажуваат дека Македонија навива во идната премиерска фотелја во Грција да седне Јоргос Папандреу, лидер на ПАСОК, кој победи на изборите за Европски парламент.
Оние што лично го познаваат тврдат дека тој има порационални ставови за името од оние на актуелниот грчки премиер Костас Караманлис. Сепак Македонија не може да се надева дека бившиот министер за надворешни работи Папандреу ќе биде попустлив за прашањето за името, кое е од национален интерес за Грција.
- Папандреу е поинаков ков на политичар за разлика од Караманлис. Сепак Груевски греши ако се надева дека Папандреу ќе попушти за името, затоа што тој ќе сака да си ја загарантира победата и ќе ја продолжи веќе познатата грчка политика. Со Папандреу единствено може да се очекува забрзување на преговорите - вели Владо Бучковски, кој е пријател со Папандреу. Бучковски вели дека Папандреу лани сакал да дојде во Скопје за да го навести грчкото вето во Букурешт. Лидерот на ПАСОК е единствен висок грчки политичар што ја посети Македонија по заладување на односите со Грција поради тоа што САД го признаа нашето уставно име. Токму при последната посета во 2006 година, Папандреу изненади со изјавата дека името треба да нé спојува наместо да нé раздвојува.
- Дијалогот е единствениот пат што води кон мир и благосостојба. Треба политичка волја за да ги оставиме зад себе горчините и крајностите и двата народа да се чувствуваат гордо за решението, сфаќајќи ја чувствителноста на другиот. Ние сме тие што ќе живеат еден покрај друг, а следните генерации нема да ни судат според минатото, туку според тоа каква иднина им креираме - изјави тогаш Папандреу како гостин на сестринската партија на ПАСОК, СДСМ. И покрај тврдењата дека токму со Папандреу како шеф на грчката дипломатија Македонија била најблизу до решение на спорот, денес лидерот на ПАСОК има идентични ставови за името со владејачката Нова демократија - име со географска одредница за севкупна употреба. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, кој тврди дека со Папандреу во 2002-та биле блиску до решение, објаснува дека тој е поприемчив од премиерот Караманлис.
- Папандреу има поразбрана позиција и амбиција да биде лидер на процесите на Балканот. Затоа ќе гледа да го оконча процесот што побрзо - вели Чашуле, кој има пријателска релација со Папандреу. Чашуле оценува дека дури и да не се одржат предвремени избори во Грција, со поразот што го доживеа Нова демократија пропаѓа најавата дека САД во јули ќе донесат нов предлог. Васил Тупурковски, кој исто така важи за пријател на Папандреу, смета дека ќе претстои интересна ситуација ако ПАСОК победи на предвремените избори.
- Папандреу нема да води политика што не им одговара на грчките национални интереси. По изборите во Грција ќе порасне притисокот врз двете страни да постигнат решение - смета Тупурковски.
Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=69934931472&id=9&setIzdanie=21707