Ми треба по можност некој што имал лично искуство или искуство на некој близок што донел ајпад. Студентите што се по работа отидени си доаѓаат сега на 5ти и 8ми, па ќе пробам ако некој се нафати некој од колегиве да ми донесе. Околу цената и додатоците нема да коментирам, знаете колку е поефтино
Тоа што ме интересира е прво дали воопшто прават некакви проблеми ако ми го носат нов неотпакуван со кутија. После ако прават проблеми, дали може да се пријави ајпадот како лична сопственост, дали во тој случај би правеле проблеми. Дали има некој начин или финта да се избегнат билокакви проблеми, како е со закон ова регулирано. И во најлош случај ако ептен прават проблеми и мора да се плати царина, колку изнесува царината?
Секое искуство е добредојдено да го споделите, и се разбира ми треба што побрзо ако може одговор