Дали откога сите зли луѓе на светов ќе умрат, светот ќе биде мирен?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"

  • Вкупно гласачи
    87
Уште ве лажат тоа комунистине...:icon_lol:

А што не спречува да размислуваме на овој начин "ако исчезне злото, се ке биде добро"?
Монотоно, рамнотежа, my balls.
Еве и прост пример за "луге со потешко свакање" :)
Aко во една кука живеат 4 луге од кои едниот е зол/лош и прави проблеми, крше работи низ куката, не се грижи за истата, краде пари од другите членови, предизвикува проблеми... Што ке се случи ако го избркаат лошиот тип од куката? Ке им стане досадно, монотоно и без рамнотежа на останатите тројца или куката ке стане подобро место за живеење?
Или уште попрост пример. Зошто убијците, силувачите... ги затвораат во затвор? Зошто не ги остават на слобода да убиваат и силуваат колку да не им биде досадно и монотоно на останатите луге?

Не може да ти здосади од добрите работи.
Ако ти се дешава се добро и се ти биде ок ти ќе немаш никаква мотивација да се надградуваш во животот, да се осамостоиш итн. Ако мајка ти ти дава пари цело време дали би се исселил од кај неа и би почнал своја кариера за да направиш нешто или би ти било убаво и ич да не ти чуе?
 
Иако никогаш нема да има истражување кое дефинитивно ќе докаже (don`t wonder too much why), хомо сапиенсот се разликува биолошки при раѓање. На едниот крај се психопатите кои се раѓаат како такви, тотална деструкција и зло. Има различни мислења околу зачестеноста на раѓање на психопати, зависат веројатно и од геграфската позиција но најмногу се користат цифрите меѓу 0,5 и 6 % од популацијата во одреден регион.
На другиот крај со еднаква застапеност се оние кои се раѓаат како алтруисти, кои се способни да се жртвуваат и да бидат конструктивни без разлика на цената и последиците, некој би рекол хероите.

Останатото, далеку најголемиот дел од луѓето се во средината меѓу овие две крајности а како ќе се однесуваат и какви вредности ќе имаат зависи од доминантниот економски и општествен систем на дадена територија, а.к.а програмите кои се даунлодирани во нивните мозоци.
За жал, психопатолошката структура на капитализмот и државата како ентитет јасно покажува кои вредности се доминантни и се даунлодираат top down на најголемиот број луѓе.

http://en.wikipedia.org/wiki/Ponerology

Ако не ви е јасно како може рандом политичар со еден потпис да прати милиони во смрт и да легне да спие мирно како бебенце, некој CEO да прати иљадници на оној свет поради една нула плус на сметка или како се можни злосторства од најбрутален тип...think what John Connor said in one old movie (more or less) ;)

They look human.
Sweat, bad breath, everything.
Very hard to spot.
Parasites are out there.
They are amongst us.
Have been for a long long time.
They cannot be bargained with.
They cannot be reasoned with.
They do not feel pity, or remorse or compassion.
And they absolutely will not ever stop.
Until we are sucked dry and dead.
 
Ако ти се дешава се добро и се ти биде ок ти ќе немаш никаква мотивација да се надградуваш во животот, да се осамостоиш итн. Ако мајка ти ти дава пари цело време дали би се исселил од кај неа и би почнал своја кариера за да направиш нешто или би ти било убаво и ич да не ти чуе?
Иако не знам каква врска имаат осамостојувањето и мајка ми со исчезнувањето на злите луге еве ке ти одговорам.
Мотивација ке ми биде желбата за уште подобро. Од лошо има и полошо, од добро има и подобро. Сите се стремиме кон уште подобро, ете тоа е мојата мотивација.
 
Точно така, и кога се ќе ти биде добро кон шо ќе се стремиш?
 
Точно така, и кога се ќе ти биде добро кон шо ќе се стремиш?
Тогаш сум го достигнал совршенството и ке немам потреба да се стремам.
 
Тогаш сум го достигнал совршенството и ке немам потреба да се стремам.

И ќе пукнеш од досада. Тоа е муабетот - нема стремеж, се е совршено, ќе се навикнеш на прекрасно и ќе бараш повеќе. А каде повеќе од совршенство? Назад, на несовршенство
 
Да самошто не си го достигнал ти совршенството ако нема зли луѓе.
Од каде овој заклучок стварно не ми е јасно.
Еве сега има зли луге па пак никој не го достигнал совршенството.
И ќе пукнеш од досада. Тоа е муабетот - нема стремеж, се е совршено, ќе се навикнеш на прекрасно и ќе бараш повеќе. А каде повеќе од совршенство? Назад, на несовршенство
Назад, на несовршенство е помалку од совршено, а не повеке.
Совршенство значи да не бараш повеке, се да ти е тамн.

Стварно не ми е јасно од каде ви е тоа дека ако нема лоши луге ке пукнеме од досада...
 
Најдобро е што побргу да почнеме да го бараме злото во нас самите одколку во другите...како што реков,злото нема форма облик и конечност:)
 
И ќе пукнеш од досада. Тоа е муабетот - нема стремеж, се е совршено, ќе се навикнеш на прекрасно и ќе бараш повеќе. А каде повеќе од совршенство? Назад, на несовршенство

Како тоа се би било совршено ако нема зли луѓе?
Има глупави, нерационални, црни, бели, црвени, ниски, високи....за една заедница да живее и опстојува секогаш ќе има проблеми и ситуации кои ќе мора да се решат.
Злите само ја одвлекуваат енергијата на тотално беспотребни ситуации кои ги ствараат и ги мултиплицираат проблемите во дадена заедница.
 
Од каде овој заклучок стварно не ми е јасно.
Еве сега има зли луге па пак никој не го достигнал совршенството.

Назад, на несовршенство е помалку од совршено, а не повеке.
Совршенство значи да не бараш повеке, се да ти е тамн.

Стварно не ми е јасно од каде ви е тоа дека ако нема лоши луге ке пукнеме од досада...

Па тоа и го кажав - совршенството кое си го добил со отстранувањето на лошото, ќе си се сврти и ќе се врати на старо, пошто нема каде да одиш погоре од совршенство.

И не е муабетот ако нема лоши луѓе, тука ако нема ништо лошо, ако све е потаман, све! Колку ќе издржиш пред да ти досади? Колку и да издржиш, после некое време или ќе западнеш во состојба на летаргија или ќе почнеш да беснееш. Среќата би требало да е склоп на моменти, а не константа.
 
Најдобро е што побргу да почнеме да го бараме злото во нас самите одколку во другите...како што реков,злото нема форма облик и конечност:)
И што откако ке го најдеме?
 
Препознавањето е еден чекор напред во менувањето на комплетните видувања за се околу нас и во нас...таму е и мирот

Тоа што е твое лево,неможе да биде мое лево нели?
 
Па тоа и го кажав - совршенството кое си го добил со отстранувањето на лошото, ќе си се сврти и ќе се врати на старо, пошто нема каде да одиш погоре од совршенство.
Е како ке се врати жити све? Зошто пак да не остане?
И не е муабетот ако нема лоши луѓе, тука ако нема ништо лошо, ако све е потаман, све! Колку ќе издржиш пред да ти досади? Колку и да издржиш, после некое време или ќе западнеш во состојба на летаргија или ќе почнеш да беснееш. Среќата би требало да е склоп на моменти, а не константа.
Не грешка си, муабетот е баш лошите луге. Прочитај го насловот на темава.
Навистина, како ке ни здосади ако нема лоши луге?
Пак ке си ја работиме секојдневната работа, пак ке ја посетуваме кајгана, пак ке излегуваме со другарите.... Се исто, само што ке нема лоши луге. Ке нема некој што кога ке излезеш вград со другарите ке те разнесе со бомба или ке ти свирне метак вчело поради некоја негова психа. Значи овие работи ке ги нема, останатото се ке си биде исто како и сега. Како може ова да здосади кога, повторувам, Пак ке си ја работиме секојдневната работа, пак ке ја посетуваме кајгана, пак ке излегуваме со другарите...
 
Како тоа се би било совршено ако нема зли луѓе?
Има глупави, нерационални, црни, бели, црвени, ниски, високи....за една заедница да живее и опстојува секогаш ќе има проблеми и ситуации кои ќе мора да се решат.
Злите само ја одвлекуваат енергијата на тотално беспотребни ситуации кои ги ствараат и ги мултиплицираат проблемите во дадена заедница.

У смисла на тоа дека ако нема лоши луѓе, ќе ги нема ни тие проблеми, пошто никој нема да замери на нечија глупост, боја на кожа и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom