Не ми одговори на прашањето, дали важи и спротивното, не можеш да знаеш дека е убаво да живееш, ако не знаеш колку е лошо да убиваш? Ако не, зошто не.
И каква врска имаат законите со тоа дали смртта е добра или не? Ако е закон не значи дека е секогаш во право. Колку само дебилни закони се донесуваат во светот, најсвеж пример е законот да плакаш 50% од цената за нешто што не го користиш.
Тебе ти треба закон за забрана за убивање за да знаеш дека не е добро да убиваш?
Предходните искуства те учат - но треба да научиш за да знаеш. Никој не е роден со знаење, знаењето се стекнува. Разликувањето на добро и лошо се учи, не сме родени ние со тоа знаење.
За да знаеш дека е лошо да убиваш, прво ќе научиш дека е лошо да тепаш. Ќе удриш некого и ќе бидеш казнет. Лошото поведение се казнува. Понатаму, учиш дека нанесувањето повреда на било кого, е казниво. И тоа те спречува да повредуваш/убиваш. Кога ќе почнеш да го цениш сопствениот живот, ќе почнеш да го цениш и туѓиот. Не треба лично да убиеш, треба да знаеш дека тоа се случува. И да се згрозиш од тоа сознание.
Не ти треба пишан закон за да не убиваш. Но ти треба знаење дека не смееш да убиваш. Зошто ако го немаш тоа знаење, ако не го цениш животот, баш тоа ќе го правиш, ќе убиваш. И животот не би бил толку убав, ако не постои смртта. И тука не навлагам во дискусија реинкарнација, живот-смрт се пример за добро и лошо.
За да знаеш што е смрт, треба да се соочиш со истата. Сите ние имаме некој кој умрел. Во моментот кога сме го прифатиле сознанието за неговата смрт, сме почнале повеќе да си го цениме животот. Но ако не била неговата смрт (и не го локализирај ова, зборувам глобално, ако не постои смртта кај луѓето) не би имале причина да живеат што е можно поисполнето и поквалитетно.
Ако се родиш во ултра богато семејство, нема да го цениш Ауди ТТ за роденден од татко ти. Но ако следниот ден изгубиш се, ќе го цениш и Застава101. Тогаш ќе ја сфатиш вредноста на АудиТТ.
Ако не се плашиш од болка, нема да имаш инстикт за преживување. Ако не се плашиш од глад, нема да јадеш. Ако не се плашиш од студ, нема да се грееш. Ако не се плашиш од осаменост, нема да најдеш партнер. Ако не се плашиш од осамена старост, нема да имаш деца. Ако не се плашиш од смрт, ќе пробаш да леташ.
Не постои добро, без лошо. И тие се условни. Не е доброто секогаш добро, и лошото секогаш лошо.
Но ако не постои лошо, доброто не би имало смисла. Ако не постои болка, не би имала зошто да не го изневерувам партнерот или да кажам некому што прво ми падне на памет.
Ако сите живееме онака како што ни е добро, во крајна линија, ќе станеме сите лоши, зошто сите ќе ги повредуваме околу нас. За да добиеме нешто, мораме да се откажеме од нешто.
За да не го изгубам дечкото (односно да не си нанесам болка (лошо)) нема да го повредам, односно нема да имам секс со некој друг. Ако немам со некој друг секс, а тој некој ми се допаѓа, јас на себе во моментот си правам лошо и не си ги почитувам сопствените желби. Но на канатар, едното добро ми вреди повеќе од другото добро. А во секој случај, едното лошо е потешко од другото лошо.