Дали помагање на други луѓе е себичен чин?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За 300 000 долари годишно би ризикувал. А кога се нафаќаш на таква работа тоа е тоа. Затоа и е добро платена. А добар човек ќе го ризикува животот и без да земе пари.
Би ризикувал :pos::pos:. Добро сериозно ти ги имам читано постовите и според нив и да се пријавиш за обука во таква академија, ќе ти речат ти дечко не си за тука. Уште со самото твое мислење дека за 300 000 би ризикувал, а не дека би го направил без размислување (не е само да го речиш тоа, туку треба да бидеш спремен и во даден момент да го направиш тоа).
Инаку да, добар човек и без да земи пари би го ризикувал својот живот, ама тој и неговата фамилија не можат да живеат од воздух.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
`Хранејќи ги сиромашните, богатите се хранат самите себе си повеќе. И се трудат потајно, да се знае за нивната добродетел!`

Кажано за помагањето, помагајќи на дргите, повеќе си помагаме самите себе, барајќи душевен мир.

Но, секој не го гледа тоа на таков начин, т.е. не го бара душевниот мир во помагањето!
Затоа, благословени се оние кои помагаат...
Ич не е себично тоа, затоа себичните не го практикуваат...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Несебино е кога не бараме ништо за возврат. А инаку нормално е да се чуствуваш добро кога ќе направиш добро, па така и треба. Е ако не се чуствуваш добро, тога нешто не е во ред
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Напротив тоа е хуман чин,да им помогнеме на луѓето што се изнемоштени,финансиски слаби//сиромашни,на сите кои ни бараат помош треба да им помогнеме.Безразлика на класта и возраста.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Прееска гледав пријатели, и една серија беше цела за оваа тема баш (може и ќе ви текне на истата), па така се сетив :P
Конкретно муабетот беше дека сите сме себични затоа што секое добро дело што го правиме, го правиме за да се осеќаме ние подобро или погорди или нешто слично, па според тоа нели, истото го правиме од себичност ... за наше задоволство. Ме замисли сето тоа ... на крај и јас си се сложив дека е така :lol: ... значи кој не е себичен? И ако не е некој, дајте пример што ќе го негира горенаведеното :)
јас лично не се чувствувам горд или задволен ако помогнам некому... се чувствувам човечки.. пошо според мене тоа е правилната работа шо треба еден нормален човек да ја направи...и нема зашто тука тоа да биде себично...ако било така за да биде несебично иди одмагај на секој што ке стигнеш.. ке те направи тоа подобра личност?
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
На извесен начин да, зашто со правењето добро ние се чувствуваме убаво и помалку супериорно во однос на тие што ја примиле нашата услуга.
Понекогаш некој прави добрини за да заборави на своите проблеми, а тоа е исто така себично.
Малку се оние кои се лишени од суетата и гордоста, само тие не се себични.
 
М

Мрак

Гостин
Да,го правиме за ние да се почувствуваме убаво,но се надевам и дека не се ретки оние кои не мислат за нивното чувство,туку за потребата во светов да се помогне.Не наше задоволство,туку да создадеме некоја доза на среќа кај другиот.На пр.јас не се чувствував убаво кога една албанка ме праша за саат,но и кажав.Јас не бев среќна,не ги поднесувам нив..но човечноста е таа која ме натера да и помогнамн на неа.Милам дека по малку е,но во целина би можело да се рече дека е несебичен чин:smir:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не е себичен чин. Тоа што некому ќе помогнеме доколку сме во можност е сепак добро дело и нормално е после тоа да се чувствуваме добро и исполнето, но тоа не не прави себични.

Јас сум себична, ДА. Се трудам да не сум, но сум и така е тоа, но кога сум во можност да помогнам некому-помагам и секако тоа не го правам за да се чувствувам добро. Нашата првобитна цел е да помогнеме, а не да се чувствуваме убаво. Кога би било обратно тогаш би било себично, а се дотогаш е несебично.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
не...себичноста е зивотинска карактеристика а није сме луге и треба да си помагаме....
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
мојот професор по етика рече дека сите сме себични, но постои и позитивна и негативна себичност! позитвна е онаа кога помагаме со цел самите ние да се чувствуваме подобро или пак да бидеме добри во очите на другите, а онаа негативната е кога сме прави егоисти! па затоа ок е да си позитивно себичен бидејќи важно е на некој да се помогне на било каков начин.
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
109
Поени од реакции
1
Ako si sebicen...Gledas samo za sebe:) I nikad nema da ti tekne da pomognis na nekoj:)Neli e toa logcno?I nikad nema da se pocuvstvuvas sebicen,ako go nakrenes svoeto ego,pomagajki mu nekomu:)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Некои помагаат само да се осеќаат подобро, некои за да не ги пече совеста. Некои ич не помагаат и сеедно им е, некои се и задоволни што нема да помогнат, па дури и напротив. Потребна е само просветленост, само во таа состојба човек може правилно да оцени дали и како да помогне или не, а да не се покае поради тоа. Се додека сме непросветлени ќе си патиме и од доброто и од злото. :)
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Темава малце лошо ми е поставена, ама ок..
Се согласувам со Cool Hand Luke, ќе додадам само дека чувството е прекрасно кога знаеш дека си помогнал некому, се чуствуваш како подобар човек. Ако сите си помагаат меѓусебно без да се бара нешто за возврат, би било прекрасно. Под помагање не подразбирам "да те пикнат на работа преку врски", туку да те научат да бидеш подобар од конкуренцијата и сепак да ја добиеш работата.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Темава малце лошо ми е поставена, ама ок..
Се согласувам со Cool Hand Luke, ќе додадам само дека чувството е прекрасно кога знаеш дека си помогнал некому, се чуствуваш како подобар човек. Ако сите си помагаат меѓусебно без да се бара нешто за возврат, би било прекрасно. Под помагање не подразбирам "да те пикнат на работа преку врски", туку да те научат да бидеш подобар од конкуренцијата и сепак да ја добиеш работата.
Па эа тоа се работи во лошо поставенава тема и токму тоа чувство прашувам дали не е себично после се.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom