За власта кладењето е опиум за народот, начин да се канализира негативната енергија од катастрофалната економска ситуација, и плус е стабилен бизнис кој вработува доста луѓе, и од кој државата наплаќа убави суми на име на данок.
Реалноста е дека за власта (било која, пошто непартиски зборувам), најважен е „данокот„ што иде директно во нечии џебови или во најмала рака во „донации„ за предизборни кампањи.
Држава ако мисли на народот едноставно самата би го вршела бизнисот, и парите тогаш сите би оделе во државната каса. Наместо некои бедни 18% проценти (или колку и да е данокот за игри на среќа).
Впрочем целата работа со коцкањето/обложувањето е навистина не е ништо повеќе од собирање на данок на глупост и неукост (како што веќе кажа Бранчез), проста раја ред чека да ги фрли парите, чат пат ќе фатат некоја добивка колку да се лажат да уплаќаат повторно.
Но ако некој инсистира да плаќа солидни пари за минискулна шанса за збогатување, тогаш не можеш да го спречуваш со сила... Но парите нека одат во државата а не во нечии џебови и да се правиме демек и тоа е добро зошто неколку сироти работници се вработени на неодредено време и за минимална плата (тие што воопшто се пријавени како вработени).
Ама алас, забегав во офтопик. Малку да напишам нешто и од аспект на тоа каква е разликата помеѓу обложување до казино тип на коцкање.
Разликата е само во методот на подесувањето на маргината на добивка.
Ако во казината ги местат алгоритмите на електорнските игри, или на постарите аналогни направи (рулет, итн) се подесуваат други финти... тогаш кај обложувањето тоа се прави преку местење на исходот од натпреварите. Ако ги симплифицираме работите и го занемариме методот, резултатот е потополно ист: КУЌАТА СЕКОГАШ ДОБИВА!!!
Единствената разлика е што кај казината заебаната странка е само коцкарот, а кај обложувањто заебани сме сите ние што сакаме спорт. Обложувањето го уништи спортот, и секој што мисли различно е наивен.
Секое обвинување, дека за ова горе нема докази и дека теориите ми се неточни, можам да го насочам кај Окам (и неговиот брич).