Па јас купувам скапо!!Пошто тоа ке го носам долго време!! Чим е скапо значи е и квалитетно!!И татко ми ми вика да купувам скапи работи!!! Тој цело време вика " не сум богат за да купувам ефтини работи" епа сега види шо мисли со тоа
види, постојат различни категории на "скапо"-скапо и исплатливо, или скапо и ѓубре. на пример, ако купиш патики од саломон, ќе ги платиш 4-5 па можда и 7000, ама ќе ги носиш и ќе ти траат со години (јас пред 3 години си купив високи зимски, ме коштаа 6500, ама ги носам веќе три години што доаѓа негде по 2000 годишно
). и најки се исто добри, иако тука ми се со малце сомнителен квалитет и потекло, а и ги тепаат цените. кога бев кај сестра ми во америка, си купив патики најки од најновата колекција и со достава искочија 50тина долари. ај тука влези во гтц продавницата карши германос и види дали воопшто се стигнати тие патики, и ако се, која цена се. а на пример за дизел стварите никогаш денар тука не би дала. знаете од кај ги купуваат? во турција има истпостава на дизел и ги купуваат стварите со грешка. и после ќе ми продава едни фармерки за 6000.:uvo: теранова? во италија на распродажба, маица-100 денари (евро и пол), панталони-300 денари. за евроазија, тоа кинеските ствари ич не правиме муабет. купил џемпери на големо за по 30 денари џемпер, и тука начекал па ги продава по 1500 денари. во грција да отидеш поразумни цени од нас имаат и похумано се однесуваат према купувачите. ај за цените, него и самиот однос на продавачките во бутиците. али за тоа треба посебна тема да се отвори... енивеј, цениве се ненормални, за СЕ, нема едно нешто што е поефтино во Македонија, а и не верувам дека се оригинални работите. само гледаат да насоберат повеќе пари. а стандардот ни оди се повеќе down the drain...