Цените низ продавниците се катастрофа. Значи немаме никаково правило за тоа што се вика стандард на население.
На пример во прехрамбена индустрија, се зголеми брашното, искрено не сум запознаен колку денари се зголеми, ама сите фурни и буракџилници низ земјава дигнаа цените на работите за големи проценти. Пример кроасан беше 25 денари сеа е 30 денари. Колку и да се зголемило брашното они од 1 кило брашно не праат еден кроасан! Ова е еден прост пример за непропоционално зголемување на цените.
На пример, ќе влезеш во некој Скејт или како и сакате да го наречете шоп и гледаш Зиро или Билабонг блузон 5000 денари. Тоа е 1/3 од просечна плата во МК.
Конкретен пример, летово најдов исти панталони беа цена 2600 денари али во Сиднеј. Случајно го видов истиот модел тука беа 3800 денари. 1200 денари или скоро 50% поскапо. А просечната плата (месечна) во Сиднеј е два-тринаесет пати поголема.
Технологија...срамота е да кажеме дека имаме исти (слични) цени со светските земји!
Уште една огрома забелешка се попустите. Тоа е непозната област за нашите трговци. Дали завршила сезона или не брате ќе си платиш по иста цена, можда ќе ти дае некој мизерен попуст па ќе се чешаш.
Облеката, која е еден од производите кои највеќе треба да се подлежни на попусти, кај нас не добијаш попуст повеќе од 15%. Летово значи се изнакупував ствари со големи попусти, недај боже да купиш нешто надвор од сезона. Попустот не е под 40%!
Да ви раскажам 2 случки на попусти годинава што ги сретнав во австралија:
Случајно проаѓам покрај пазар таков мал проаѓам и гледам пише „попуст на портокали викендов“. Гледам цена „15 центи кило“ и викам не е могуче. Влегов да прашам ми рекоа дека попустот е тој и дека ќе биде само 3 дена. Уште не верував викам дај да видам што портокали се
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, вика ете истите тие ќе бидат од утре на попуст. Зимам 1-2 да видам ок изгледаа, си земав, ги исцедив и викендот си купив 12 кила портокали (можеше да се купи максимум по 6 од човек, ние 2ца) и пиев свежо цеден сок. тие 12 кила ме чинеа 75 денари
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
!
Друга ствар, на познаник му притребале некои фармерки ама за работа некоја физичка и тркнал до продавница да си земе. Ги одбрал најефтините некои 12 долари и отишол на каса му рекле „денес имаме како што гледате специјален попуст, па цената на вашите фармерки ќе биде 1 долар“. Типов се рокнал од смеење а башка кога видел знак дека со картичката негова има попуст во продавницата, панталоните ги земал 80 центи!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
! Крај еј :pos2:!