Оф леле .....
Свеста е факт. Земи седни на некоја официјална дебата меѓу научни умови, и со среќа во побивањето на тој факт.
Проблемот твој, е што бараш квантитативно некој да ти посочи, каде, колку, како. Некои работи едноставно не се мерат (како коефициент на интелигенција - погрешна лепенка и една од најголемите глупости што е измислена до сега). Свеста е една од нив.
Свест е филозофски (но научно прифатен) термин. Ти се обидуваш да го нулифицираш преку неуро-биологија. Што да ти кажам? 5ка за обидот.
Во филозофска смисла, постојат неколку стадиуми на свесност и когнитивност (не сум ги сретнал во македонска форма) - несентиенција, сентиенција и сапиенција или софонтност. Луѓето се класифицирани како софонтни форми на живот, највисок стадиум на когнитивно распознавање на светот околу нив, комплексно размислување, способност за емоции и емпатија, креативност итн, итн.
Твојов аргумент абсолутно не држи вода, од причината што постојат животни како делфините и китовите, што (од биолошка гледна точка) имаат далеку поголем, и покомплексен мозок, со далеку подобра шема на неуро-трансмисија и процесирање на информации, социјални вештини и систем на комуникација толку комплексен што за човекот е се уште абстракт. А китот освен тоа има најголем мозок од живиот свет, и не само тоа, туку и најголем во пропорции со телото. Сепак, СЕПАК, според научните критериуми (пази која терминологија ја употребувам овде), тие не се сметаат за софонтни суштества (иако релативно близу се до тој стадиум).
Значи тоа што изнапиша горе во врска со мозокот ама абсолутно нема никаква корелација со свесноста и што ја создава.
Не е интерен продукт, туку екстерен, дејствува независно, а мозокот е интерен продукт, од потребата на Свеста (општо) да се манифестира во материјалното и во склоп на она што ние го викаме простор-време.