The`bItCh напиша:
Секој за себе. Не можеш да кажеш жените го злоупотребуваат тоа те сакам - зошто не знаат што сакаат, или пак мажите го злоупотребуваат кога ќе го слушнат. Без генерализации.. не се сите жени исти а уште помалку сите мажи..
Со овој цитат сигурно сите ќе се сложите.
The`bItCh напиша:
Секој има потреба да го слушне тоа „те сакам”.. но, постојаното повторување на овие два збора не значи дека стварно го чувствуваме истото. Кај мене магијата на тие два збора се губи затоа што јас ретко ги изговарам, а кога ќе ги изговорам во нив има огромна доза на иронија - да, ги злоупотребувам. Не го мислам тоа, а присилена сум да го кажам само затоа што партнерот сакал да го слушне.. Те сакам нема некое посебно значење, и не е доказ за љубов - има мал милиони работи со кои можеш да докажеш дека си вљубен и дека сакаш.
Точно е тоа дека секој има потреба да ги чуе тие два збора, но подобро да не ги кажам ако не ги мислам, отколку да се кажани само колку ради-реда. И зошто да си присилена да ги кажеш? Кој те присилува на нешто кое не сакаш? Ништо не кажувам само колку да наполнам нечие срце или его, кажувам само она кое навистина чувствувам и мислам. За некој "Те сакам" има и те како големо значење.
The`bItCh напиша:
Само еднаш во животот сум почувствувала потреба да признаам дека сум вљубена, но како да ми застана нешто во грлово и едноставно не можев да го изговорам и премолчев, мислам дека подобро што не изговорив нишо пошо раскинавме само неколку месеци подоцна.
Јас и ова не можам да го сфатам. Си почувствувала потреба и желба да признаеш, но си се сецнала. И што има врска што сте раскинале после неколку месеци? Тебе секогаш ќе те потсетува таа врска на нешто кое не си дозволила да се движи по својот тек. Ако нешто чувствувам, ако личноста навистина ја сакам, ако оценам дека таа личност нема да ја злоупотреби мојата изјава, тогаш не се трудам да го сокријам она кое сметам дека треба да знае.
Да се надоврзам со овој цитат:
The`bItCh напиша:
Кога сум сигурна дека го губам тлото под нозете т.е. дека сум заљубена и дека морам тоа да го признаам, најважно ми е да знам во чии раце оди мојата слобода. За да му признаам на некој дека сум вљубена во него, морам да се осигурам дека и тој е луд по мене и дека не е некој колекционер на „женска невиност”.
Е како ќе се осигураш? Никогаш не можеш да си начисто со нечии чувства, може сето тоа да испадне на крај поинаку, да излезе дека тој воопшто не те ни сакал, а ти си мислела дека е и тој луд по тебе, а не некој колекционер на "женска невиност". Најважно е дали ТИ си сигурна во своите чувства.
Сепак треба и ние да внимаваме кога кажуваме, дали го мислиме тоа навистина.
Сепак, "Те сакам" се кажува на некој кој не го бара тоа од тебе, кој не ти дава чувство дека мораш да му го кажеш тоа, се кажува во оној момент кога нешто од внатре ќе ти каже дека треба да се опуштиш и да сакаш слободно. Лошо е што ако еднаш признаеш, па бидеш повреден, вториот пат ќе се замислиш дали да ги изговориш тие зборови, ќе се плашиш да не ти се случи истото.
Но, тука и од друга страна треба да се гледа малку. Што ако партнерот не е сигурен во твоите чувства, се плаши исто колку и ти, нема храброст да ти признае дека те сака?
Факт е дека "те сакам" влијае некогаш позитивно, а некогаш негативно на врската. Или ќе стане уште подобра од што била, или ќе почне да се движи надолу. Најдобро би било се да биде како во првиот случај, но вториот случај би влијаел лошо на оној кој признал дека го сака другиот.
Точно дека делата кажуваат колку сакате, но ако се одлучите да биде тоа преку "те сакам", внимавајте КОГА ќе кажете дека сакате некого.