PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Со самото тоа што и ние самите сме во добивка кога помагаме некому, во суштината е себичен чин. Не помагам за да помогнам, туку за, со тоа што на некој ќе му олеснам за некоја работа, самата ќе се чувствувам подобро, што ете, сум била за нешто корисна, што сум направила некакво добро, или што сум освоила нечија наклонетост, или што сум добила вредност во нечии очи, или почит, или дури восхит...
Ова не значи дека сите помагаат начелно со таа намера, и од причина што се себични и си гледаат само за себе... Ама на крајот, испаѓа дека се што правиме, го правиме за себеси да си го направиме животот подобро.
Дури и примеров со баптистичкиот свештеник... Зарем нема тој да изгледа подобро во очите на Бога, како почитувач на Светата Книга според која се води (Помагајте им на беспомошните, бла бла), зарем нема да биде добар пример за следбениците на неговата религија, зарем нема да заслужи добро место во рајот (ако тргнеме од тоа што е свештеник=длабоко побожен)? Значи дури и тој, што се согласил џигер да даде, со тоа ризикувајќи го својот живот, го направил тоа за сопствена корист, не само за користа на оној на кој му треба помош. Потсвесно можеби, сепак е себичен акт.