- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 91
- Поени од реакции
- 3
Скапите подароци создаваат некаков вид обврска, па и нешто за возврат секако. Познавам девојка која одеше со дечкото неколку месеци ама за тоа време доби најнов модел на iphone, комплет нова облека за неа и сестра и, обезбеден превоз секаде и во секое време и ред други работи, но не беше доволно за да бидат заедно. Самиот факт дека сме со некого заради тоа што ни подарил нешто создава одбивност, самите чувствуваме дека тоа што го правиме не не исполнува. И така девојката која беше купена од скапите подароци зборуваше за тоа како не можела да ги поднесе неговите допири, бакнежи... по некое време секако, дечкото сфати дека не може да се продолжи на тој начин и- престануваат подароците, со тоа престанува и врската. И што сега? Девојката ги има сите тие материјални задоволства, но длабоко во неа знае дека самата се понижила со тоа што го направила.
Жално е тоа дека се поголем број девојки подаруваат или примаат подароци кои се прескапи и кои знаат дека се подарени со некоја друга намера, а не како израз на љубовта од партнерот, но тоа е што е ..
Лично, би се почувствувала незгодно доколку добијам некој скап подарок што сметам дека е купен без никаква креативност или пак е купен само колку да се означи датумот, празникот...
Вистинскиот подарок е подарокот од срце, подарок кој буди спомени. Оној кој подарува го знае тоа што за вас би било многу позначајно и би бил многу посреќен кога знае дека подарокот ќе допре до нашето срце и предизвика чувства на вистинска среќа. Се друго е минливо, краткотрајно...:wink: