Дали кладењето е коцка?

W

Werther

Гостин
Така е. Пред два-три месеци бев во Фламенго во Гевгелија со еден пријател, хроничен коцкар. Носеше 1500 евра со него. Отидовме таму околу 2 после пладне, до 11 вечерта имаше 6500 евра, односно 5000 евра плус. Играше само рулет.

Заминавме од таму, и по две три недели повторно отиде, овој пат без мене. Го кренал рулетот на 20 000 евра, за потоа да ги изгуби сите, заедно со се профитот од првиот пат. Не можеш да ја надмудриш математиката долгорочно. Ако играта има маргина, и ако играш флет стејкс, нема бегање, ќе бидеш минус за таа маргина.

Друга работа е што овој ликот не ни играл флет стејкс, туку по најизвртената комарџиска логика го кревал влогот кога не му одело, демек сега мора да даде...
Јас со еден другар во средно на 17 години (илегала:D) отидовме во Сенатор. Немавме пари да јадеме и со автобус дома да си одиме. Собравме 50 денари (тоа е минимално нели), нешто позајмивме. :D
Игравме рулет. Мене ми беше првпат, и поим немав како и другарот играше. Ни даде 200 денари. Си ги земавме, јадевме по една баничка и јогуртче и дома си отидвме, среќни. :pos::pos::pos:
 
D

dystopian

Гостин
Јас повеќе од 15 години живеам од он лајн кладилниците. Исклучиво од тоа. Сум бил од двете страни на кладењето, сум држел кладилница, и сум се кладел на сите можни начини за кои имаш и немаш слушнато.
Јас цело време мислев за тебе дека си некој професор по филозофија, или нешто слично поврзано со филозофијата. :гик:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас цело време мислев за тебе дека си некој професор по филозофија, или нешто слично поврзано со филозофијата. :гик:
Имам магистратура од филозофија, ама нема многу леб од неа...

:D
 
D

dystopian

Гостин
Имам магистратура од филозофија, ама нема многу леб од неа...

:D
Точно, ова ме потсети на еден мој другар кој е студент по филозофија, кога го прашав што ќе работи после факултетот, ми одговори: Па стандардно, ќе возам такси... :icon_mrgr:

Во контекст на темава: It's only a gambling problem if you're losing...
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Ставро каде бе пред 15 години онлајн си се кладел, јас се ставав после полноќ (56k модем) кога е најевтино за да се глупирам на мирц :pos:

Иначе јас сум од тие што се во добивка од кладилниците, сум ставил дури 4 пати во кладилница (сингл), 3 пати сум добил еднаш сум изгубил :D

Знам луѓе што живеат од кладилница, бар тие така тврдат, сите примања им се од кладилница, но многу, многу ретки примери.

Коцка е се' во кое ќе вложиш нешто за кое не си сигурен дека ќе го вратиш, или зголемиш, зависи само колкав е влогот за да се прават споредби како на темава.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Јас колку што знам пред 15 години требаше да имаш картичка од западна европа да можиш да играш, да не зборваме како би ги вадел парите кога то време во македонија незнам ни дали имаше банкомати. Да не зборваме дека повеќето сајтови за облози се после 2000 година.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
До пред година- година и пол играв може со 100-150 денари може 4-5 дена во неделата, ќе фатам два пати во месецот и си викаш не бива само пари даваш и си викам намалувам со уплатата. Зашто како за студент многу е толку да давам само за кладилници. И играм едно ливче за 40-50 денари ама како од шала и влезе земав 15000. И земав си платив станарина за 3 месеци, од дома не побарав пари и кажав дека фатив, си купив нешто облека и пак истото играње за 30-40 денари. Пак ќе се погоди еднаш-два пати во месецот да има некоја ситна добивка од 900-1000 денари, ама и да не биде не се нервираш толку.
Само еднаш или два пати имам одиграно на повеќе од 200 денари.

Сеа пред месец дена пак, 5 ливчиња влегоа со 20-40 денари уплата и сите над 100 коефициент. Се собраа 17-18000. И знам дека ќе иде лош период, па пак истото си земам нешто облека и си плаќам станарина тие неколку илјади што ќе останат ќе ги потрошам ваму-таму.
 
W

Werther

Гостин
Точно, ова ме потсети на еден мој другар кој е студент по филозофија, кога го прашав што ќе работи после факултетот, ми одговори: Па стандардно, ќе возам такси... :icon_mrgr:

Во контекст на темава: It's only a gambling problem if you're losing...
Многу се интересни на некои од големите филозофи биографиите.

Спиноза бил доста повлечен, скоро воопшто не излегувал од дома. Имал мала работилница во која творел. Бил повикан на некој холандски универзитет да предава, ја одбил поканата. Интересно е што „Етика“ во тој период била премногу актуелна, во градот само за книгата се зборувало, и издадена е постхумно. А, овој, мува не го лазела. :D

Кант бил еден од ретките во тоа време што живеел 79 години. Се вели дека имал толку редовни навики, што луѓето во градот своите часовници и обврски по него ги уредувале. :D Инаку, покрај филозоф, бил и одличен раскажувач. Ги собирал децата на плоштадот и приказни раскажувал. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставро каде бе пред 15 години онлајн си се кладел, јас се ставав после полноќ (56k модем) кога е најевтино за да се глупирам на мирц :pos:

Јас колку што знам пред 15 години требаше да имаш картичка од западна европа да можиш да играш, да не зборваме како би ги вадел парите кога то време во македонија незнам ни дали имаше банкомати. Да не зборваме дека повеќето сајтови за облози се после 2000 година.
Ме фативте во лага, признавам.

:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас бев сериозен, не напаѓав или сл. чисто ме интересираше како идело тоа кладење за тоа време во МКД.
Јас почнав да се кладам он лајн во Хрватска. Меѓутоа, сериозна заработка од он лајн кладењето почнав да правам со појавата на Бетфер.

Инаку, класичните он лајн кладилници не нудат многу повеќе од нашите кладилници, дури и многу често се пониски со коефициентите.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
само ако го пречекориш прагот на овие објекти си зијан ! :(
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.936
Поени од реакции
7.050
До пред година- година и пол играв може со 100-150 денари може 4-5 дена во неделата, ќе фатам два пати во месецот и си викаш не бива само пари даваш и си викам намалувам со уплатата. Зашто како за студент многу е толку да давам само за кладилници. И играм едно ливче за 40-50 денари ама како од шала и влезе земав 15000. И земав си платив станарина за 3 месеци, од дома не побарав пари и кажав дека фатив, си купив нешто облека и пак истото играње за 30-40 денари. Пак ќе се погоди еднаш-два пати во месецот да има некоја ситна добивка од 900-1000 денари, ама и да не биде не се нервираш толку.
Само еднаш или два пати имам одиграно на повеќе од 200 денари.

Сеа пред месец дена пак, 5 ливчиња влегоа со 20-40 денари уплата и сите над 100 коефициент. Се собраа 17-18000. И знам дека ќе иде лош период, па пак истото си земам нешто облека и си плаќам станарина тие неколку илјади што ќе останат ќе ги потрошам ваму-таму.
Како фаќаш така бе? Алал да ти е (y) Инаку се сложувам дека кладењето е коцка и тоа голема. Порано кога беше минимална уплата 50 ден. поретко уплаќав, а почесто фаќав. Сега...со 20 ден минимална како си се лажиме..абе ај си викаш за 60, 3 ќе пуштам...па ќе те паднат. Па ќе си речиш...ај да скокнам да пуштам едно за 20 со тие од 8 сато...шо се 20 ден...и дур си се сетил 80-100 ден отишле :tapp: Па ќе си речиш после абе ај место 5-6 утакмици ќе пишам на дубл со 200-300 ден...и така фрлај ги парите в бунар :facepalm:
 
T

templar55

Гостин
Кај кладењето можеш врз основа на добиени информации да направиш логична претпоставка за исходот на некој настан. Ако веројатноста тој настан да се случи е повисок од коефицентот кој ти го нуди кладилницата, тогаш таа бројка има вредност, и ти се кладиш на настанот. На пример играат Јувентус- Парма во Торино. Кладилниците нудат 1.2. Пазарот (бетфер) вели дека вредноста е 1.30. Не се кладам на тоа. Не се кладам ниту на 1.3 затоа што тоа е кладење на настан кој има реален коефициент. Кога би понудиле 1,50 без размислување ќе уплатам. Долгорочно, ако купуваш вредни настани, мораш да бидеш во плус.Тоа се вика value.

Тоа не е коцка, се вика мислење.

Фала богу некој во МК да се разбира од ова. Не секој се разбира од value betting и затоа кладилниците ги тријат рацете. Може денеска ке фатиш 7 синглови ама ако немаат value како што кажа Ставрогин, на долг пат ке го јадеш. Браво, мн добар пост.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Како фаќаш така бе? Алал да ти е (y)
Tреба и многу среќа.
Лига на Шампиони оваа година прво коло фаќам Австрија-Порто Х-2, Марсеј-Арсенал Х-2 Барса-Селтик 4-6 и ја чекам Милан-Селтик 2-3(до 80та беше 0-0, какви голови дадоа Милан ни они не знаат. На 40 уплата некаде околу 5000 имаше. Некоаш си викаш ех да го уплатев за 150-200 кај ќе ми беше крајот, ама ако не испадне...

Пред некоја година Данска-Франција играа финале на ЕП си ја фатив сингл нерешено. Некој ден после, Реал играше кошарка во Евролига, дали со Ефес дали со Фенербахче не ми текнува и таа ја фатив на 19 коефициент, пак нерешено. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom