Дали прават проблеми на царина (аеродром) ако ми донесат iPad од Америка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Возраст
35
Ми треба по можност некој што имал лично искуство или искуство на некој близок што донел ајпад. Студентите што се по работа отидени си доаѓаат сега на 5ти и 8ми, па ќе пробам ако некој се нафати некој од колегиве да ми донесе. Околу цената и додатоците нема да коментирам, знаете колку е поефтино:)

Тоа што ме интересира е прво дали воопшто прават некакви проблеми ако ми го носат нов неотпакуван со кутија. После ако прават проблеми, дали може да се пријави ајпадот како лична сопственост, дали во тој случај би правеле проблеми. Дали има некој начин или финта да се избегнат билокакви проблеми, како е со закон ова регулирано. И во најлош случај ако ептен прават проблеми и мора да се плати царина, колку изнесува царината?

Секое искуство е добредојдено да го споделите, и се разбира ми треба што побрзо ако може одговор:)
 
Од лично искуство ти кажувам дека ке мораат да платат царина ако е неодпакуван,зошто на било кој предмет кој е донесен од странство нов бараат царина.Но ако е неодпакуван нема ни да го прашаат.а и да прашаат ќе каже дека е негов си го купил за себе и готово.нема да плати царина.иначе не ти се исплаќа да го носиш и да платиш царина за него зошто ке ти дојде како да си го купил тука.
 
Види вака... татко ми си дојде од америка, и носеше 4 куфери + лаптоп. Внатре имаше еден куп работи шо неможат да се најдат овде штрафалици на батерии, ласерски либели... (добро де можат, ама ем се шкартливи, ем се 4 пати поскапи тука)

Лаптопот го носеше со него, кога го прашаа зошто ти е? For personal usage... и то на анлиски да го кажиш.

Така да тоа е советот до другарти за да куртули од плаќање царина. Ајпадо треба да му е изваден од кутија и да го носи во рачен багаж со него. Кутија никако, оти ќе го натераат да плати царина.
 
Ми треба по можност некој што имал лично искуство или искуство на некој близок што донел ајпад. Студентите што се по работа отидени си доаѓаат сега на 5ти и 8ми, па ќе пробам ако некој се нафати некој од колегиве да ми донесе. Околу цената и додатоците нема да коментирам, знаете колку е поефтино:)

Тоа што ме интересира е прво дали воопшто прават некакви проблеми ако ми го носат нов неотпакуван со кутија. После ако прават проблеми, дали може да се пријави ајпадот како лична сопственост, дали во тој случај би правеле проблеми. Дали има некој начин или финта да се избегнат билокакви проблеми, како е со закон ова регулирано. И во најлош случај ако ептен прават проблеми и мора да се плати царина, колку изнесува царината?

Секое искуство е добредојдено да го споделите, и се разбира ми треба што побрзо ако може одговор:)

Прво ,гледај да не ти го донесат во кутија ,фактурата пријателот/ката нека ја држат в џеб колку да се оправдаат пред тебе дека е стварно нов.Ако е во кутија и спакован ,цариниците ќе го проценат нормално како нов ама по овдешни цени (лошо) и на тие ќе ти акнат царина па ќе испадниш позаебан.
Добро е да му кажиш на носачот од Америка дека ако нешто му се закачат цариниците ,дека толериираат техничка стока до 300 евра без царинење (телефони ,компјутери ,телевизори) ,а е нова и е со доказ за лична сопственост.Ова во случај да ти носат спакован од продавница во кутија со сите работи и во случај на покажување на фактурата пред цариниците.Ама пак ако е некој покатиљ од нив ,би запнал сигурно за наплаќање царина по овдешна вредност и пак си заебан.
Значи најдобро би било носење во џеб кај носачот ,без кутија ,без ништо и по можност гледај да е некој кој би носел помалку работи од тип на лаптопи ,телефони итн.
 
Јас ќе ти кажам лично искуство за iPod од САД. Ми стигна како поклон, но платив царина.. не знам колку точно беше царината... мислам околу 20% од цента на iPod-от... Има и други луѓе од Кајгана што земаа и си платија царина. Милам дека тоа ти е единствениот проблем со кој можеш да се соочиш. Евентуално, доколку на пратката ти пишува само дека е поклон и не ја пишува вредноста во САД, тогаш може да го царинат многу евтино, а може и да си лупнат рандом бројка...
 
Ако се знаат со некој од царина - ќе пројде.

Ако не, ќе си платат. И реално е така, за се над 175 евра. :)
 
Уфффеве што ми одговорија на другиот форум за истото прашање. Незнам што е точно... секакви муабети за до која сума се царини, па после која роба не подлежи на царина...

Иначе ако кутијата е посебно од ајпадот пак ќе прават проблеми? Евентуалните проблеми би биле на нашава царина така или и на америчката гњават?

krale напиша:
Еве ти ја чисто законската рамка.

Ако е од оние што се под 375е, и немаат некои други скапи уреди со себе, можат да го увезат без никаков проблем.

Ако е без 3G - царинската стапка е 0%, се плаќа само ДДВ од 5%. Шпедиција не ти треба ако е робата под 800Е во вредност. Значи ако уредот кошта 500 долари, ДДВ ќе си платат 25 долари - доста прифатливо.

* не ти препорачувам нов-неотворен, заради проблемите со џеилбрејк, ако станува збор за ipad2. Подобро отворен што е на верзија 4.3.3.
 
По правило треба да се царини, без никакво размислување и тоа. Во суштина ако го носиш онака отпакуван у џеб што би се рекло, не би требало да има проблем. Се е во зависност од тоа кој е на смена и како е расположен.
 
Само што зборев со другаров на тие 500те долари се плаќало и 8% такса... Односно 500 + 40(кејсот) + 40(хдми) = 580+8% = 626 долари под услов да пројде се како што треба на царина.

Ме интересира и каде прават проблеми со царината, на наша царина така? Другаров слетува во софија, па од таму со кола/комбе до дома... Евентуални проблеми би имал на нашава граница или?
 
чекај малку па нели според законот за царинење во МК е ако некоја стока или роба што било да е, ако пречекорено над 350 евра тогаш се плаќа царина,а ако под 350 евра не се плаќа:confused:
 
чекај малку па нели според законот за царинење во МК е ако некоја стока или роба што било да е, ако пречекорено над 350 евра тогаш се плаќа царина,а ако под 350 евра не се плаќа:confused:

Јас знам дека законот беше до 50 евра. Друг човек ете погоре што ми напиша, и доста веродостоен ми е, 800 евра е според него. Ова со 350 ново:)

Затоа мислев ако има некој што донел да каже што и како е...
 
не е ново тоа за 350 евра одамна е пред нова година,а за 800 евра прв пат дознам од тебе:) да беше така за 800евра и јас ќе купев поасален смартфон-андроидчиња од германија;):) како и да е подобро распрашај се оние што се разбира околу законот на пример адвокат или судија:)
 
На царината рачунајси 1500 денари лежарина за аеродромот.
 
А зошто не ти го купат таму нов,ама пријателот шо ќе ти го носе нека го отпакува све тоа и нека го носе во џеб ебаго така нема да се царини ? како шо кажа џиш по горе for personale usage и пријатно.

Шо ти е гајле тебе дали ќе ти го донесе во кутија или отворен пред тоа,сепак ќе ти ги даде сите делови и онака нема гаранција да ти важе тебе тука.
 
ама со кутија сосе пакет во него да има вредност;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom