Дали патриотизмот е христијанска наука?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Дали еден човек кој себеси се смета за христијанин може во исто време да биде патриот?
Пошто како што знаеме сите патриоти на планетава ја сметаат нивната нација за посебна, сите го имаат синдромот на Божји народ како евреите со таа разлика што Евреите стварно биле Негов народ 1600 години.
Значи прашање до верниците кои се сметаат за патриоти.

Зошто сметате дека вашиот народ и вашата татковина се посебни и со тоа одбрани од Бога?
Дали сметате дека вашиот народ треба да исполни дел од Божјиот план?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Прво треба да се прашаме од каде потекнува зборот патриот и кое е неговото крајно значење?!

Зборот патриот потекнува од латинскиот збор patria што значи татковина и во својот корен го има зборот татко!

Но кој е татко на твојот татко и кој е неговиот татко и ...? :)

Кој докрај оди со размислувањето, тој засигурно ќе дојде до БОГА (Отецот на Животот) и тоа Оној Жив БОГ што не живее во храмови градени од човечка рака, туку во безкрајно големото и чисто срце Исусово!




Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се и во се е Христос.

Епистел до Колосјаните, глава 3, стих 11

Заклучок: Следбениците на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА не се робови на нивната нација, а нивната Татковина е одозгора!


На гробот на Јане Сандански стои следново:

Робот се бори за слобода, а слободниот за совршенство!

Не се ли ова најмудрите зборови изговорени од еден револуционер?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали еден човек кој себеси се смета за христијанин може во исто време да биде патриот?
Пошто како што знаеме сите патриоти на планетава ја сметаат нивната нација за посебна, сите го имаат синдромот на Божји народ како евреите со таа разлика што Евреите стварно биле Негов народ 1600 години.
Значи прашање до верниците кои се сметаат за патриоти.

Зошто сметате дека вашиот народ и вашата татковина се посебни и со тоа одбрани од Бога?
Дали сметате дека вашиот народ треба да исполни дел од Божјиот план?

„...Верата е пред крвта...„, велат современите богослови.

Оттука е јасно дека предимство има вероисповеста, а патриотизмот е малку спореден, но веќе вграден во вероисповеста. Затоа, богословите ќе речат: „...Патриотизмот значи да го сакаш своето и да не го мразиш туѓото...„.

Околу прашањата:

1. Наштиот народ не е одбран по никој основ, освен што е очигледно дека истиот тој народ повеќе љуби да биде оддалечен од БОГА.

2. Нашиот народ, очигледно, повеќе сака да ги исполнува своите а не Божјите планови.
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Mi se dopadna odgovorot na spirios.
Vistina i jas smetam deka moja tatkovina e Bozjoto carstvo... No, pak smetam deka ne slucajno me stavil da ziveam vo ovaa zemja. I go sakam ovoj narod i ovaa zemja i sum patriot.
A dobar patriot, spored mene, e onoj koj se obiduva da odvede sto poveke luge od svojot narod vo Bozjoto carstvo. :)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
...
A dobar patriot, spored mene, e onoj koj se obiduva da odvede sto poveke luge od svojot narod vo Bozjoto carstvo. :)
Тоа е единствениот вистински Патриот а сите други се слепци водени од слепци што паѓале, паѓаат и ќе паѓаат сите заедно во дупка.

Тоа било и ќе биде така, сѐ додека сите не ја спознаат СОВРШЕНАТА ВИСТИНА и Го восфалат БОГА во неа!



ХалелуЈАХ!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Дали еден човек кој себеси се смета за христијанин може во исто време да биде патриот?
Пошто како што знаеме сите патриоти на планетава ја сметаат нивната нација за посебна, сите го имаат синдромот на Божји народ како евреите со таа разлика што Евреите стварно биле Негов народ 1600 години.
Значи прашање до верниците кои се сметаат за патриоти.

Зошто сметате дека вашиот народ и вашата татковина се посебни и со тоа одбрани од Бога?
Дали сметате дека вашиот народ треба да исполни дел од Божјиот план?
Хмм ова е погрешно размислување, а особено тоа дека патриотите ја сметаат нивната нација за посебна (барем во смисолот кој сакаш да го наметнеш-патриоти=фашисти) зашто секоја нација си е посебна со свои одлики-јазик, писмо, вера постигнувања, менталитет... Јас на пример сум крстен и сум православен, ама во црква освен како турист не сум влегол и сум патриот, а тоа секако значи да ги почитуваш своите претци и сите оние вредности кои се одлика на еден народ. Зашто ако не ги сакаш оние кои те одгледале и кои ти дале се односно твоите родители и твоето пошироко семејество-твојот народот кој ќе сакаш и кој ќе дојде прв на помош кога имаш проблем ако не тие? А тоа дека луѓето се делат по сите можни основи ако до сега не ти станало јасно па не може никој да ти го објасни веќе касно е.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.293
Поени од реакции
78.948
Дали еден човек кој себеси се смета за христијанин може во исто време да биде патриот?
Пошто како што знаеме сите патриоти на планетава ја сметаат нивната нација за посебна, сите го имаат синдромот на Божји народ како евреите со таа разлика што Евреите стварно биле Негов народ 1600 години.
Значи прашање до верниците кои се сметаат за патриоти.

Зошто сметате дека вашиот народ и вашата татковина се посебни и со тоа одбрани од Бога?
Дали сметате дека вашиот народ треба да исполни дел од Божјиот план?
Ти зборот патриот си го помешал со изразот национал-шовинист и како членот ateist, на (намерно?) погрешно изведени заклучоци си градиш теории.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Patriot потекнува од Patria (Татковина) а таа пак од татко!

Заслепеното “патриотско“ човешто грчевито се држи за својот татко, татковина, нација, традиција, ... бидејќи тоа му значи многу повеќе од Единствениот Вистински ТАТКО, Кој лично беше во Исус и Кој преку Исус ни се обраќа на нам сите, велејќи:

Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

и пак вели

Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене?

На сите луѓе од длабината на моето срце им Го посакувам ВИСТИНСКИОТ ТАТКО, ВИСТИНСКАТА ТАТКОВИНА, ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ!

Амин

 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
ахахахаха интересно е што сакате дел од својата религија (христијанството во случајов) да ја вметнете во сите области од секојдневието....па макар и таму каде што не постои.

Она што заборавивте да кажите е што значи патриотизам. Патриотизам значи љубење на својата земја, негување на нејзините традиции, култура, јазик...и вложување напори од таа земја да направиш поубаво место за живеење. Ако не ја сакаш својата земја, како можеш да бидеш патриот? А сакањето на сопствената држава и не е некоја наука. За да бидеш патриот потребно е да го знаеш од каде потекнуваш, кои се твоите предци и која е историјата на твојата држава. Патриотизмот не е поттикнат од христијанството.

.
A dobar patriot, spored mene, e onoj koj se obiduva da odvede sto poveke luge od svojot narod vo Bozjoto carstvo. :)
Овај човек не е патриот, тој е посветен верник.

И на крај јас како човек без религија, со оваа тема сум дискриминиран и отфрлен и не можам да бидам патриот?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ќе поставам уште едно прашање да не останат недоречености.
Дали нацијата е вечна?
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ништо не е вечно, денес има милион нации...нови, а многу стари кои се изгубени, со тек на време.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Она што заборавивте да кажите е што значи патриотизам. Патриотизам значи љубење на својата земја, негување на нејзините традиции, култура, јазик...и вложување напори од таа земја да направиш поубаво место за живеење. Ако не ја сакаш својата земја, како можеш да бидеш патриот? А сакањето на сопствената држава и не е некоја наука. За да бидеш патриот потребно е да го знаеш од каде потекнуваш, кои се твоите предци и која е историјата на твојата држава. Патриотизмот не е поттикнат од христијанството.
Патриотизмот е програма која ни е даунлодирана со цел да бидеме измамувани и ограбувани а во исто време да не се жалиме,дури и да сакаме тоа да ни го прават.

Инаку патриотизмот како феномен се појавува многу покасно од религиите во случајов христијанската некои 1700 и нешто години покасно.

Она што е заедничко во двата случаи е продавањето на нашата индивидуална моќ во рацете на некој `поголем` авторитет...во случајот на религијата тој е анонимен авторитет (Бог,претставен како што е во христијанството,ислам,јудеизам и други...) а во случајот на патротизмот јавен авторитет претставен во ликот на политичарите на кои кумулативно им даваме пола од она што сме го заработиле низ животот.

Запрашајте се колку и дали вреди тоа.Сите оние пари кои ќе им ги дадете во рацете на политичарите,а сте можеле да ги искористите за себе или вашите најблиски.Во име на знамето,грбот химната и другите архетипски симболи на лоботомијата.Што имате вие од тоа?

Свестете се еднаш.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ќе поставам уште едно прашање да не останат недоречености.
Дали нацијата е вечна?
Не

Нацијата како феномен се појавува во минатиот милениум и тоа голем дел од нив се при крајот како балканските нации вклучуваќи ја и Македонија.

Патриотизмот е програма која ни е даунлодирана со цел да бидеме измамувани и ограбувани а во исто време да не се жалиме,дури и да сакаме тоа да ни го прават.
.

Сега админстраторот Јахве или Латас ќе ја активира скриптата потоп или вести за да зачисти од вирусите кој се обидуваат да навлезат во платформата затоа многу не се расфрлај со антифрази за патриотизам и христијанство
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
ахахахаха интересно е што сакате дел од својата религија (христијанството во случајов) да ја вметнете во сите области од секојдневието....па макар и таму каде што не постои.

Она што заборавивте да кажите е што значи патриотизам. Патриотизам значи љубење на својата земја, негување на нејзините традиции, култура, јазик...и вложување напори од таа земја да направиш поубаво место за живеење. Ако не ја сакаш својата земја, како можеш да бидеш патриот? А сакањето на сопствената држава и не е некоја наука. За да бидеш патриот потребно е да го знаеш од каде потекнуваш, кои се твоите предци и која е историјата на твојата држава. Патриотизмот не е поттикнат од христијанството.



Овај човек не е патриот, тој е посветен верник.

И на крај јас како човек без религија, со оваа тема сум дискриминиран и отфрлен и не можам да бидам патриот?
:)
Pa temata patriotizam e povrzana ovde so hristijanstvo.. Jas kako patriot a vo isto vreme hristijanin, kazav sto znaci da bidat povrzani. Zasto sum patriot, ja sakam mojata zemja i nacija, zatoa sakam, (se molam i se sto mozam pravam) da poveke Makedonci bidat vo Bozjoto carstvo.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
еве уште една тема која носи раздор ...(според мене самата религија носи раздор)
дали тогаш Македонец со муслиманска или некоја друга освен хриситијанска вероисповед неможе да биде патриот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom