- Член од
- 13 октомври 2005
- Мислења
- 525
- Поени од реакции
- 47
Нееееееее !!!!!!!MeToNo1[MkD];531699 напиша:Дали верувате на гатачките .. кои што гледат на карти кафе па шо ти знам уште какви работи ..
Јас да си кажам дека ИЧ не вервуам .. од каде да знае таа баш па .. ама има некои кои што погодуваат .. па шознам сега. .
А баш ми е криво што има луѓе кои им веруваат повеќе ним отколку на Бога.
Причина за верувањето на гатачите, според мене, е нестрпливоста на некои луѓе.
Нестрпливоста ги изгони Адам и Ева од Рајот.
Нестрпливоста им прави зло и на оние кои сакаат да знаат што ги чека утре, пред да дојде утре. Зло им прави бидејќи стануваат површни: полесно им е да прашаат КОГО ГОДЕ за она што ќе биде утре, отколку да проникнат во суштината на нештата, да проникнат во себе и да ги видат своите убави и слаби страни и да размислат што е причината за нивната евентуално несреќност.
А ако им кажат гатачите / гледачите “утре ќе умреш“ ?!
А ако им кажат “утре ќе ти умре детето“?!
Што ќе прават?!