- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Местењето на натпревари е уште еден урбан мит, кој се провлекува ник балканскиот кладилничарски живот. Секогаш кога некој ќе промаши утакмица таа мора да е наместена, затоа што се разбира сите фаворити секогаш мора да победат.Ама алас, забегав во офтопик. Малку да напишам нешто и од аспект на тоа каква е разликата помеѓу обложување до казино тип на коцкање.
Разликата е само во методот на подесувањето на маргината на добивка.
Ако во казината ги местат алгоритмите на електорнските игри, или на постарите аналогни направи (рулет, итн) се подесуваат други финти... тогаш кај обложувањето тоа се прави преку местење на исходот од натпреварите. Ако ги симплифицираме работите и го занемариме методот, резултатот е потополно ист: КУЌАТА СЕКОГАШ ДОБИВА!!!
Единствената разлика е што кај казината заебаната странка е само коцкарот, а кај обложувањто заебани сме сите ние што сакаме спорт. Обложувањето го уништи спортот, и секој што мисли различно е наивен.
Секое обвинување, дека за ова горе нема докази и дека теориите ми се неточни, можам да го насочам кај Окам (и неговиот брич).
Местењето на натпревари секако постои, но оние кои најмногу се плашат од местени натпревари се токму кладилниците. Ќе се договорат двајца газди на клубови некаде во Словачка, ќе ја наместат утакмицата, и зијан ќе бидат кладилниците. И најместените натпревари никогаш нема да ги препознаеш. Не се тоа оние кои завршуваат со премини, и со седум плусеви. Најчесто се тивки неприметни резултати од 0-0 или 1-0.
Окам не ти брка никаква работа во дискусијава...