Дали помагање на други луѓе е себичен чин?

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
блажено се осеќаме хахаха абе јас те сконтав што сакаш да кажеш и у право си, али јас барем сфатив дека насловот се однесува на себичност во лоша смисла...иначе секако знам дека откако ќе му помагнам на некој ќе се осеќам убаво, гордо...и можеби следечи пут тоа ќе ме поттикне да му помогнам на некој пак...ама сепак не игра толку голема улога, првичната цел е да му помогнеш на некој за да тој се чувствува добро :)
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Дијалектика, дами и господа :wink: погледнете зад формалното значење на термините. Зошто по секоја цена сакате да ја негирате и апстрахирате личната придобивка од таквите гестови? Секој себеси се гледа како центарот на светот и немој некој поинаку да ми кажал :zlo:
Тој што ќе каже дека поинаку се чувствува е хипокрит.точка. Нормално е за секоја работа човек што ја прави да очекува соодветен фидбек на тоа, дали бил материјален или духовен. Никој не превзема безусловни акции. Помагам затоа што кога ќе видам како на некој сум му ги променил животните околности на подобро ме прави да се чувствувам среќен. Затоа и не помагаме на секому, нели? (сега и на ова некој ќе ме негира, ама ај :) )
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
епа добро, али ти барем се осеќаш добро помагајќи им на другите...има некој што не помага ич...што е подобро тогаш, да помагам и да се осеќам добро поради тоа и другиот да се осеќа добро или пак да не помагам за да не бидам себична, како што тврдите? :) btw не го негирам членов над мене, само тврдам дека многу посебично би било ич да не помагаш, отколку да помагаш и да се гордееш со тоа, да се чувствуваш убаво, па и да знаeш дека кога тебе ќе ти треба помош некој ќе биде тука за ти ја даде неговата поддршка...:)
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Дотично девојче, тука си во право :) Работата е во тоа што секое его е различно, а тоа значи дека и различно се храни. Затоа има подобри и полоши луѓе. Нема добри и лоши :helou:
 
Член од
9 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
1
pearl напиша:
Го променив мислењето, додадов несвесно (го правиме тоа), можеби ќе стане појасно сега.

Пак ќе повторам, не ја сфаќајте себичноста во овој контектс како нешто лошо и негативно. Знам дека грубо делува зборот, ама не можам да пронајдам друг што ќе може поблиску да ја долови емоционалната состојба кон која несвесно се стремиме кога помагаме.

П.С. Дечки, ај некој друг кој ме разбира нека објасни поубаво. Од никогаш не ме бивало за објаснување. Контам од прва, ама да објаснам некому друг, не е мое форте :)
Aj да си ја пробам среќата.
По дефиниција егоистичко дело е тоа кое е поттикнато од лични интереси т.е лична добивка. Секако дека со помагањето ние нешто добиваме, а тоа е тоа чувство за кое зборевте погоре. Оттука има егоизам во тоа дело. Но тоа не е ништо лошо.
Што е проблемот бе луѓе. Егоизмот е природен механизам за себесочувување (selfpreservation, не знеав како да го преведам), барем според мене (не сум експерт). Јас сум сигурен дека скоро сите, ај да не претерам, повеќето од работите што ги правите се од егоистички причини. Кога сте заљубени, не идете со девојката од никоја друга причина освен од тоа што ви е убаво со неа. ВАС ви е убаво, првенствено, а таа доаѓа втора, по вашите интереси. Не се фаќаш со неа за нејзе да и биде убаво.

Добро, јасно е?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
outcast напиша:
Дијалектика, дами и господа :wink: погледнете зад формалното значење на термините. Зошто по секоја цена сакате да ја негирате и апстрахирате личната придобивка од таквите гестови? Секој себеси се гледа како центарот на светот и немој некој поинаку да ми кажал :zlo:
Тој што ќе каже дека поинаку се чувствува е хипокрит.точка. Нормално е за секоја работа човек што ја прави да очекува соодветен фидбек на тоа, дали бил материјален или духовен. Никој не превзема безусловни акции. Помагам затоа што кога ќе видам како на некој сум му ги променил животните околности на подобро ме прави да се чувствувам среќен. Затоа и не помагаме на секому, нели? (сега и на ова некој ќе ме негира, ама ај :) )
болдираното. Да, сум забележала и кај мене некогаш и кај други луѓе. Не помагаш ако твојата помош не е appriciated. Кога ќе видиш дека на тој што си му помогнал реагира, онака, као да ти било тебе должност тоа да го направиш - нема да помислиш да му/и помогнеш пак
 
F

filmadzijka

Гостин
Темата на прв поглед е апсурдна.:drk:
Но, потоа ме потсети на една навидум ефтина парола: „Помагајќи им на другите, си помагаме себе си”, и одеднаш и темата на short1 и паролата ми станаа појасни.
Како и се друго во природата, и ние сме дел од системот акција-реакција. За било што да направиш, па и за да помагаш, треба да имаш мотив: убаво чувство од направено добро дело, нечие радосно лице, благодарност, противуслуга, пофалба, простување на гревовите, влезница во рајот...

Има луѓе кои помагаат само тактички: ситната помош што „ус пат” ја даваат, резултира со дебела добивка за нив самите.

Е сега, себичноста е здрава работа ако се практикува во мали дози. А што е малку или многу, секој сам треба да си измери (зависно од мотивот).
Ако се предозирате, не ви чини работата. :nenene:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Темата е многу ок.
Сепак ќе си дозволам на истава тема да поставам едно сосема општо прашање до повеќето членови расположени за дискусија.
-Претпоставете дека шетате покрај морски брег, да кажеме на пристаниште и забележувате човек кој покрај самиот раб на ѕидот во длабоката вода се дави.
Веројатно од позиција на човекољубец секој од вас би се обидел да му помогне и да му го спаси животот. Но, дали тоа треба да го сторите? Дали навистина давеникот се нашол таму против своја воља? Дали ако веќе незнаел да плива, исто така не знаел дека ако се најде во вода може да се удави? Не се ли неговите повици за помош само покајание за направената грешка во проценката?И најпосле, дали сте вие воопшто повикани и компетентни да спасувате нечиј живот против неговата или божја воља?
Мислам дека прашањето на заглавието од темава ќе ја насочи во малку поинаква насока, но сепак сметам дека ќе помогне да се дојде до попрецизно решение и одговор на тоа дали помагањето на други луѓе е себичен чин.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Фрли камче назад, за да најдеш напред!! - Македонска мудрост!

Помагај другему, за да ти се помогни тебе во мака! - такуѓере македонска мудрост!

What man is a man who does not make the world better?

Jedi use their powers to defend and protect, never to attack others.
Jedi respect all life, in any form.
Jedi serve others rather than ruling over them.
Jedi helps others, not for glory, nor for benefits.
Jedi asks assistance, offers assistance!
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...kako e mozno pomaganjeto na drugi da bide sebichen chin???...ne mi ide ova nekako...zasto mnogu e lesno na nekoj da mu napravish losho-sekoj go poze toa...ama da napravish neshto dobro e teshka rabota ili da pomognesh na nekogo-e tuka se glea koj od sto e napraven...i kolku vredi...
 
Член од
9 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
1
Mandrak напиша:
И најпосле, дали сте вие воопшто повикани и компетентни да спасувате нечиј живот против неговата или божја воља?
Ако било божја воља да умре чоекот ќе си умре, јас неможам ништо. Е сега дали смеам да му помогнам ако тој самиот одлучил да умре...
тешко прашање. Ја ипак би го спасил. Зошто можеби еден ден ќе ми дојде на врата, еве вака:smir: , и ќе ми рече фала.


Инаку за темата, јас сепак мислам дека помагањето е резултат на себичноста во нас, зошто носи повеќе придобивки. Едно е тоа чувство. Кога ќе ти дојде убаво на душичката. Потоа, се здобиваш со пријател, па можеби и должник. Луѓето прават услуга за услуга.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не гледам ништо себично искрено кажано,ама баш ништо.
Кога помагам на некој не помагам за да се чувствувам убаво,туку затоа што некој друг имал потреба,му требало помош...
Не ја гледам себичноста овде.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не знам колку себичноста е оправдана или не, но факт е дека знае да донесе корист. Е сега дали помагањето е себичност??...Според Фројд и некои други психо-аналитичари човекот прави буквално се со некоја "лична корист" во позадината на неговите постапки.Според нив дури и кога помагаме го правиме тоа со потсвесна(или понекогаш свесна) цел да ја добиеме туѓата наклонетост, да се осетиме потребни и корисни, па дури и да манипулираме со другиот преку тоа што ќе го направиме зависен од нашата помош. Значи, помагањето е секогаш иницирано од желбата да си ја зголемиме личната вредност во туѓите и сопствените очи.
Лично не можам и не сакам да верувам дека тоа е баш така. Но истовремено сум убедена и дека исклучително се ретки луѓето кои помагаат апсолутно безусловно. Затоа ми се допаѓа концептот на будистите кои сметаат дека треба да помагаме единствено кога нема да очекуваме ништо за возврат, за да ја избегнеме можноста нашата помош да претставува средство за латентна манипулација.
Така да не сметам дека помагањето е апсолутно себичен чин, ниту пак дека целосно ослободен од себичност.Веројатно е нешто помеѓу.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
81
Поени од реакции
6
Неодамна на discovery во оние неверојатни медицински приказни гледав за еден дечко кој на 30 и неколку години заболе од една многу ретка болест ,односно неговиот организам не го прифака повеке црниот дроп.Несреката да биде уште поголема неговите родители не се компатибилни даватели од причина што е усвоен.Времето минува а тој се бори со последните сили.За негов давател се јавува еден свештеник-баптист кој по сите испитувања испага дека е соодветен давател .Го превзема ризикот да му помогне на момчето иако и тој може да го загуби животот.Во истата болница се лечи жена од рак на џигеррот во почетен стадиум .Докторите по сите испитувања заклучуваат дека црниот дроп од дечкото можат да го пресадат на жената .Се прави операција на тројцата одеднаш со тоа што свештеникот му го дава половина џигерот на дечкото а неговиот целосно го пресадуваат на жената.За срека операцијата е успешна за сите тројца.Со ова наместо еден се спасува два животи.
Е сега се поставува прашањето.Што го натерало човекот да се изложи на ваков ризик?Дали за да си го задоволи своето его и во очите на јавноста да испадне херој или да го цитирам autcast очекува соодветен фидбег на материјална или духовна страна .
Со оглед дека предходните постови беа повекето дека сепак кога помагаме го правиме тоа од некаква причина еве барем по мене пример дека има луге со вистински или истенчени чувства кога се работи за хуманоста и кои се спремни во секој момент и на секого да му помогнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom