Дали откога сите зли луѓе на светов ќе умрат, светот ќе биде мирен?

"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"


  • Вкупно гласачи
    87

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
А ако убијам еден крволочен диктатор, со цел да спасам огромна маса на луѓе, дали тоа ќе ме направи злобна?
Да.
Во твојов случај е избор на правење зло за поголемото добро што звучи малце дволично.
Освен ако е убиство во самоодбрана не сум сигурен дали за такво нешто станува збор тогаш спаѓа во категоријата самоодбрана,а не убиство.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
--- надополнето: 15 август 2012 во 22:53 ---

Сега ми споредуваш животни со свесни луге, ма дај бре ти се молам, доста веке со вакви "филозофски" реченици -_-


Да резимираме, ако некој не може да разликува добро од зло тогаш тој има сериозни проблеми :unsure:
Првенствено, свест де факто не постои. Второ, животните се "свесни". Дури и кај животните постојат примитивни морални кодови кои еволутивно настанале од потреба да се зачува видот.
--- надополнето: 16 август 2012 во 13:32 ---
Пази прво никаде не спомнав апсолутно зло.

Второ мешаш баби и жаби.
Смрт и убиство се различни поими.
Значи кога кога мислам на убиство се мисли на злочин како на пример татко убил ќерка,девер убил снаа и т.н да не ги редам.
Ова се убиства од гнев,омраза итн итн.
Има општо прифатени норми за кои се имаме согласено што се спаѓа под зло за да се сведе субјективноста на минумум.
Смртта што велиш на луѓето од животни веќе нешто друго кај нив поаѓа од нагон(потреба?) за исхрана.
Не сум сигурен колку е точно ,но мислам дека имаше пример дека ајкулите(конкретниов пример беше со ајкули инаку општо за животните) всушност не напаѓаат луѓе освен ако ја немаат потребата (гладта) .
Јас не ја негирам субјективноста не ме сваќај погрешно ,но сепак има некои норми за добро и зло кои се општо прифатени и 99% од луѓето се водат според нив.
Или еве пример за убавина на 99.9 % им се допаѓаат цицките на Скарлет Јохансон
0.1% останува на субјективноста :pos:
Гледаш дури и педеров ги сака цицките на Скарлет :vozbud::cuc:
Ако сакаш да ја индивидуализираш концептуализацијата на добро/зло, тогаш е во ред. Има околу 10 милиони затвореници низ светов. На тоа, додади ги сите криминалци кои не се фатени и ќе добиеш гаргаунтни бројки. Сите овие луѓе себеси не се сметаат за злобни. Апропо, не ги сметаат за злобни ниту луѓето кои го сториле истото.
Од друга страна, играш на ad populum карта, што во дебата е невалиден аргумент. Општото мнение не потврдува ништо. На пример поголемиот дел од населението во светот верува во постоење на Бог, иако за постоење истиот ентитет не постои ни грам валидна евиденција.
Причината зошто ти ги категоризираш убиствата од човек на човек како злочин а од животно на човек како нагон е поради таа еволутивна одбивност која ти ја напоменав.
Луѓето имаат развиено одбивност према се што го пореметува соживотот само во својот вид.
Во праисторијата, кога луѓето живееле во орди сфатиле дека убивањето меѓу себе ќе доведе до истребување на нашиот вид од страна на диви животни. Од друга страна, смртта при напад од диво животно ја сметаме за неизбежно зло бидејќи било невозможно да ја контролираме.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Првенствено, свест де факто не постои. Второ, животните се "свесни". Дури и кај животните постојат примитивни морални кодови кои еволутивно настанале од потреба да се зачува видот.
:cautious:
Свест де факто постои, и ние де факто сме неспоредливи со животните во таа област.
--- надополнето: 16 август 2012 во 13:32 ---
А ако убијам еден крволочен диктатор, со цел да спасам огромна маса на луѓе, дали тоа ќе ме направи злобна?
Не.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
:cautious:
Свест де факто постои, и ние де факто сме неспоредливи со животните во таа област.
--- надополнето: 16 август 2012 во 13:32 ---

Не.
Дај ми евиденција за постоење на свеста. Каде се наоѓа во човечкото тело и од што е составена.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Дај ми евиденција за постоење на свеста. Каде се наоѓа во човечкото тело и од што е составена.
Производ на мозокот, а ако сакаш да ја видиш/допреш (бидејки гледам дека целиш кон тоа), жал ми е, нема да можеш оти не е материјална.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Производ на мозокот, а ако сакаш да ја видиш/допреш (бидејки гледам дека целиш кон тоа), жал ми е, нема да можеш оти не е материјална.
Како што рече, "свеста" е производ на мозокот. Но, поентата е дека комплексноста на нашиот мозок ни ја создава илузијата дека постои "свест". Свест не постои. Постојат огромен број неврони, синапси, невротрансмитери и така натаму. Соработката на трилионите несвесни клетки од кои е составен мозокот на истиот му ја врачува таа илузија постоење на свест.
Ако е нематеријална, како е детектирана?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А ако убијам еден крволочен диктатор, со цел да спасам огромна маса на луѓе, дали тоа ќе ме направи злобна?
Зависи дали е навистина крволочен :). Гадафи мислиш навистина беше таков каков медијата го прикажуваше? :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Во праисторијата, кога луѓето живееле во орди сфатиле дека убивањето меѓу себе ќе доведе до истребување на нашиот вид од страна на диви животни. Од друга страна, смртта при напад од диво животно ја сметаме за неизбежно зло бидејќи било невозможно да ја контролираме.
Ова што го велиш за затворениците е она што веќе го кажав значи или знае дека згрешил ,а не признава или пак самиот се лаже за да се оправда пред светот ,а и пред самиот себе си за да го избегне чуството на вина и грижа на совест и на крај да не дојде до лудило.

Не велам дека еволуцијата нема никаков удел ,но сепак сите имаме способност дали од Бог или од природата да разликуваме добро од зло.
И најнормално е секој да проба да ја изврти вистината во своја корист ,но пак ќе кажам вистината е една.
Тоа што велиш за субјективноста можам да се согласам доколку доброто и злото ги гледаш како црно,бело и сиво , а денес светов е во најголема мера сив со многу малку црно и бело.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Првенствено, свест де факто не постои.
Оф леле ..... :facepalm:

Дај ми евиденција за постоење на свеста. Каде се наоѓа во човечкото тело и од што е составена.
Свеста е факт. Земи седни на некоја официјална дебата меѓу научни умови, и со среќа во побивањето на тој факт.

Проблемот твој, е што бараш квантитативно некој да ти посочи, каде, колку, како. Некои работи едноставно не се мерат (како коефициент на интелигенција - погрешна лепенка и една од најголемите глупости што е измислена до сега). Свеста е една од нив.

Но, поентата е дека комплексноста на нашиот мозок ни ја создава илузијата дека постои "свест". Свест не постои. Постојат огромен број неврони, синапси, невротрансмитери и така натаму. Соработката на трилионите несвесни клетки од кои е составен мозокот на истиот му ја врачува таа илузија постоење на свест.
Ако е нематеријална, како е детектирана?
Свест е филозофски (но научно прифатен) термин. Ти се обидуваш да го нулифицираш преку неуро-биологија. Што да ти кажам? 5ка за обидот.

Во филозофска смисла, постојат неколку стадиуми на свесност и когнитивност (не сум ги сретнал во македонска форма) - несентиенција, сентиенција и сапиенција или софонтност. Луѓето се класифицирани како софонтни форми на живот, највисок стадиум на когнитивно распознавање на светот околу нив, комплексно размислување, способност за емоции и емпатија, креативност итн, итн.

Твојов аргумент абсолутно не држи вода, од причината што постојат животни како делфините и китовите, што (од биолошка гледна точка) имаат далеку поголем, и покомплексен мозок, со далеку подобра шема на неуро-трансмисија и процесирање на информации, социјални вештини и систем на комуникација толку комплексен што за човекот е се уште абстракт. А китот освен тоа има најголем мозок од живиот свет, и не само тоа, туку и најголем во пропорции со телото. Сепак, СЕПАК, според научните критериуми (пази која терминологија ја употребувам овде), тие не се сметаат за софонтни суштества (иако релативно близу се до тој стадиум).

Значи тоа што изнапиша горе во врска со мозокот ама абсолутно нема никаква корелација со свесноста и што ја создава.

Не е интерен продукт, туку екстерен, дејствува независно, а мозокот е интерен продукт, од потребата на Свеста (општо) да се манифестира во материјалното и во склоп на она што ние го викаме простор-време.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Оф леле ..... :facepalm:



Свеста е факт. Земи седни на некоја официјална дебата меѓу научни умови, и со среќа во побивањето на тој факт.

Проблемот твој, е што бараш квантитативно некој да ти посочи, каде, колку, како. Некои работи едноставно не се мерат (како коефициент на интелигенција - погрешна лепенка и една од најголемите глупости што е измислена до сега). Свеста е една од нив.



Свест е филозофски (но научно прифатен) термин. Ти се обидуваш да го нулифицираш преку неуро-биологија. Што да ти кажам? 5ка за обидот.

Во филозофска смисла, постојат неколку стадиуми на свесност и когнитивност (не сум ги сретнал во македонска форма) - несентиенција, сентиенција и сапиенција или софонтност. Луѓето се класифицирани како софонтни форми на живот, највисок стадиум на когнитивно распознавање на светот околу нив, комплексно размислување, способност за емоции и емпатија, креативност итн, итн.

Твојов аргумент абсолутно не држи вода, од причината што постојат животни како делфините и китовите, што (од биолошка гледна точка) имаат далеку поголем, и покомплексен мозок, со далеку подобра шема на неуро-трансмисија и процесирање на информации, социјални вештини и систем на комуникација толку комплексен што за човекот е се уште абстракт. А китот освен тоа има најголем мозок од живиот свет, и не само тоа, туку и најголем во пропорции со телото. Сепак, СЕПАК, според научните критериуми (пази која терминологија ја употребувам овде), тие не се сметаат за софонтни суштества (иако релативно близу се до тој стадиум).

Значи тоа што изнапиша горе во врска со мозокот ама абсолутно нема никаква корелација со свесноста и што ја создава.

Не е интерен продукт, туку екстерен, дејствува независно, а мозокот е интерен продукт, од потребата на Свеста (општо) да се манифестира во материјалното и во склоп на она што ние го викаме простор-време.
И сега ти ми мешаш филозофија и неврологија и ја промовираш самата филозофија како наука?! И после јас сум тресел глупости...
Повели, дај ми евиденција дека постои свест. Сите производи на свеста, сите показатели на постоење на свест се неврохемиски процеси во мозокот.
Возбудување на неврони и влијание на невротрансмитери врз одредени делови врз мозокот. Ништо повеќе никогаш не било евидентирано.
Свеста самиот си тврдиш дека е некој "екстерен" продукт, и јасно ми е на што вие двајца-тројца целите.
За жал, науката се бави со евиденција на феномени а ова тука го нема. Не знам кои дебати меѓу кои научни умови си ги гледал, но очигледно тие умови се доволно испрани со secret-like ала Дипак Чапра шарлаталнства.
Затоа, квази наука и спиритуалност на друго место.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И сега ти ми мешаш филозофија и неврологија и ја промовираш самата филозофија како наука?!
Дечко, не ме извртувај! - ТИ ја замеша неврологијата во сето ова! Јас само ти дадов аргумент од истиот тип, да ти покажам дека грешиш во тврдењето! Не ме обвинувај што се вратив на крајот од мојот пост со парче филозофска мисла, зошто кога последен пат погледнав, темава се наоѓа во подфорумот Филозофија и Психологија.

За научни работи и неврологија/невробиологија, имаш подфорум Наука, изволте отвори тема таму ако од тој аспект ти се дебатира до толку, ќе ти правам друштво, ветувам.

Повели, дај ми евиденција дека постои свест. Сите производи на свеста, сите показатели на постоење на свест се неврохемиски процеси во мозокот. Возбудување на неврони и влијание на невротрансмитери врз одредени делови врз мозокот.
Прашај ги научниците зошто терминот свест е општо прифатен како факт, не мене! Јас не сум научник. И кај нив барај евиденција. Ако јас ја имав, немаше на форум овде на рандом лик како тебе да му се објаснувам вербално преку постови, ќе отидев на правото место и ќе ја презентирав.

И нема врска. Свесноста не можеш да ја сведеш на мозочна активност и неврохемиски процеси. Кај некои видови светулки биохемиските процеси во нервниот систем се толку присутни што и да ја немаат способноста за биолуминисценција, ако нервниот систем им свети, ќе имаат подеднакво јака светлина што излегува од нив. Свесни се тие инсекти (на ниво на софонтост)? Не.

Слична ситуација кај електричните јагули.

Треба уште примери?

Дај ти се молам. Свест не постоело. Барем со науката не се вади, ако тоа е твој личен став.

Затоа, квази наука и спиритуалност на друго место.
Точно. Местово е филозофија и психологија, затоа не труј со други работи. И врати се он топик. Не е Свест темата на дискусија. Доволно ме одвлече и мене и други оф топик.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Дечко, не ме извртувај! - ТИ ја замеша неврологијата во сето ова! Јас само ти дадов аргумент од истиот тип, да ти покажам дека грешиш во тврдењето! Не ме обвинувај што се вратив на крајот од мојот пост со парче филозофска мисла, зошто кога последен пат погледнав, темава се наоѓа во подфорумот Филозофија и Психологија.

За научни работи и неврологија/невробиологија, имаш подфорум Наука, изволте отвори тема таму ако од тој аспект ти се дебатира до толку, ќе ти правам друштво, ветувам.



Прашај ги научниците зошто терминот свест е општо прифатен како факт, не мене! Јас не сум научник. И кај нив барај евиденција. Ако јас ја имав, немаше на форум овде на рандом лик како тебе да му се објаснувам вербално преку постови, ќе отидев на правото место и ќе ја презентирав.

И нема врска. Свесноста не можеш да ја сведеш на мозочна активност и неврохемиски процеси. Кај некои видови светулки биохемиските процеси во нервниот систем се толку присутни што и да ја немаат способноста за биолуминисценција, ако нервниот систем им свети, ќе имаат подеднакво јака светлина што излегува од нив. Свесни се тие инсекти? Не.

Слична ситуација кај електричните јагули.

Треба уште примери?

Дај ти се молам. Свест не постоело. Барем со науката не се вади, ако тоа е твој личен став.



Точно. Местово е филозофија и психологија, затоа не труј со други работи. И врати се он топик. Не е Свест темата на дискусија. Доволно ме одвлече и мене и други оф топик.
Јас потенцирам дека неврологијата не евидентирала свест. Крај. Вака филозофски можеш да измислуваш по 100 феномени на ден. Да создаваш свои непроверени хипотези. Не е само мој став туку став на глобалната научна фела. Општ став на светска невробиологија.
Примерот со биолуминесценцијата не ти е валиден бидејќи прво повлекуваш неоснована премиса дека свест постои и дека инсектите ја немаат.
p.s
http://www.wired.co.uk/news/archive/2012-07/11/fruit-flies-can-count
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Во праисторијата, кога луѓето живееле во орди сфатиле дека убивањето меѓу себе ќе доведе до истребување на нашиот вид од страна на диви животни. Од друга страна, смртта при напад од диво животно ја сметаме за неизбежно зло бидејќи било невозможно да ја контролираме.
Ништо тие не сватиле, еволуцијата се тоа го наштимала. Ако имаш орди кои не се убиваат меѓу себе, ќе дојде до зголемивање на популацијата, немање храна и рушење на етикчиот код на мала група, по што ќе следи меѓусебно убивање. Ако ордите нон стоп војуваат, наместо време и енергија да посветат на лов, ќе се таманат меѓу себе. Помеѓу овие два екстреми постои оптимум кој еволуцијата го наштимала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom