Дали му верувате на Васко Ефтов?

  • Креатор на темата Креатор на темата pravo
  • Време на започнување Време на започнување

dali mu veruvate na Vaso Eftov


  • Вкупно гласачи
    77
Статус
Затворена за нови мислења.
кога вмро се на власт ги сере сдсм, кога сдсм се на власт ги сере вмро, па ај сеа види што човек е!!!
 
Човекот е многу безобразен не ги остава другите да се докажат и ич не му верувам
 
mu gi sledam emisiite nekoj emisii mu se top eve primer poslednata ovaa za crna gora ,kako sto napisa clenot pogore ne gi ostava da se dokazat toj prasuva toj odgovara toa stvarno ne mi se dopaga
 
кога вмро се на власт ги сере сдсм, кога сдсм се на власт ги сере вмро, па ај сеа види што човек е!!!
А што има лошо некој да го вади прљавиот веш на двете најголеми партии? Тоа само покажува колку не чинат вмро или сдс, а не Васко Ефтов. Пошо нив ги имаме на гласачките ливчиња, не Васко Ефтов. Тие ја водат/воделе земјата, не Васко Ефтов.
 
mu gi sledam emisiite nekoj emisii mu se top eve primer poslednata ovaa za crna gora ,kako sto napisa clenot pogore ne gi ostava da se dokazat toj prasuva toj odgovara toa stvarno ne mi se dopaga

Не им упаѓа во збор, така е монтирано.


Ма шо ви е на вас?!
Васко Ефтоф е олицетворение на вистината, онаа апсолутната....:vozbud:

И никако да сватам шо треба да му значи тоа "Добра ноќ Македонијо, каде и да си"......
Дали треба таа изјава да го разгори подзаспаното патриотско срце?!
Дали тоа треба да ја спаси емисијата која во претходните саат и половина не кажува ама баш ништо?!
Онака, седат пред телевизор климактерични старци, сеуште заглавени негде во времето на стариот режим(токму ти си подзаборавен во стариот режим каде што младите ,,уво ги боли,, за политика, а старите), слушаат како Васко така концизно поставува ебано тривијални прашања(ова произлегува од претходниот ред), не разбираат за шо се работи во разговорот, но хеј! сепак фино звучи(дали звучи фино сензацијата која што на пример беше сервирана дека тамо едикојаси гарда ќе почне војна на 26 февруари), неговите соговорници како од пушка ги рецитираат одговорите за претходно поставените прашања од областа на ботаниката и астрофизиката(мислев дека не постојат луѓе што не го знаат значењето на овие поими), Васко ги крати пред да можат да се доискажат, се појавува Васето во крупен кадар, добра ноќ македонијо.....Камен паѓа од старското срце, можат сега мирно да си запсијат... И пред да легнат, секако, молитва во чест на Бога што го прати Васета на овој свет, тој Пресветол Гласник на Вистината.....:drk:

(болдираното е мое)


Васко Ефтов не е гласник на вистина , меѓутоа е новинар со сензационалистички пристап кон темите кои ги обработува. Не е стриктно партиски обоен, туку шурува со сите(лакмус). Ги напаѓа тие шо не му се спонзори, не ги рчка тие шо му се(иако за сите има).
Мора да му се признае дека е добро начитан и има широка мрежа на контакти(не секој стасува до Гафур Адили, Хаџи Милиќ, и не ми текнува името на оној лани шо го имаа што цел живот го поминал во изнаоѓање начин за атентат на Јосип Броз Тито).Доволно за да биде водител на најгледана ТВ-емисија од областа на политиката.
 
За реализација на емисија од типот Во центар, и те како е потребен добар спонзор .Не се сложувам дека емисијата има сензационалистички пристап , бидејќи се третираат не толку свежи теми, поткрепени со многу изјави од различни страни. Вистината се плаќа, ако се сеќавате кога откри Ефтов , Соња ТАТ не е во емисија оти си побара голема сума.
Како водител го прифаќам , затоа што е поинаков, со различен пристап кон соговорникот, а со добра монтажа резовите се по чести и така склопена емисијата во целост добива на значење.
 
А што има лошо некој да го вади прљавиот веш на двете најголеми партии? Тоа само покажува колку не чинат вмро или сдс, а не Васко Ефтов. Пошо нив ги имаме на гласачките ливчиња, не Васко Ефтов. Тие ја водат/воделе земјата, не Васко Ефтов.
финтата е што типов го плаќаат да ги сере партииве, и онака на мандат менува мислења одеднаш
 
Нема да гласам во Анкетата затоа што нема како мојот одговор.
Емисијата ја гледам малку, а најинтересни теми ми се за војната 2001 и за СФРЈ, а дали му верувам, па зависи од гостите во емисијата, некогаш да некогаш не.
 
Абе човекот го имам гледaно неколку пати, а тоа не е доволно за да кажам дали му верувам или не....единствено шо приметив е тоа дека е премногу нападен и не ги остава другиве да се изјаснат....
Исто така и ми оди на живци со тоа шо постојано мрда со рацете додека зборува.....
 
абе со тоа рацете како прета додека објаснува, може да те мавне ако е "внатре во" телевизорот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom