Дали откога сите зли луѓе на светов ќе умрат, светот ќе биде мирен?

"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"

  • Вкупно гласачи
    87

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Како ќе знаеш дека си среќен, ако не знаеш што е тага? Како ќе знаеш дека тоа што го чувствуваш е ,,среќа,,?
Има врска, ама не знам што е во прашање, дали чисто сакаш да се инаетиш, или едноставно не разбираш. Нешто е.

Не треба нешто лично да искусиш (да умреш) за да знаеш дека смртта не е убава. Постои нешто во човекот што се вика нагон за живот и нагон за смрт (Фројд). Исто така, еве ти еден најпрост пример, ова ако не го сфатиш, не знам што би сфатил.
Детето кога се раѓа, нема никаков морал, никакво воспитание, никаков облик на однесување. Ако детето не го воспитуваме, тоа самото ќе се воспита, на начин што е најдобар за него - ќе си ги слуша инстиктите. Слушајќи си ги инстиктите, кај него ќе се роди агресија, во првиот момент кога нема да му биде задоволена една желба. На пример, детето сме го чувале во стаклено ѕвоно и му било се дозволено, но на првиот училишен ден, другарчето што седи до него му ја зема гумата. Детето нема да размислува, затоа што не знае што е добро а што е лошо однесување, и ќе го нападне другото дете, затоа што инстиктивно си го брани ,,своето,,.

Како детето ќе знае дека постапката е лоша? Како ќе знае дека не смее да си ги слуша инстиктите? Дека мора да постапува рационално, а не афективно?

Однесувањето се моделира, се обликува, и за детето да научи што е добро поведение, мора прво да направи грешка и да биде казнето за истата. Детето прво учи што е лошо, а не што е добро. Затоа што за него секое однесување е добро - единствено тоа го знае, да си ги следи инстиктите. Кога за нешто ќе го искараме, учи дека е тоа лошо и не го повторува.

Пример, бебето врши нужда во пелени. Во одреден момент, сметаме дека детето е доволно возрасно да врши нужда во нокшир (анален стадиум, Фројд). Во тој момент, при вршењето нужда во гаќи, ние го караме, односно укоруваме за лошата постапка. Така детето учи дека е лошо да врши нужда во гаќи, а добро е да врши нужда во нокшир.

Ти се допаѓало тебе тоа или не, така е.
Пак повторувам, не знам зошто муабетот го донесовте (не само ти) до овде и каква врска има ова со злобните луге.
Поентата на темата е дали ако ги снема злобните луге светот ке биде помирен и подобро место за живеење. Мојот одговор е дефинитивно да! (со извичник)
Не знам зошто на темава се замешаа чувства, радост, тага, срека, досада, монотоност, јинг јанг, баланс...
Ако ги снема злобните луге со нив нема 100% да го снема и злото, така да навистина не знам од каде ви испадна идеата за баланси, искуства, живот vs смрт...
Ако ги снема злобните луге пак ке има лоши работи, пак ке има земјотреси, природни катастрофи, несреки, каснувања од животни, смрт, децата пак ке се серат вгаки... Ако ги снема злобните луге нема и лошите работи да ги снема 100% со нив, значи ние пак ке знаеме што е несрека и смрт и без нив, аналогно на тоа и без нив ке знаеме да ги цениме среката и животот.
Разликата е во тоа што ако ги снема злобните луге ке ги снема и најголемиот дел (НЕ целосно) од злобата и несреката, а со тоа светот ке биде многу поубаво место за живеење.
 
С

Само Човек

Гостин
"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"
"Дали кога си зли луѓе на светот би биле мртви,овој свет би бил мирен/мирољубив?"
кога би немало зло не би знаеле што е добро и обротно
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Пак повторувам, не знам зошто муабетот го донесовте (не само ти) до овде и каква врска има ова со злобните луге.
Поентата на темата е дали ако ги снема злобните луге светот ке биде помирен и подобро место за живеење. Мојот одговор е дефинитивно да! (со извичник)
Не знам зошто на темава се замешаа чувства, радост, тага, срека, досада, монотоност, јинг јанг, баланс...
Ако ги снема злобните луге со нив нема 100% да го снема и злото, така да навистина не знам од каде ви испадна идеата за баланси, искуства, живот vs смрт...
Ако ги снема злобните луге пак ке има лоши работи, пак ке има земјотреси, природни катастрофи, несреки, каснувања од животни, смрт, децата пак ке се серат вгаки... Ако ги снема злобните луге нема и лошите работи да ги снема 100% со нив, значи ние пак ке знаеме што е несрека и смрт и без нив, аналогно на тоа и без нив ке знаеме да ги цениме среката и животот.
Разликата е во тоа што ако ги снема злобните луге ке ги снема и најголемиот дел (НЕ целосно) од злобата и несреката, а со тоа светот ке биде многу поубаво место за живеење.
Aј дефинирај ,,злобен човек,,. Нема универзална дефиниција.
Ако ги снема сите злобни луѓе, ќе го снема целото човештво, до последниот човек треба да изумре.
Ниту Мајка Тереза не беше толкаво олицетворение на добрина. За многу луѓе претставуваше извор на зло (во друга тема тоа ќе го дискутираме).

Така што, сите сме злобни за некого. За мене се злобни сите касапи и месари. Сите попови, сите оџи. За тебе некој друг е злобен.
Затоа што сите сме и добри, и сите сме и лоши. Нема една страна паричката.
И тој Јинг Јанг, е тоа што ти не можеш да го разбереш, тоа е единствената вистина.
Доброто без лошото не може, ниту лошото без доброто. Не може еден човек да се класифицира само како злобен, а друг само како добар.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Aј дефинирај ,,злобен човек,,. Нема универзална дефиниција.
Ако ги снема сите злобни луѓе, ќе го снема целото човештво, до последниот човек треба да изумре.
Ниту Мајка Тереза не беше толкаво олицетворение на добрина. За многу луѓе претставуваше извор на зло (во друга тема тоа ќе го дискутираме).

Така што, сите сме злобни за некого. За мене се злобни сите касапи и месари. Сите попови, сите оџи. За тебе некој друг е злобен.
Затоа што сите сме и добри, и сите сме и лоши. Нема една страна паричката.
И тој Јинг Јанг, е тоа што ти не можеш да го разбереш, тоа е единствената вистина.
Доброто без лошото не може, ниту лошото без доброто. Не може еден човек да се класифицира само како злобен, а друг само како добар.
Ако го тупиме сега со вакви глупости како "дефинирај злобен човек" е крајно нон-сенс и несериозно бидејки мислам дека и двајцата имаме >12 години.
Нема 100% добар и 100% лош човек, да, тоа е неспорно. Али затоа има 90% злобен и 80% добар (карикирам) човек.
Еве за мене Хитлер е злобен човек. Ти имаш различно мислење од моето? Хитлер за тебе не е зол човек?
Ако кажеш да тогаш i rest my case, безполезно е да се дискутира со некој кој тера инает.
Инаку за предпоследната реченица ти кажав предходно, ако ги снема злобните луге со нив нема 100% да го снема и злото, значи пак ке го има тој твој баланс што го спомнуваш.
 
Не, всушност многу работи ми се допаѓаат кај Хитлер. Заебано, тој никого не пикна во гасна комора, луѓето го слушаа него и неговите идеи. Искрено, тие во логорите се поголеми лошотии од самиот Хитлер...
И ова не го кажувам од инает. И нема 80 проценти добар, 20 проценти лош човек.

Пример, за мене касапот е 90 проценти лош човек. За неговото семејство а и за народот општо, него ништо не му фали,чесно си работи, чесно си заработува. Ако утре треба да направиме список кои се злобни и кои треба да ги снема, јас прв ќе го ставам на списокот.
Дали мојата лична проценка е вистинска?
Злобата и добрината се релативни и не можеш да ги генерализираш.
Да убиваш луѓе е злобно. Но, сите ние сме индирекни убијци и искористувачи на детскиот труд. Во темата за абортус баш тоа го дискутиравме. За ние да добиеме производи (од компјутер, до кафе) милиони деца живеат во мизерни услови, и нивниот труд се користи бесплатно по фабриките. Ако престане нивното искористување, сите можни работи ќе поскапат и нема да можеме да си ги дозволиме.
Кој е злобен тука? Светската економија? Ние? Нивните Влади?

Не можеш да одредиш злобен и добар човек. Тој што е за мене злобен, за тебе е добар.
 
I rest my case.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Homo homini lupus est...
Ќе го оставам Шопенхауер да го изнесе мојот став преку "Светот како волја и претстава".
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ама тебе изглеа кеиф ти е да ми ги превртиш зборовите и пак истото да го кажеш ;)
Не знам каде ти виде превртување на зборови, но секој нормален човек твојава реченица:

Човечкиот род не би успеал како добар.
Ке ја свати дека сакаш да кажеш дека ако сака да успее човечкиот род мора да биде зол.
Е токму тоа е тотално погрешно, со злоба човечкиот род сам себе ке се уништи, а тоа е токму спротивното од успех.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.610
Поени од реакции
31.424
ako ne postojat zlite,,dobrite ka se storat kanibalisti,,,,
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Еј, а ние добрите добро да се организираме и еднаш засекогаш да го решиме проблемот со лошите? Ќе го избереме најдобриот меѓу нас да не води, а потоа да го исчистиме злото од планетава? Така, откако лошите ќе ги нема, ќе видиме како ќе се живее. Значи, сите вие што сте добри не се мислете многу, секирчето враце (што и да имате по дома) и на работа! Доста го трпевме злото!
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

А какви ќе станат добрите ако го земат секирчето во раце? Добри сигурно нема да останат.
--- надополнето: 29 март 2012 во 16:46 ---
Не знам каде ти виде превртување на зборови, но секој нормален човек твојава реченица:

Ке ја свати дека сакаш да кажеш дека ако сака да успее човечкиот род мора да биде зол.
Е токму тоа е тотално погрешно, со злоба човечкиот род сам себе ке се уништи, а тоа е токму спротивното од успех.

Човечкиот род во својата основа е зол, доброто однесување се учи или се наметнува од страна на општеството. Мислам дека истово или барем слично нешто беше кажано погоре, така да нема и јас да се објаснувам
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
А какви ќе станат добрите ако го земат секирчето во раце? Добри сигурно нема да останат.
--- надополнето: 29 март 2012 во 16:46 ---

Човечкиот род во својата основа е зол, доброто однесување се учи или се наметнува од страна на општеството. Мислам дека истово или барем слично нешто беше кажано погоре, така да нема и јас да се објаснувам
Не се согласувам.
Секогаш кога мајка ќе го погледне своето чедо и со поглед му кажува нема ништо на овој свет да те повреди.
Или момче кога ја гледа својата љубена и она знае дека што и рече или направи секогаш ќе биде сигурна во неговата прегратка:love:
-Злото за мене исчезнува:)
Ј*бига идеалиста сум :D
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Човечкиот род во својата основа е зол, доброто однесување се учи или се наметнува од страна на општеството. Мислам дека истово или барем слично нешто беше кажано погоре, така да нема и јас да се објаснувам
Овде зборуваме за совршенство, така да заборавете го тоа "злото не може да исчезне", "злото пак ќе никне", "совршенство не постои", "бла, бла, бла, бла". Зборуваме за фиктивно совршенство.

А какви ќе станат добрите ако го земат секирчето во раце? Добри сигурно нема да останат.
Ке станат дрвосечачи
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Не се согласувам.
Секогаш кога мајка ќе го погледне своето чедо и со поглед му кажува нема ништо на овој свет да те повреди.
Или момче кога ја гледа својата љубена и она знае дека што и рече или направи секогаш ќе биде сигурна во неговата прегратка:love:
-Злото за мене исчезнува:)
Ј*бига идеалиста сум :D
Да, се слагам, али што ако некој нешто му направи на тоа дете? Еве, тргнувам од себе, не мора ни да биде толку јака врска како мајка-дете (пошто немам деца, па не сум компетентна да зборам на темата), сестра ми ќе ја земам за пример. Ако некој нешто на нејзе и направи, не знам каде ми се границите и колку зло можам да нанесам.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Да, се слагам, али што ако некој нешто му направи на тоа дете? Еве, тргнувам од себе, не мора ни да биде толку јака врска како мајка-дете (пошто немам деца, па не сум компетентна да зборам на темата), сестра ми ќе ја земам за пример. Ако некој нешто на нејзе и направи, не знам каде ми се границите и колку зло можам да нанесам.
Па тоа ми е поентата.
Од љубовта може да се роди омраза(или од доброто->зло).
Но со омраза не може да уништи омразата.
Или во конкретниов случај
омразата повикува омраза и се ствара ѓаволски круг(бесконечен круг) каде на одмаздата секогаш се одговара со омраза и едниствениот начин да се прекине овој ѓаволски круг е љубовта.
Да се вратам на почетокот со тоа што омразата се раѓа како резултат на преголема љубов т.е најчесто вака е
љубов->тага->омраза
поради различни причини.
Може да се каже дека лошото се раѓа како резултат на доброто, а невозможно е обратен случај.
И така твојата теза дека во основата е злото е погрешна :)
Да се погреши е човечки,да се прости е божествено.:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom