Дали помагање на други луѓе е себичен чин?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Шорт1... не ти со сфаќам насловот.....

btw

Да, се чувствувам среќен кога помогнам... еве пример.... јас сум програмер... и често најдувам нешто што не ми е јасно, и знам дека имам некој кој може да ми помогне... што е супер... затоа не се штедам кога треба на некој кој помалку знае (во една област) да му дадам дел од моето знаење...
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
pearl напиша:
Нормално дека е себичен чин. И останува себичен се додека е узнаен, дознаен, покажан, искажан од/на околината. Едина ситуација каде не постојат себични мотиви е кога ќе помогнеш без никој да те дознае, дури ни тој кому си му помогнал.
Зошто тоа го сфаќаш како себично?
Mене зборот себичен ми звучи премногу оштро... што знам, некако премногу лошо... затоа не го сфаќам насловот...

Секој дојдува до степен кога едноставно му треба на некој однадвор да му го покаже патот... во било која работа, во било која сфера од животот! Затоа не смее да се штеди кога помага, а ти е побарана помош. Кога некој многу понеискусен од мене ќе ми побара помош, знам дека можеби никогаш нема да имам јас потреба - тој да му помогне... но, радо би му кажал она што знам во моите можности.... но, исто знам дека има и некои поискусни, со мојот карактер... кои би ги прашал за било каква помош...

Незнам, зошто, но не гледам себичност тука... така функционира светот.... Искрениот совет (во најмала мера), од пријател е многу подобар - од колку да му побараш совет на некој стручен....
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Да, ако себичноста ја сметаш за егоизам. Сепак јас поразлично гледам на ова: повеќето би го окарактеризирале егоизмот како лоша работа и прилично сум убеден дека ќе го негираат, како демек ”јас не сум егоист бла бла бла” - секој човек е егоист, тоа е обележје за неговото постоење. Она што смета е манифестната форма на егоизмот која најчесто се судрува со слична материја со ист електрицитет, т.е. некое друго его. Па и самиот алтруизам како таков не постои, тој функционира само во служба на егоизмот - сум направил некое добро, сум бил несебичен и хуман, но длабоко во себе многу ми годи дека ЈАС тоа го направив.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.195
Поени од реакции
34.430
А доколку на некого си му помогнал да научи некоја работа, со која ќе може да си помогне себеси и на другите?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Acid напиша:
А доколку на некого си му помогнал да научи некоја работа, со која ќе може да си помогне себеси и на другите?
Па, што е тука себично?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
pearl напиша:
Видете, јас не знам како сте ме сфатиле. Јас се залагам да се помага, постојано и целосно. Не ја сфаќајте себичноста во овој контекст како нешто лошо. Не мислам на себичност во смисла да не дадете и поделите нешто ваше. Туку мислам на крајната цел, правите добро, за да помогнете некому да се осеќа добро. Зошто? Затоа што тоа на крајот ВАС ќе ве натера да се осеќате корисно и убаво. Тука лежи себичноста.

There are no selfless good deeds! :)

Токму тоа и мене ми беше мислата. И ја сум ЗА помагање на други луѓе, дали со совет или на некој постар човек ќе му помогнеш ќесите да си однесе дома итн. И све тоа те прави тебе како оној што помогнал да се осеќаш гордо и убаво - као природен high, што не е ништо лошо, но ме прави да мислам дека токму тоа не води кон желбата да помагаме

Димитар напиша:
Шорт1... не ти со сфаќам насловот.....

btw

Да, се чувствувам среќен кога помогнам... еве пример.... јас сум програмер... и често најдувам нешто што не ми е јасно, и знам дека имам некој кој може да ми помогне... што е супер... затоа не се штедам кога треба на некој кој помалку знае (во една област) да му дадам дел од моето знаење...
Те, Димитре, тоа што Pearl кажа, на тоа мислев, у тој смисол е насловот :helou:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.195
Поени од реакции
34.430
Димитар напиша:
Па, што е тука себично?
Па, ништо.
Тоа е поентата. Помагањето не е себично.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
хмм сеа тие што не помагаат на никој се тешат демек другиве себични се :):):) иначе не мислам дека е себично ама ич, евентуално може да не биде од срце помагањето туку од корист, кога ќе речам корист мислам на тоа да се фалиш па другите да мислат дека си подобра личност, или за да можеш некогаш да го условиш тој на кој си му помогнал у ситилу ја ти помогнав па мора сеа ти мене...:)
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
па убаво му е, најубаво, ама сепак првичната мисла ми била да му помогнам на тој некој, не јас да се осеќам убаво:)
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
pearl напиша:
Ама сепак ти доаѓа убаво на душичката, нели? :)
Значи, ти се допаѓа таа дразба, таа емоција, инаку, да не беше убава, немаше да ја правиме воопшто, а скраја пак да ја повториме. Ете тоа е себичноста за која јас се обраќам, ни' доаѓа убаво, затоа и го правиме и повторуваме, сакаме повторно да го искусиме :)
Тоа што се чувствуваш добро - затоа што си помогнал е себичност?

Од кај ти е дефиницијава?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962

Kajgana Shop

На врв Bottom