darmon, најубавото јадејне и пиејне е до тебе дома, ама не си го осознајал оште
Не си сонувал чушки пржени со домашни јајца, заедно со френки салата и една чашка 20годишна лозова, па стави и свежо изваден печен леб од фурната, корката крца, пука...
Или па некоја баница пресна пресна извадена од шпоре на дрва, па сиренце од канта, и домашно овчо кисело млеко.... Или заколеш свинчето, месото оште топло го сечеш, редеш на скара, домашно вино се лее со литри, радио со расипан звучник ѕрнка некаква музика, некој спрема салата од пресно стасана туршија, а некој друг па грее ракија... Или идеш у 5 сабајле одбереш си лубеница од нивата, ладна, пресна, мириса на земја, пука коа ја сечеш, топе ти се уста... Искатераш се на црешата, зобаш како ненормален.... Или гонеш петело у недела да го фатеш да има месо за манџа и ориз ...





Плаќај по евро кило од супермаркет дека и да си у свето и замислувај си колку ти е убаво... еее размечтајах се.... стига толку.... За некој филм, за мен животна приказна...
Тие работи са релативни за секој човек, не можеш да се расправаш за вкусове. А за ако мислеш оти ти шо ке ги купуваш тија работи само за тебе, и лично само за тебе, се некој ќе се најде да јаде трици за тебе, каков си дигнан, апашиште и не ги заслужуваш парите шо ги имаш... Убавините и слободата на живото у повеќето случаи не вредат ни 5 пари... Ама ако имаш у тиквата малку самосвест и самопочит.
Фаците од холивуд си имаат сите до еден по неколку психолози, терапевти, лични тренери, доктори, дилери, советници, свештеници од најразлични религии, за да ги одржуват колку толку нормална психофизичка состојба и си живеат у сопственио балон на “популарноста“. За слобода тука и не станува никаков збор... Повеќето намерно се фрцкат кај папараците за да праат пари, и да са у центаро на вниманието..
Тоа е твое мислење, твојата вистина за погледот кон животот. Ти си сакаш да си живееш скромно, да си одгледуваш животни и да се бавиш со земјоделие, значи нешто скромно, затоа што таму си ја гледаш среќата.Ок го почитувам тоа, ако те прави тебе среќен зошто па јас да ти наметнувам мислење дека тоа не е добро. Јас сакам сите да бидат среќни и да го во животот да го постигнат она што го сакаат.
Мојата вистина мојот поглед кон животот, е дека материјалното и духовното се подеднакво важни. Што повеќе ги имаш и двете тоа побогат човек си и во двата погледа, побогат духовно, и побогат материјално.
Подеднакво е важен градот со целата таа галама, и подеднакво се важни планините, езерата и сите убавини на природата. Сите места и се што постои материјално и духовно е важно за мене, нема нешто што не е важно.
Јас сметам дека во мојот живот имам дисбаланс на овие две работи, дека имам повеќе духовно а помалку материјално и затоа тежнеам кон тоа да му ставам поголем акцент на материјалното за да го израмнам со духовното. Некои ке ме наречат материјалист, ама кој како сака нека ме нарече јас си знам што сум и што сакам, мислењата на другите си се само нивни мислења, а не мои, и никој не може да ми наметне мислење, освен ако јас не се согласам со тоа.
Парите се многу важни иако во исто време јас ги гледам како обоени хартивчиња кои немаат реална вредност, само куповна, но свесен сум дека со тие хартивчиња човекот може да искуси и научи многу убави работи, да си направи животот да му биде многу удобен за живеење. Секако и со парите може да се стекнат и лоши искуства но сепак тоа е до изборот односно свеста на оној кој ги поседува.
Значи пак, за да живееш убаво мораш да имаш пари ама па ако не знаеш свесно да ги искористиш нема да изживееш убаво. Поврзани се работите и треба и двете да ги поседуваш за да бидеш вистински задоволен и среќен.
Исто така сум свесен за тоа дека сега луѓето го прават светот, грдо место за живеење, со целата таа омраза лицемерие, криминал и тн, кој што воглавно доаѓа од врвот на нашето пирамидално општествено уредување, бидејки врвот, ја има моќта а оној кој има моќ има тенденција да биде егоист и да има желба за контрола врз другите, односно наметнување на мислења со својата надмоќ, и досега тоа им успева, и ке им успева се додека не се освестиме, а мислам дека полека се освестуваме и во блиска иднина ке има една револуција на тој план.
Затоа и ние се чувствуваме како да сме робови на парите, и затоа сме гневни на парите, и на материјалното, бидејки ја сакаме слободата. Затоа и оваа тема е отворена. Но ако сакаме да бидеме слободни во секој поглед не треба да им се лутиме на материјалните нешта што постојат, тие си се само предмети, објекти, туку треба да сме лути кон оние кои владеат со нас односно со светот. Тоа се луѓе, не се предмети, значи ние треба да сме гневни на тие луѓе, бидејки тие го контролираат начинот на функционирање на светот, не на парите. Но секогаш за да се направи промена на подобро, мора да се зачува идејата дека може светот да биде убаво место за живеење.
Денес не е лесно да имаш се, и пари и среќа, тоа ние го нарекуваме совршенство, но за да си олесниме мораме да мислиме како да стигнеме до тоа ниво, а тоа ќе го постигнеме само со оптимизам. Со кукање како се е тешко ништо нема да промениме.
Јас посакувам секој човек во светот да може да живее луксузно и да има се што ке посака, затоа што кога секој е задоволен и среќен во животот никој не може да го натера нешто лошо да направи, да го контролира. Нас владетелите не држат во мизерија, намерно, за да можат да не контролираат затоа што мизерен народ е многу лесно да го контролираш, само вети му дека ке му дадеш многу пари, и се што ке посака, ама под услов да иде во некоја земја и да убива други луѓе и тој одма иде затоа што тој е мизерен, некој му понудил решение за излез од мизеријата и овој нема избор иде и ке направи се.
Затоа јас посакувам сите да сме среќни и материјално богати затоа што на среќен и богат народ не можеш да му ветуваш среќа и богатство, бидејки тој веќе ги има, и не можеш да го однесеш во војна затоа што среќниот и богат човек не сака да мизерува, да биде несреќен, и да гладува.
Среќата доаѓа со многу добро разбирање и чувствување на духовното во секој поединец а тоа е љубовта и со поседување на многу материјално односно пари или предмети.
Тогаш ке имаме се, ке бидеме повеќе слободни отколку што сме сега.