Многу ми се сигурни овие шо викаат дека не се купува, особено затоа што обично истите не знаат да дефинираат што точно е љубов.
Да претпоставиме дека љубовта е микс на емоции составен од дел очекувања, дел сексуална компонента, дел идеализирање на партнерот. За некои луѓе факт е дека парите ги појачуваат сите овие компонентни особено првите две (сите сакаат материјална сигурност), подароците означуваат плус посакувано внимание (особено нивното бирање по вкус) и voila подароците ја купуваат љубовта.
Да се разбереме, има подароци со акцент на материјалната страна и на емотивната страна. Кај многу девојки двете се едно те исто.