Дали парите носат слобода?

Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62
Јас стојам позади ставот дека парите носат слобода. И битни се. Многу. Во секој аспект од животот, а тука го вклучувам и бракот,а и љубовта која довела до истиот. Финасиската сигурност (или по твое) парите - носат храна на маса, плаќаат сметки, облека, одмори, образование...Размислувањето на овој начин се вика планирање на семејство. Не знам за тебе, али јас ја поминав онаа возраст кога се занесував дека љубовта ќе ја помине секоја препрека што ќе ме снајде во животов, Не ја потценувам ниту важноста, ниту силата на истата, ама дај да не се лажеме - ти требаат пари за да функционираш и како единка и како дел од брачна заедница.
Одлучи се, пари или љубов што ти е поважно...може лесно да дојдеш до ситуација во која треба да бираш. Не може двете, што ќе одбереш?
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
^ А зошто да не може и двете ? Секогаш може да се искомбинира и да се направи еден баланс. Како и да е, веќе почнавме да се одалечуваме од темата, остајте љубовта настрана.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62
^ А зошто да не може и двете ? Секогаш може да се искомбинира и да се направи еден баланс. Како и да е, веќе почнавме да се одалечуваме од темата, остајте љубовта настрана.
Двете?
У смисла да се е*** а да не ти влезе?:)
Не сте заљубени вие у луѓето, туку у сон за перфектно семејство, работа и т.н. Еден ден кога ќе го снема тоа ќе земете да плачете и да терате се у курац....демек животот бил заебан.
Буда бил интересно човече оставил и палата, и жена и деца во потрага по ултимативната вистина. Не дека ја нашол надвор од палатата....муабетот ми е дека парите не треба да бидат на прво место.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Одлучи се, пари или љубов што ти е поважно...може лесно да дојдеш до ситуација во која треба да бираш. Не може двете, што ќе одбереш?
Каде тоа лесно ќе дојдам во таква ситуација? Коа ќе глумам у некоја шпанско/турска серија?
Ова е реален живот и веројатно ќе завршиш без ниедно од понуденото.
У секој случај, не можеш да ги категоризараш работите во засебни и меѓусебно независни категории. Уствари, можеш, али пак - како сценарио за шпанско/турка серија. Сигурно ќе биде голем хит ;)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62
Каде тоа лесно ќе дојдам во таква ситуација? Коа ќе глумам у некоја шпанско/турска серија?
Ова е реален живот и веројатно ќе завршиш без ниедно од понуденото.
У секој случај, не можеш да ги категоризараш работите во засебни и меѓусебно независни категории. Уствари, можеш, али пак - како сценарио за шпанско/турка серија. Сигурно ќе биде голем хит ;)
Ок, конечно ми е јасно со кого разговарам :)
Не дека не посумњав, како и да е....што се замараш со пишување на форумов не ми е јасно. Дел од имиџот ли ти е ова...не знаев дека е у мода хахахх.
Појма немаш што пишувам...нели?
 
П

Пепси_

Гостин
Исто колку што водата ти носе живот,толку и парите ти носат слобода. :pipi:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ок, конечно ми е јасно со кого разговарам :)
Не дека не посумњав, како и да е....што се замараш со пишување на форумов не ми е јасно. Дел од имиџот ли ти е ова...не знаев дека е у мода хахахх.
Појма немаш што пишувам...нели?
Фино, сеа коа си го надува егото со празни муабети или врати се на темата или молим те, не ми реплицирај више
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Xinxin Ming

Точно, и јас сум за тоа дека парите не треба да се на прво место и сум еден од оние кои најмногу ги мрази, бидејќи отсекогаш биле и ќе бидат инструмент на моќта, нерамноправноста и ропството. И дополнително што се однесува на моите морални вредности и ставови, никогаш не би ги прегазил заради одредена количина на пари. ( ама за тоа јас си знам најдобро и непотребно е дополнително да ве замарам за тоа дали некој може да ме купи или не )

Меѓутоа, темата е општа и ние овде зборуваме генерално за сегашната состојба и улогата на парите во светот и нема никаква потреба да се изјаснуваме дали лично нам ни значат или не парите. Едноставно заборавете на тоа и разгледајте го фактот за тоа какви би биле вашите можности доколку сте богат во моментов, а какви доколку не сте. И како шо кажав никој не не прашува нас дали ни се допаѓа или не начинот на кој функсионира светот, таков е каков што е и подобро би било да се помириме со тој факт. Така било и пред 5000 години и замислете сеа какви се промени се потребни па да се измени тоа.

Двете?
У смисла да се е*** а да не ти влезе?:)
Што се однесува на ова, не знам зошто до толку се ограничувате, сигурно нема само 2 вида на жени на планетава, бескрајно убави а сиромашни како отепани од господ и грди како коњ ама богати како арапски шеици. Зошто да не можеш да си најдеш девојка која ќе биде убава, забавна и се тоа и плус да биде добро финансиски обезбедена.

Муабетот е веќе друг ако зборуваш за некоја платонска љубов, си се зацепил во таа и ништо друго не гледаш. Шо се однесува до мене, јас не верувам дека некогаш ќе доживеам таква љубов ( да се биде спремен да се гине ) , просто има доволен број на различни карактери и девојки со кои би можел добро да се согласуваш.
 
S

Sagan

Гостин
Парите носат материјална слобода и слобода на движење.
За душевна слобода потребни се други ствари.
 
L

Luki Junior

Гостин
А ако нема човек духовна слобода, дали се осеќа слободен?
 
S

Sagan

Гостин
А ако нема човек духовна слобода, дали се осеќа слободен?
Па сега... материјалната времено ќе компензира, ама тоа не е решение. Само несоодветна замена. Баш така и доаѓа до искривување на вредностите.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Парите носат слобода на избор.
Тој што има пари треба да избере кој автомобил ке му донесе поголемо задоволство, дали Q7 или Tuareq, а тој што нема и со Југо ке се задоволи.
Спрема тоа, парите носат повеќе слобода но и повеќе ропство, бидејки кога имаш пари, имаш све, и тоа што ке го купиш не ти значи нешто посебно, не си среќен којзнае колку. А кога немаш, можеш и со малку да чувствуваш многу почиста среќа од оној кој има многу пари.
Ама пак се се сведува на теоријата на релативитет на Ајнштајн. Се е релативно, секој човек е единка и чувствува и размислува различно од другите, на свој начин, така да не може точно да се определи кога група на луѓе како се чувствуваат, а слободата секако е чувство.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Утната е поентата на темава, бидејќи говориме за тоа дали парите носат слобода, меѓутоа прво да расчистиме со тоа парите ...................... за некого пари се 10к евра, за друг 50к евра, за трет 100к евра, за четврти 200к евра, за петти 500к евра, за шести милион евра, за седми 5 милиона евра, за некој па пари се милијарда евра и.т.н. .......... значи утната е поентата на темава, како прво треба да се спомне одредена сума на пари(конкретно да речеме за кај нас овдека во државава) со која може да се каже дека човекот е нели богат, а со самото тоа и ’’слободен‘‘ ............. бидејќи на запад богат се рачуна оној што има по неколку десетици/стотици милиони евра/долари, или пак оној што има милијарди евра/долари, додека пак кај нас сигурно сте приметиле дека и лицата од средна класа(кои што можат само да сонуваат за милион или за пола милион евра богатство) се рачунаат за богати ............ така да утната е поентава на темава, бидејќи никој до сега нема прецизирано некоја цифра !
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Нема врска, со самото тоа шо ќе прецизираме сума е дури тогаш ќе оди поентата на темава по ѓаволите. Значи зборуваме општо за голема сума на пари или милијарди ако сакаш. Онолку многу колку шо е потребно некому да го направат да се чувствува слободен. И со самото тоа доаѓаш до заклучок, носат или не парите слобода ?
 
L

Luki Junior

Гостин
ој што има пари треба да избере кој автомобил ке му донесе поголемо задоволство, дали Q7 или Tuareq, а тој што нема и со Југо ке се задоволи.
Ако некој си разбира повеќе од коли, нема да купе ни една од двете.. Тија коли са познати како penis extensions. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr: Со едно југо многу повеќе адреналино ке ти се каче (прочитај ми у потписо :icon_mrgr::icon_mrgr:)

Поентата не е утната... Во Македонија по принцип нема средна класа, туку има човеци у државна администрација, земјоделци, и т.з “бизнисмени“... Администрацијата живее релативно добро заради евтините цени на храната од земјоделците, земјоделците се пржат и мачат како грешни ѓаволи, додека “бизнисмените“ си повраќаат ДДВ...:icon_lol:

Не верувам дека оти тука некој ќе си открие колку му е платата или колку има под душек. Се зависи човек како се осеќа, а не како другите го гледат и мерат колку пари има.. Секој лично си знаа колку “теже“, а другите само може да нагаѓат... Ако се осеќа материјално сигурен, ќе си мисле оти е слободен. А колку е вистински слободен, никој од страна не може да каже. Затава секој сам си кажува и прикажува една слика за сопствената слобода базирана на неговите материјални возможности, духовната рамнотежа, и способноста да биде објективен и на чисто со неговите можности и идеи (плус малку филување за да биде поголем у очите на рајата :cool: )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom