Дали откога сите зли луѓе на светов ќе умрат, светот ќе биде мирен?

"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"


  • Вкупно гласачи
    87

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Препознавањето е еден чекор напред во менувањето на комплетните видувања за се околу нас и во нас...таму е и мирот

Тоа што е твое лево,неможе да биде мое лево нели?
Али еве според некои луге таму не е мирот, таму е досадата, монотоноста па дури и беснилото беше споменато.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Одговорено предходно.

Ако веке убиваш по дифолт значи дека живееш.
А по ова твоево дали важи и спротивното, не можеш да знаеш дека е убаво да живееш, ако не знаеш колку е лошо да убиваш? Ако не, зошто не.

Споредбава е...:pos:

Мала поправка :D
Не зборувам за ,,живееш,, како биолошко суштество.
Зборувам за ,,живот,, од социјален, психолошки и морален аспект.
Ако не знаеме дека смртта е нешто лошо (а не не повредува нејзиното постоење), ништо не би довело до создавање закони кои ќе забранат убивање, а ако не би имало забрана за убивање, јас би можела да те убијам. Затоа што не би имала перцепција за тоа што е лошо.
--- надополнето: 27 март 2012 во 19:52 ---
И не, не знаеш дали партнерката е поубава од сите, додека не ги пробаш двете.:pos:
Затоа мудро ќе си пробаш неколку партнерки, и сексуално, и карактерно ќе ги испробаш, па ќе дознаеш што тебе ти одговара ;)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
Епа убо де,патот до таму не е слатка да се изеде во два залаци:)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не зборувам за ,,живееш,, како биолошко суштество.
Зборувам за ,,живот,, од социјален, психолошки и морален аспект.
Ако не знаеме дека смртта е нешто лошо (а не не повредува нејзиното постоење), ништо не би довело до создавање закони кои ќе забранат убивање, а ако не би имало забрана за убивање, јас би можела да те убијам. Затоа што не би имала перцепција за тоа што е лошо.
--- надополнето: 27 март 2012 во 19:52 ---


Затоа мудро ќе си пробаш неколку партнерки, и сексуално, и карактерно ќе ги испробаш, па ќе дознаеш што тебе ти одговара ;)
Не ми одговори на прашањето, дали важи и спротивното, не можеш да знаеш дека е убаво да живееш, ако не знаеш колку е лошо да убиваш? Ако не, зошто не.

И каква врска имаат законите со тоа дали смртта е добра или не? Ако е закон не значи дека е секогаш во право. Колку само дебилни закони се донесуваат во светот, најсвеж пример е законот да плакаш 50% од цената за нешто што не го користиш.
Тебе ти треба закон за забрана за убивање за да знаеш дека не е добро да убиваш?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Е како ке се врати жити све? Зошто пак да не остане?

Не грешка си, муабетот е баш лошите луге. Прочитај го насловот на темава.
Навистина, како ке ни здосади ако нема лоши луге?
Пак ке си ја работиме секојдневната работа, пак ке ја посетуваме кајгана, пак ке излегуваме со другарите.... Се исто, само што ке нема лоши луге. Ке нема некој што кога ке излезеш вград со другарите ке те разнесе со бомба или ке ти свирне метак вчело поради некоја негова психа. Значи овие работи ке ги нема, останатото се ке си биде исто како и сега. Како може ова да здосади кога, повторувам, Пак ке си ја работиме секојдневната работа, пак ке ја посетуваме кајгана, пак ке излегуваме со другарите...
Ако под лоши луѓе ти единствено ги подразбираш криминално лошите, тогаш ја и ти сме на различна тема. Според мене, лош човек не е само оној кој извршил криминал, има милион форми на „лошо“ и милион штети од тоа лошо.
Колку и да е тоа темата, непоимливо ми е да размислувам за свет без „лоши луѓе“. Дури и да дојдеме до тој степен - да изумрат лошите, да останат единствено добрите (што и да подрзбираме и под едните и под другите) повторно ќе се вратиме на старо. Дали поради вроден инстинкт за преживување и борба, дали поради компетативност, дали поради досада - небитно. Човечкиот род не би успеал како добар.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ако под лоши луѓе ти единствено ги подразбираш криминално лошите, тогаш ја и ти сме на различна тема. Според мене, лош човек не е само оној кој извршил криминал, има милион форми на „лошо“ и милион штети од тоа лошо.
Колку и да е тоа темата, непоимливо ми е да размислувам за свет без „лоши луѓе“. Дури и да дојдеме до тој степен - да изумрат лошите, да останат единствено добрите (што и да подрзбираме и под едните и под другите) повторно ќе се вратиме на старо. Дали поради вроден инстинкт за преживување и борба, дали поради компетативност, дали поради досада - небитно. Човечкиот род не би успеал како добар.
Погрешно.
Човечкиот род нема да успее бидејќи е лош, злобен. Сами ке се уништиме.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Погрешно.
Човечкиот род нема да успее бидејќи е лош, злобен. Сами ке се уништиме.

Ама тебе изглеа кеиф ти е да ми ги превртиш зборовите и пак истото да го кажеш ;)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Значи според тебе, не постојат зли луѓе!
а за болдот ... намали со „зенот“ или сподели со другарчињата, ќе ја вртиме заедно :)
У суштина не постои зло, а богами ни добро. Двете се различни страни на една паричка кои имаат заеднички корен.
Батали тоа, очигледно не ме разбираш....
А ако не си како мене, или со други зборови ако не си тоа што јас сум и не сум во исто време, нема ни да можеш.
Еве ти го, врти го ова до утре сабајле, Бодидарма не е себичен :) http://www.youtube.com/watch?v=WO7jCRoPqX4
Боље е од било која хемија.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Кога ќе умрат сите зли луѓе ќе дојдат нови и така до недоглет.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Не ми одговори на прашањето, дали важи и спротивното, не можеш да знаеш дека е убаво да живееш, ако не знаеш колку е лошо да убиваш? Ако не, зошто не.

И каква врска имаат законите со тоа дали смртта е добра или не? Ако е закон не значи дека е секогаш во право. Колку само дебилни закони се донесуваат во светот, најсвеж пример е законот да плакаш 50% од цената за нешто што не го користиш.
Тебе ти треба закон за забрана за убивање за да знаеш дека не е добро да убиваш?
Предходните искуства те учат - но треба да научиш за да знаеш. Никој не е роден со знаење, знаењето се стекнува. Разликувањето на добро и лошо се учи, не сме родени ние со тоа знаење.
За да знаеш дека е лошо да убиваш, прво ќе научиш дека е лошо да тепаш. Ќе удриш некого и ќе бидеш казнет. Лошото поведение се казнува. Понатаму, учиш дека нанесувањето повреда на било кого, е казниво. И тоа те спречува да повредуваш/убиваш. Кога ќе почнеш да го цениш сопствениот живот, ќе почнеш да го цениш и туѓиот. Не треба лично да убиеш, треба да знаеш дека тоа се случува. И да се згрозиш од тоа сознание.

Не ти треба пишан закон за да не убиваш. Но ти треба знаење дека не смееш да убиваш. Зошто ако го немаш тоа знаење, ако не го цениш животот, баш тоа ќе го правиш, ќе убиваш. И животот не би бил толку убав, ако не постои смртта. И тука не навлагам во дискусија реинкарнација, живот-смрт се пример за добро и лошо.
За да знаеш што е смрт, треба да се соочиш со истата. Сите ние имаме некој кој умрел. Во моментот кога сме го прифатиле сознанието за неговата смрт, сме почнале повеќе да си го цениме животот. Но ако не била неговата смрт (и не го локализирај ова, зборувам глобално, ако не постои смртта кај луѓето) не би имале причина да живеат што е можно поисполнето и поквалитетно.

Ако се родиш во ултра богато семејство, нема да го цениш Ауди ТТ за роденден од татко ти. Но ако следниот ден изгубиш се, ќе го цениш и Застава101. Тогаш ќе ја сфатиш вредноста на АудиТТ.

Ако не се плашиш од болка, нема да имаш инстикт за преживување. Ако не се плашиш од глад, нема да јадеш. Ако не се плашиш од студ, нема да се грееш. Ако не се плашиш од осаменост, нема да најдеш партнер. Ако не се плашиш од осамена старост, нема да имаш деца. Ако не се плашиш од смрт, ќе пробаш да леташ.

Не постои добро, без лошо. И тие се условни. Не е доброто секогаш добро, и лошото секогаш лошо.
Но ако не постои лошо, доброто не би имало смисла. Ако не постои болка, не би имала зошто да не го изневерувам партнерот или да кажам некому што прво ми падне на памет.

Ако сите живееме онака како што ни е добро, во крајна линија, ќе станеме сите лоши, зошто сите ќе ги повредуваме околу нас. За да добиеме нешто, мораме да се откажеме од нешто.
За да не го изгубам дечкото (односно да не си нанесам болка (лошо)) нема да го повредам, односно нема да имам секс со некој друг. Ако немам со некој друг секс, а тој некој ми се допаѓа, јас на себе во моментот си правам лошо и не си ги почитувам сопствените желби. Но на канатар, едното добро ми вреди повеќе од другото добро. А во секој случај, едното лошо е потешко од другото лошо.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
У суштина не постои зло, а богами ни добро. Двете се различни страни на една паричка кои имаат заеднички корен.
Батали тоа, очигледно не ме разбираш....
А ако не си како мене, или со други зборови ако не си тоа што јас сум и не сум во исто време, нема ни да можеш.
Еве ти го, врти го ова до утре сабајле, Бодидарма не е себичен :) http://www.youtube.com/watch?v=WO7jCRoPqX4
Боље е од било која хемија.
Абе Боди исто зборуваме само ти по зенски се изразуваш. И ако те пали помислата дека никој не те разбира, па ни јас, нека ти е, но не значи дека е така...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Свеста на човекот е злобна поради тоа нема Анархија во вистинска смисла на зборот.
Мора да има авторитети што ке не водат пошто ке се убиеме мегу себе.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Можда сега ке ги отстраниш лошите луѓе ама секогаш ке се раѓаат нови, така да мојот одговор е, не.
Лошотилукот не е вродено нешто, тоа се создава во текот на растењето, значи треба да го смениме начиот образовен систем нашиот начин на размислување за она што е добро а што лошо, што треба а што не, и што смее а што не, а поготово треба да се промени она што било и она што не било.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Предходните искуства те учат - но треба да научиш за да знаеш. Никој не е роден со знаење, знаењето се стекнува. Разликувањето на добро и лошо се учи, не сме родени ние со тоа знаење.
За да знаеш дека е лошо да убиваш, прво ќе научиш дека е лошо да тепаш. Ќе удриш некого и ќе бидеш казнет. Лошото поведение се казнува. Понатаму, учиш дека нанесувањето повреда на било кого, е казниво. И тоа те спречува да повредуваш/убиваш. Кога ќе почнеш да го цениш сопствениот живот, ќе почнеш да го цениш и туѓиот. Не треба лично да убиеш, треба да знаеш дека тоа се случува. И да се згрозиш од тоа сознание.

Не ти треба пишан закон за да не убиваш. Но ти треба знаење дека не смееш да убиваш. Зошто ако го немаш тоа знаење, ако не го цениш животот, баш тоа ќе го правиш, ќе убиваш. И животот не би бил толку убав, ако не постои смртта. И тука не навлагам во дискусија реинкарнација, живот-смрт се пример за добро и лошо.
За да знаеш што е смрт, треба да се соочиш со истата. Сите ние имаме некој кој умрел. Во моментот кога сме го прифатиле сознанието за неговата смрт, сме почнале повеќе да си го цениме животот. Но ако не била неговата смрт (и не го локализирај ова, зборувам глобално, ако не постои смртта кај луѓето) не би имале причина да живеат што е можно поисполнето и поквалитетно.

Ако се родиш во ултра богато семејство, нема да го цениш Ауди ТТ за роденден од татко ти. Но ако следниот ден изгубиш се, ќе го цениш и Застава101. Тогаш ќе ја сфатиш вредноста на АудиТТ.

Ако не се плашиш од болка, нема да имаш инстикт за преживување. Ако не се плашиш од глад, нема да јадеш. Ако не се плашиш од студ, нема да се грееш. Ако не се плашиш од осаменост, нема да најдеш партнер. Ако не се плашиш од осамена старост, нема да имаш деца. Ако не се плашиш од смрт, ќе пробаш да леташ.

Не постои добро, без лошо. И тие се условни. Не е доброто секогаш добро, и лошото секогаш лошо.
Но ако не постои лошо, доброто не би имало смисла. Ако не постои болка, не би имала зошто да не го изневерувам партнерот или да кажам некому што прво ми падне на памет.

Ако сите живееме онака како што ни е добро, во крајна линија, ќе станеме сите лоши, зошто сите ќе ги повредуваме околу нас. За да добиеме нешто, мораме да се откажеме од нешто.
За да не го изгубам дечкото (односно да не си нанесам болка (лошо)) нема да го повредам, односно нема да имам секс со некој друг. Ако немам со некој друг секс, а тој некој ми се допаѓа, јас на себе во моментот си правам лошо и не си ги почитувам сопствените желби. Но на канатар, едното добро ми вреди повеќе од другото добро. А во секој случај, едното лошо е потешко од другото лошо.
Толку растргање баници за банална работа.
И пак не се согласувам бидејки примерите што ги даваш немаат врска со темата и злобните луге.
Не е се hard-coded па да може се да се споредува со се.
Еве на пример зошто ти сакаш да живееш? Според твојава логика ти треба да си ја искусила смртта па да знаеш дека лоша и сега поради тоа го цениш животот и живееш. Си ја искусила (скраја да е)? Не. Епа целава твоја логика пага во вода тогаш.
Не знам зошто лугето сакаат да ги усложнуваат и наједноставните работи. Постои нешто што се нарекува чувства. Не мора предходно да ја искусам тагата за кога потоа ке ја искусам среката истата ми предизвика убаво чувство.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Толку растргање баници за банална работа.
И пак не се согласувам бидејки примерите што ги даваш немаат врска со темата и злобните луге.
Не е се hard-coded па да може се да се споредува со се.
Еве на пример зошто ти сакаш да живееш? Според твојава логика ти треба да си ја искусила смртта па да знаеш дека лоша и сега поради тоа го цениш животот и живееш. Си ја искусила (скраја да е)? Не. Епа целава твоја логика пага во вода тогаш.
Не знам зошто лугето сакаат да ги усложнуваат и наједноставните работи. Постои нешто што се нарекува чувства. Не мора да ја искусам тагата за кога ке ја искусам среката истата ми предизвика убаво чувство.
Како ќе знаеш дека си среќен, ако не знаеш што е тага? Како ќе знаеш дека тоа што го чувствуваш е ,,среќа,,?
Има врска, ама не знам што е во прашање, дали чисто сакаш да се инаетиш, или едноставно не разбираш. Нешто е.

Не треба нешто лично да искусиш (да умреш) за да знаеш дека смртта не е убава. Постои нешто во човекот што се вика нагон за живот и нагон за смрт (Фројд). Исто така, еве ти еден најпрост пример, ова ако не го сфатиш, не знам што би сфатил.
Детето кога се раѓа, нема никаков морал, никакво воспитание, никаков облик на однесување. Ако детето не го воспитуваме, тоа самото ќе се воспита, на начин што е најдобар за него - ќе си ги слуша инстиктите. Слушајќи си ги инстиктите, кај него ќе се роди агресија, во првиот момент кога нема да му биде задоволена една желба. На пример, детето сме го чувале во стаклено ѕвоно и му било се дозволено, но на првиот училишен ден, другарчето што седи до него му ја зема гумата. Детето нема да размислува, затоа што не знае што е добро а што е лошо однесување, и ќе го нападне другото дете, затоа што инстиктивно си го брани ,,своето,,.

Како детето ќе знае дека постапката е лоша? Како ќе знае дека не смее да си ги слуша инстиктите? Дека мора да постапува рационално, а не афективно?

Однесувањето се моделира, се обликува, и за детето да научи што е добро поведение, мора прво да направи грешка и да биде казнето за истата. Детето прво учи што е лошо, а не што е добро. Затоа што за него секое однесување е добро - единствено тоа го знае, да си ги следи инстиктите. Кога за нешто ќе го искараме, учи дека е тоа лошо и не го повторува.

Пример, бебето врши нужда во пелени. Во одреден момент, сметаме дека детето е доволно возрасно да врши нужда во нокшир (анален стадиум, Фројд). Во тој момент, при вршењето нужда во гаќи, ние го караме, односно укоруваме за лошата постапка. Така детето учи дека е лошо да врши нужда во гаќи, а добро е да врши нужда во нокшир.

Ти се допаѓало тебе тоа или не, така е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom